Океј е ама не верувам, сепак. Имам сигурни клиенти со кои сум соработувала со години ама сакам да најдам нови, секако. Ама со неверифицирани акаунти неќам да контактирам без разлика што нудат.
Fiverr не е сигурен не се лажете. Не си заштитен како работник. Парите 2 недели ти ги држат. Искуство мое: Имав клиент, се беше во ред и беше најзадоволен од завршената работа, иако беше за многу ефтино. Плати, остави ревју 5 звезди, супер све. После завршената работа, во тој рок од 2 недели кога фивер ми ги држеше средствата, он фино лепо си направил рефундација, и фивер му ги врати парите. Исто искуство имаат и мои другари. Праќај докази дека е задоволен, дека вика повторно ќе те бара за следен проект, фивер ги заболе. Фивер секогаш е на страна на купувачот.
Фивер е многу сигурен! Работам 8 години на фиввер и имам преку 100 клиенти и 170 проекти. Никогаш не ми се случило. Или не ти го прифатил испорачаното. Значи не е возможен рефунд да бара ако ја асептирал нарачката. Ова што го пишуваш не е возможно. И читајте правила пред да почнете да работите. Нешто не ти е разбрано како пто треба. Немаш искуство не туку дели совети дека фивер е несигурен. Дури и пред апворк би го ставила. Да дополнам. Клиенти од Индија,пакистан и итн не се прифаќа да се работи на било кој од платформите. Избегавајте. Зошто препродаваат. Лажат. Циганска работа. Само клиенти кои веќе се оценети имаат верифицирано плаќање и слично. Други сајтови ви се Guru Peopleperhour
@Cosmi Тоа што тебе не ти се десило не значи апсулутно ништо и нема ти мене да ми кажуеш дали да споделам искуство. Држењето средства 2 недели пишува дека е за buyer satisfaction guarantee. Он може да си ги рефундира во тие две недели ако не е задоволен после автоматското комплетирање на нарачката. И со кенселинг, пред да ја прифатат може да направат кенсел, ти имаш 48 саати да прифатиш или одбиеш, ако не го направиш тоа во тој рок, оставено е на Фивер и ќе ги вратат парите на клиентот.
Па нормално дека ке ги вратат. А ти одговори на барањето за рефунд? во секое време моежш да ги контактираш супортот да ги проверат пораките и испорачаното. Клиентот секако има право да не му се допаѓа,да отвори диспут , да бара рефунд. Има фриленсери кои препродаваат туѓи работи како свои на клиенти. И јас да сум клиент нема да прифатам. Ама ова не го прави фивер несигурен. Затоа ти велам немаш доволно искуство, со една работа која не завршила како што треба да даваш совет дека не е сигурен. Гледам студент си. Значи полека малку,прво скокни па речи оп. Па гледам и за апворк пишуваш. Таму сум 9год. Пред тоа се викаше Одеск,па имаше и Еланс па се споија во Апворк. Значи имаат историја. Не можеш да дојдеш и да кажеш не се сигурни. Девојче,фивер ,апворк и топтал се топ 3 фриленсерски места за работа во светот. Научи па советувај. Зошто некој може да направи пари на фивер ,а читајки те,нема ни да почне. Твојот еден неуспешен проект таму не значи ништо. Инаку и на Апворк одреден период се во фаза на ривју,па после се префрлаат. Кога ќе се префрлат се твои. Сите слично функционираат.
Со клиенти работам 6 години надвор од онлајн фрлиенс компании без проблем, штом стапнав на фивер дојде личност која ја искористи опцијата за рефундација во негова полза и истото дело го стави во негова книга одпосле, поради неодговорноста на Фивер. Чија вина е тоа? Моја? На Фивер секако, затоа што не ги заштитуваат авторите на исто ниво како купувачите. Секоја компанија сака returning money, ама фивер претерано. Сакаш да кажеш дека 2 недели чекање да одлучи купувачот дали е задоволен од цртеж и приказна шо си ги напраил е коректно? Куров мој. Тоа што сите проекти ми биле успешни надвор од фивер, а првиот на фивер е само финансиски неуспешен, но успешен до поента да се објави во книга е доказ дека се неморални гомна. Фивер од мое искуство не е безбедно дури не стават истомерна заштита и за продавачите, ова ти што го зборуваш е чиста магла затоа што веќе е распространето тоа колку работата е злоупотребена таму, ама не сакаш да видиш. Апворк, за разлика, не се делузионални будали ко фивер и фриленсер.
Средно одев тоа што сега го работам, и продолжувам понатаму. И, апворк имаат отстапувања, не се иста платформа.. ама очекував дека ќе ги ставиш во ист кош затоа што не дочитуваш.
Модератор: @Jane Doe. ја банирав во темава. Ве замолувам да не се служите со навреди за да не морам да ве бришам. Ви благодарам за разбирањето
Zdravo. Na Upwork ne e free, se plakja chlanarina isto I na people per hour ..I jas baram rabota od doma ..nekoj sajt da ne znaesh za frilenser shto e free ..? Me interesira data entry .! Fala.
Design&branding Textile pattern design Illustration Имам опфатено повеќе категории. Што повеќе скилови тоа повеќе работа,добро портфолио и упорност.
Здраво,завршив курс за front-end (HTML,CSS,JavaScript,Bootstrap,SCSS,Wordpress) програмирање и моментално сум студент на ФИНКИ па доколку некој нуди пракса или работа нека ме контактира во порака.