1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа на Odesk (Upwork)

Дискусија во 'Барање работа' започната од yo lee, 3 април 2016.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.688
    Пол:
    Женски
    Супер,со среќа(fingers)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  2. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Имам прашање до поискусните, дали proposal може да се праќа како template секако прилагодено за работата која се аплицира или мора секогаш да се пишува одново за секоја работа?

    Дали имате предог за како треба да изгледа proposal letter, дали треба да е поформално или пак да биде по "другарски " да речам?

    Имам до сега аплицирано на повеќе работи, ама немам успех до сега, не сум почнала ни со прв проект. И исто сакав да прашам дали мора да се праќа портфолио на работодавачот, што да се прави доколку немаме претходно искуство за работата за која аплицираме, и нема што да приложиме?
     
    На Оленка* и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.688
    Пол:
    Женски
    Proposal треба да биде адаптиран на проектот, професионален.

    Портфолиото е најбитно според мене.
    Ако немате,направете работи кои може да ви стојат во портфолио.
    Кој би дал работа некому а да нема појма како работи,на зборови никој не дава работа.
     
  4. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Значи да си спремиме нешто претходно иако го немаме навистина сработено за некоја фирма/проект туку чисто како приказ што би работеле?
    И дали во proposal-от е океј да се обратиш со име на работодавачот или сепак поформално?
    Прашањето ми е дали да биде пристапот на proposal-от не толку формален со цел да се претставиме пријалски, или пак поформално за да оставиме професионален впечаток (не дека ако е попријателски не сме професионални)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Никогаш немој да праќаш додека не ти го исплатат milestone, јас се зафркнав така мислејќи дека клиентот е добар и отиде без да ми исплати $200 кои што ми беа испланирани за многу работи кои ми требаа. Немојте никогаш да се ослонувате на клиентот дека е добар. Можат само да глумат многу добро и да се фатите во мрежата. Ти посакувам многу среќа. :)
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Фала на совет.
    Му испратив и одма имаше исплата.
    Ќе бидам претпазлива.
     
    На tina2018, LivingGlam и Lima24 им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Здосадив.
    Пак јас.

    Дали сте добивале понуди без да аплицирате?
    Клиентов е со добар ривју, verified payment.
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Да, ќе имаш и такви понуди.
    Сега аплицирај си, имаш поголеми шанси да добиваш работа. После имаш левели - rising talent и top rated, а најново и top rated plus и expert-vetted.
    Работи си и ќе го стигнеш првиот, па ќе има и понуди без да бараш.
     
    На Cosmi и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.939
    Пол:
    Женски
    @Lima24 дали би можела да ми пишеш лп да те помалтретирам малку околу ова, заклучено ти е сандачето :wasntme:
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.688
    Пол:
    Женски
    Ова не е точно.
    Не е возможно да не се исплатат,ако се фундирани.
    Кога ќе уплатат веќе ги има Апворк,ако тој исчезне,кликаш субмит и Апворк ги ослободува по автоматизам за две недели.
    Никогаш за овие 6 год.не ми се случило да не ми исплатат.
    Ако уплатил milestone,нема никаква опасност и не можеш да ги изгубиш парите.
    Ти веројатно си испратила пред тој да уплати пари за milestone.
    @TeddyGrey
    Ако е уплатено ,немаш гајле.
    Понуди ќе добиваш.
     
    На LivingGlam и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Милестоне уплаќаат кога ќе заврши претходниот милестоне. Не ги ставаат сите пари наеднаш. Затоа кажав додека не се парите на страната немојте да праќате со надеж дека е добар клиентот.
     
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Дали може да се преќине веќе започнат договор? Не сакам да ја доработам работата а и клиентот ми смета..
     
  13. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Може ама имај во предвид дека Job Success ќе ти се намали ако го затвориш ти договорот. Не ризикувај ако не е уште многу работа.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  14. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    На крајот сме ама клиентот не враќа многу брзо и една работа веќе три месеци ни се влече, исто и јас почнав да не му враќам одма туку по неколку дена и сега ми е страв и на ревјуто да не ми стави лоша оцена а ме измачуе, се нешто не му се свиѓа.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    И јас имав таков, и го затворив договорот и job success ми падна на 85%.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да се однесуваш професионално, без разлика како тој се однесува со тебе. Како и тој, така и ти, на крај ќе имаш опција да оставиш фидбек. Тука ти е шансата да си кажеш што имаш за да знаат што ги чека неговите идни потенцијални клиенти. Вложи труд и истерај ја работата до крај. Во меѓувреме, можеш да му пишеш порака, објаснувајќи дека сакаш работата да се заврши што побрзо, притоа наведувајќи валидни причини (на пример, имаш останати проекти кои те чекаат, имаш обврси на факс, и слично, па и измисли ако треба) ама нека остане на тоа да сработите до крај. Тебе секако не ти менува многу дали ќе трае месец, два или три. Секако тука е прашањето околу парите кои на секого му се потребни, но како што си истрпела досега, пробај истрпи и понатаму.

    А доколку си Тop Rated, постои опција да го избришеш неговиот фидбек. Тоа би значело да го затвориш договорот и во случај да ти остави негативен фидбек (што верувам дека ќе се случи ако затвориш договор на несработено), да им пишеш на UpWork (за ова не знам точно како оди постапката бидејќи никогаш не сум го направила но можеш да истражиш малку повеќе) и тие да ти го избришат фидбекот. Е сега, не знам дали сеедно ќе ти се намали job success само поради тоа што ќе го затвориш договорот ти самата или сепак се зависи од фидбек. Не се сеќавм дали сум имала слична ситуација па да можам да дадам подобар одговор.
     
    На 1209 и raww им се допаѓа ова.
  17. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Моментално ова ми е втор проект и е исто од првиот клиент што го имав, е сега бидејки најверојатно и он ќе ѓи пише негативен фидебек, може и нема, не знам, сакам да се договориме некако да ми остави позитивен... првиот пат кога работев со него многу добра комуникација имавме и за две недели завршивме а сега 3 месеци ме фати и тоа за ич пари...
     
  18. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Пиши му и замоли го за позитивен фидбек на крај. Особено ако ти е втор проект на целиот профил, објасни му колку би ти значело, потсети го на минатиот успешен проект, понуди се за идни проекти (иако очигледно е дека не би прифатила штом е ваков случајот, барем јас не би) и сл. Се надевам дека добро ќе испадне се на крај, ти држам среќа:hug:
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Кај се гледа тоа Succes rate?
     
  20. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ако си Top Rated и им пишеш да го избришат фидбекот. Тогаш ќе ти стои на профилот дека за тој проект фифбекот е избришан. Размисли како ќе те гледаат идните клиенти, сигурно има причина штом си го избришала... или лоша оценка или лош коментар. Подобро нека ти стои и ти ќе напишеш лошо и тој за тебе лошо па ќе видат идните клиенти дека не сте се совпаднале.
    Job Success се гледа кога ќе влезете во профилот. Број со проценти се и сина линија под него.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.