Здраво дечки, Работам на Upwork веќе 3 години, последнава full-time. Неодамна постигнав статус Top Rated Plus и многу добро го познавам Upwork. Доколку имате било какви прашања би можел да ви помогнам. Од друга страна пак ме интересира дали некој има искуство со плаќање данок кај нас? Досега користев Payoneer, но не ми се допаѓа што премогу зависам од нив. Дали некој пробал wire-transfer за исплата од Upwork? Има дел во законот кај нас за намалување на данокот до 50% ако инвестирате назад во самостојната дејност, што значи ако треба да платиш 500$ данок, можеш 250$ да ги инвестираш во делови за компјутер за работа и сл. и да платиш само 250$ данок. Знам дека пршањава се специфични па доколку знаете и некој адвокат што се разбира во темава препорачајте, би сакал да се консултирам.
Купуваш нови со парите што ги имаш во balance или со картичка. Кога ќе ги купиш траат цела година и префрлаат од месец во месец, еве ги цените подоле.
10 се многу малце за почеток, пуштај по неколку дневно 2-3 недели Јас така правев на почетокот. Пробај да аплицираш на работи кои се професионално напишани и самиот Job Post е долг. Голем дел од луѓето ги мрзи да ги читаат, и аплицираат на кратки, ниско буџетни. Овие клиенти што постираат кратки (речeница, две) не профисионално напишани Job Posts нема да се замараат да ти го отворат профилот да видат што нудиш, како ти е напишан Proposal-от и сл. Оние што се измачиле да напишат големи, детални Job Posts, подетално ќе ги разгледаат сите што аплицирале. Во Proposals обавезно користи детали специфични за конретниот Job Post и биди friendly. Другите работи што ги спомнаа претходно се исто така многу битни.
За да користиш ослободување од самостојна дејност, треба да си и регистриран како занаетчија, трговец - поединец, земјоделец.. За жал, кај нас сѐ уште не е регулирана фриленс дејноста, иако ги има сите карактеристики, како и за сѐ друго, ќе чекаме последни. Моментално, твоја "обврска" како граѓанин ти е да пријавиш приходи (ова иде под ставка други приходи) и да си плаќаш 10% персонален данок. Јас како фриленсер, во иднина планирам сам да се вработам (ќе регистрирам Дооел или преку друга фирма) и да си плаќам придонеси само. Како лице кое само се вработува при регистрација на фирма, постои можност да бидеш ослободен од персонален данок и да се плаќаат само придонеси.
Пробај со различни вештини, колку што знам не примаат со data entry, research. Најди нешто што ти е најблиску, а се бара. Откако ќе те примат, можеш да си аплицираш на што сакаш.
Како што ти одговорија веќе, можеш да основаш друштво како занаетчија, тој тип е ослободен од дел од даноци и придонеси ама заборавив кои беа точно деталите, ама можеш тука да си прочиташ. https://zkomora.com.mk/ Исто прати ги активните мерки на аврм, нудат различни периодично може некоја од опциите да ти одговара. Од аспект на payoneer и wire transfer јас мислам пак најоптимално ти е да продолжиш payoneer да ги користиш пошто ние како земја немаме толку опции на располагање додека не ни дадат paypal, а за да си ги пријавуваш парите и да плаќаш даноци и придонеси никој не те спречува да ги префрлиш на сметка тука и да си ги пријавиш во ујп. Wire transfer има доста поскапа провизија зависи од износот но може да е и накај 30, 40 долари по трансакција. Колку е точно можеш да видиш во тарифите на банките, објавени им се на сајтовите.
Фала! Претпоставував дека има некоја фора Инаку мислиш дека сега нема да помине да регистрираш Дооел за некои од овие услуги што ги најдов на zkomora.com.mk? Секако Upwork не дава информации во која дејност работиш кога ги праќа парите.
Фала ти, ќе ја прочепкам странава Да не знаеш случајно колку би чинело да се регистрираш на овој начин? За wire transfer добро ќе беше да беа само тие 30$ 30$ ти зема само Upwork во старт (пишува на страната) после тоа секоја банка низ која поминуваат парите зима дел. Може да фати до кај 80-100$. Да, Payoneer зема 23$ на извадени 30.000 ден од банкомат (мах. кај нас) Но покрај ова со wirecard имав и други проблеми со картичката, не ми се свиѓаше како го решија проблемот и не планирам да ги користам.
Можеш да ги префрлиш од Пајонир со трансфер во наша банка на девизна сметка . Тогаш зема 15 $,ама тогаш треба да уплатиш данок. Ако стојат 5 дена да не ги подигнеш,нашите банки не земаат денар. Ослободување на данок има 40 и 50 % на уметнички дејности. Освен летово што имаа проблем пајонирот работи одлично.
Дали лично го имаш пробано ова? Јас пред една година пратив од Payoneer со wire transfer на Девизна USD кај нас. Народна банка го блокираше трансферот бидејќи имало закон кај нас дека не смееш да имаш банкарски сметки во странство. Моето име стоеше на двете сметки и месец дена парите беа замрзнати. 15$ провизија може зема само Payoneer , Провизијата беше околу 90$ На крај го вратија трансферот назад..
Не важи веќе ова. Го смени Народна банка,уште лани август. Јас во Тутунска банка сум,нема никаков проблем. Оди во банка ке ти објаснат што треба да доставиш од Пајонир. И да толку чини провизија.
@Pixelart околу данокот, јас правам пресметка на страната ПДД на ујп --- https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam. Се пријавува од 1ви до 10ти во месецот, а до 15ти се уплаќа за претходниот месец. За приходи од странство дава опција да ги внесеш примањата во странската валута (EUR, USD) и пресметува колку е данокот (10%) во денари според курсот на датумот кога е извршена исплатата. Ја праќам пресметката, ми стига пин на мејл за да потврдам. Откако од УЈП ќе направат проверка генерираат рекапитулација, на која има пример уплатница (образец ПП53) со фолио број, со кој се уплаќа. Јас уплаќам електронски, за да се гњавам по банки. Е сега околу банките, јас сум на НЛБ. Не запираат никаква провизија за прилив од странство, освен 30 денари месечно за одржување на девизна сметка (исто како и за одржување на трансакциска во денари нели што има секаде во банкиве). Е сега, пошто е wire transfer се јавуваат повеќе странски банки "посредници" во SWIFT мрежата, низ кои поминуваат средствата пред да легнат на домашна банка и тие запираат провизија. Mакс.15евра досега странска провизија ми запреле (во Еур валута ми исплаќаат, не сум преку Upwork, ама мислам дека и во долари горе долу толку е). E сега, преку Upwork веќе ти пишале и погоре дека од таму има 30$ провизија, башка рачунај си сите овие меѓубанкарски глупости што јас ги спомнав погоре. Откако ќе стигнат средства добивам известување од НЛБ, само првиот пат појдов да потпишам образец 743 за распределба, после им кажав дека и наредни месеци од истото место ќе имам приливи и сега ми ги распределуваат без да се појавам во банка. На други банки во МК не знам како е, сум слушнала дека и Комерцијална ја фалат многу. Ако сакаш да регистрираш ДООЕЛ, треба да пријавиш претпријатие во централен регистар, за да добиеш даночен број ЕДБ со кој ќе бидеш регистриран како даночен обврзник во УЈП (како физичко лице фигурираш со ЕМБГ). Мислам дека некаде прошитав еднократен надомест за да регистрираш фирма е 15000ден. Исто и во банка сметка на правно лице ќе треба да отвориш (можно е да имаат други услови за провизии и камати, различни од тие што важат за физички лица). Рачунај дека како физичко лице ќе бидеш самовработен во претпријатието, па за да префрлиш плата од сметка на фирмата на своја сметка, ќе треба покрај данокот да ги подмириш и другите придонеси (пензиско, здравствено и се останато). Ме мрзеше цел закон да го читам, ова го најдов, ама ако е вака т.е. ако јас добро разбрав на два пати плаќаш данок, еднаш како претпријатие за вршење на самостојната дејност и еднаш за да си пратиш плата на себе како самовработено лице. Ако има некој фирма нека пише подетално како е процедурата.
Да, можеш да си регистрираш било која дејност како Дооел, меѓутоа под самостојна дејност спаѓаат занаетчии, фризери итн и тие не се регистрирани како Дооел, туку како Сзд. Општо Сзд како форма не е баш приспособена или наменета за работење со странство, и тие и Трговец поединец одговараат со цел свој имот, додека кај Дооел/доо си постои општа клаузула за бизнис,можеш и трговија и услуги во исто време, дури и повеќе дејности. Во врска со плаќањето преку Пајонир, нема да можеш да ги префрлаш парите на сметка на фирма, или би било комплицирано со Нбрм, ќе треба на крај дупло даноци да плаќаш, и како физичко и како правно лице (фирма). За ова најдобро решение е да се договориш со клиенти да ти плаќаат директно на фирмата на девизна сметка, надвор од Upwork, или да си ги внесуваш како позајмица.
За што точно мислиш да е приспособено занаетчија за работа со странство? Претпоставувам целата поента ти е да си го пријавиш приходот за да ти тече стаж и за да имаш пензиско и здравствено итн. Ја ко што гледам главниот проблем е што одговараш со сиот имот, друго зависи за што мислиш да го користиш.
Зошто мислите дека е проблем тоа што “одговараш со целиот имот“?! Ако мислите да си работите законски и ако фирмата не ја отварате за “далавера“ нема зошто да се плашите од таа клазула, впрочем треба да знаете дека за “дооел“ и “доо“ имате поголема фирмарина со некој 4 - 5 пати поголема од онаа на “тп“ (зависно од општината) исто така при отварање на самата фирма си плаќате проценител и адвокат кои чинат 7000+ денари додека за “тп“ тоа го немате, поготово пак ако се бавите со некоја продажба на услуги онда “тп“ е идеално.
Па да и јас така мислам, сега со големи фирми со разни добавувачи со комплексни договори може се нешто да настане, ама вака сам за себе не би требало да има такви ризици. Мислам дека генерално на луѓето тоа им е некоја иницијална кочница бидејќи незнаат што да очекуваат па затоа го крстив како проблем, ама реално не треба да е, барем не за самовработување.
Фирмарината е иста за сите, освен за фирми со над х број вработени, а висината на сумата е различна по општини. Поентата ми беше дека се наменски и специфични дејности, не се секаде добро поставени условите за нив, иако имаат некои бенефиции, во пракса и во регулацијата се запоставени и за наједноставни работи по институциите и банките се соочуваат со правни сопки и компликации поради некоја општа неажурност која владее кај нас. Добри се во однос на даноци и давачки, бидејќи се тоа се дејности кои работат главно со кеш, и не се ни пријавува. Меѓутоа, во однос на даноци, би биле далеку понеповолни кај дејности каде секој приход оди преку сметка. Со Дооел си ослободен од данок на добивка со приходи до 3.000.000, додека ТП плаќа 10% на сѐ. Инаку проценител ти зема 6000 ден., адвокат може и до 15000 да наплати за регистрација, додека сметководител ти регистрира бесплатно ако продолжиш со услуги кај истите. Беше и најавено дека фирма ќе може да се основа со 1 евро основачки влог, така да во иднина ќе нема да има потреба од проценител. Ако ме прашува мене некој (никој не ме прашува), регулирање за фриленсери е одамна закаснето кај нас. Ај што не постои ниту ставка кај персоналниот данок, туку се водат под други и останати приходи, фриленсери се невработени лица, а може и да се сонува за ослободувања или бенефиции, не дај боже да бидеме во тек со светски трендови.
има разлика и во фирмрината, еве ке ти кажам за споредба, кај нас тп плаќа годишна фирмарина од 1500 ден додека доо и доел 6000ден.