Ќе им образложиш зошто и поради кои причини ја качуваш цената. За да ја качиш ти треба аргумент, да му докажеш дека поради тоа и тоа цената е повисока за тој да работи до тебе во иднина. Цена не се качува од памет.
Дечки Кажете совет за Upwork Прво година дена чекав да ми го потврдат профилот сите видеа ги изгледав ставав цв, мои проекти, искуство работно и ајде после 1 год ми го потврдија конечно можам. Почнав да бидирам и одеднаш Немаш веќе за бидирање ме ставија оффлајн да си купам ако сакам за да бидирам. Па јас да имам пари да купувам од нив нема работа да барам Купувате ли бидови? Што би ме советувале да правам? Иначе бидирам за:Article writing translation copywriting ...и работи поврзани со Логистика транспорт итн Фала!
Конектите веќе година дена се купуваат, не следуваат бесплатни секој месец за жал. Така да ќе мораш да купуваш ако сакаш да работиш, не се откажувај. Во секоја работа мора да вложиш за да добиеш. Прост пример, ако сакаш да бидеш возач мораш да вложиш во возачка. Така и ова, гледај да аплицираш на проекти каде што си меѓу првите, и не ги гледај парите на почеток. Сите сме почнале за ''џабе'' па понатаму се надградуваш. Погледни ги назад страните што сум пишувала ќе ти биде појасно. Ти посакувам среќа, и да успееш.
Важи не знаев дека е новитет ова со купувањето Читав да што сте пишувале веројатно ќе треба уште да бидирам за да добијам нешто па ќе видиме. Работев преку Freelance.com претходно беше мноогу полесно. Ајде се надевам ќе се пофалам со работа наскоро
Како што ти кажаа погоре, конектс се купуваат веќе една година. Јас лично досега не сум купила затоа што сум немала потреба. Но мислам дека не се нешто многу скапи, разгледај околу цените на страната на UpWork. Наводно им е политика да се намали конкуренцијата, но јас искрено не гледам баш голема промена. Купи си конектс и започни да аплицираш на огласи но прави го тоа внимателно - не аплицирај на било што и кога веќе аплицираш, гледај да е работа што те интересира и сметаш дека можеш да ја завршиш.
Фала многу така и правев аплицирав каде што би била прва за newbies ама среќа 0 . Ќе почнам да купувам конектс и ќе видиме
Надежно ми е тоа вака ми изгледа како да ќе ми треба уште цела година да дојдам до работа. Ако е за месец супер ми изгледа тоа
Најбитно од се на почеток е да аплицираш меѓу првите. Гледај да пишува less than 5 или less than 10. Тогаш се зголемува шансата за добивање на проектот. Секако и cover letter е битно, треба да го убедиш клиентот зошто си ти најдобар за тој проект и тоа е тоа нема многу филозофија.
Луѓе дајте помош. Досега имам пуштено над 10 proposals. Немам одговор на ниту еден. Имам работено само една работа до сега, што значи имам еден ривју. Доколку некој што работи data entry, data research, topic research, converting, Ве молам за искуство. И секако, ако бараат луѓе за работа, слобдоно пишете ни тука во форумов. Дајте малку да си помагаме едни на други.
Биди упорна, може на три работи да аплицираш и сите да ти вратат, а може и на 20 и ништо. Некогаш и покасно знаат да вратат, дури и после месец дена. Нема правила. Можеш да пробаш и со пократки, ако ти се долги може и да не ти ги читаат. Само не спамирај со исти proposals, менувај ги и пишувај конкретно во врска со работата, во спротивно може да ти биде баниран профилот.
На тие што сега почнуваат ќе ви дадам само совет ,да истражувате,да се надградувате,и во слободно време да си ги усовршувате вештините. Ако немаш никаква вештина,не се трудиш да научиш и не си упорен,ништо од оваа работа. Прво ќе прочитате правилата,па низ нет како се аплицира,зошто,на готово нема ништо,нема една работа да фатите. Фокусирај се на едно поле прво. Не можеш и едното и другото . Кога би ангажирала некој тоа би бил некој кој не работи се и сешто туку има вештини во едно поле. Ако се плеткаш во милион полиња значи не си професионалец во ништо. Друг совет,почни да плаќаш членство. Нема да станеш невидлив никогаш,и ке ти се префрлаат непотрошени конекти за нареден месец,јас редовно плаќам, во моментов имам 210.
Дечки, добив понуда, прифатив, има договор. Работам на проектот. Прва ми е - за тие што прашуваа - после 15тина дена ја добив. Дел по дел ќе ме плаќа, има Milestones. Претпоставувам дека е тоа како ќе му приложувам проект, така ќе ме исплаќа? Е сега гледам во договорот - Milestones paid и има Submit work for payment? На секој Milestone да праам Submit work for payment или на крајот од проектот? Дали им барате да ви напишат review откако ќе сработите или сами го прават тоа? @Cosmi ќе те тагнам за да видиш ако знаеш да ми одговориш. Секој друг совет е добредојден.
Не мора да поднесуваш преку тоа submit work. Јас им праќам атачмент во пораката кај што комуницираме, па го покриваат milestone сами. Ама и тоа веројатно зависи до клиентот, може да си прашаш како преферира твојот. Ривју ќе ти даде сам кога ќе го затвори договорот. Некогаш ништо не пишуваат. Можеш кога ќе ја испратиш задачата и ќе рече дека е во ред, да го замолиш да ти даде искрено ривју кога ќе затвори. Сепак ти е прва работа и тоа најмногу ќе ти значи. Со среќа!
Проектот ке ти биде платен во milestones.(во делови) Пр.ке сработиш делот ,ке го испратиш во порака,тој ке одобри Milestone ,ке уплати за нареден Milestone,ке го пратиш ,ке го одобри. Колку milestones има предвидено? Submit work for payment само ако се заборави да го одобри,тогаш автоматски после 15 дена се одобрува од апворк. Ривју обично сами пишуваат кога ке го затворат договорот,а и ти оценуваш клиентот.
6 се вкупно. И мислам дека овие ми се пробни, сега прочитав дека е отворен и за понатамошна работа. Ако постои нешто како пробен дел воопшто ама така се осетив. Супер е клиентов за комуникација. Проштимавме ептен. Фала на инфо.