1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа на Odesk (Upwork)

Дискусија во 'Барање работа' започната од yo lee, 3 април 2016.

  1. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Некој активен на Upwork да ме упати кои skills да ги ставам за да ми го одобрат профилот?
     
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Пребарај топ фриленсери на страната кои ги имаат ставено, се разбира од твојата област која би ја работела. Дури и да имаат вештини кои ги немаш, а би можела да ги совладаш во иднина стави ги на твојот профил.

    Не ставај data entry, web research, за со овие знам дека сигурно не примаат.
     
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    А пример дали после би можела да ги избришам тие skills без да ми направат проблем?
     
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Мислам дека се менуваат. Не би требало да има проблем.

    За секој случај не ги менувај веднаш и често. Знаат да банираат за секакви работи и менуваат услови често , прочитај си убаво.
    Гледај да ти го одобрат профилот, после можеш да аплицираш на било кои работи.
     
  5. NenaA37

    NenaA37 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Дали е возможно да не ми ги прифаќаат понудите заради тоа што се уште немам поставено
    payment methods?
     
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Машки
    Дали уште некој има проблем со верификација со Payoneer?
    Ме одбија со личен документ поради старост повеќе од 1 година...
    Извештај од банка му завршило ли на некого работа?
     
  7. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Потребно е да доставиш личен документ не постар од 3 месеци ако не грешам. Многу луѓе завршија работа со сметка за телефон или било која што стига на нивно име. За извештај од банка не знам, ама не гледам зошто не би го прифатиле ако не е постар од 3 месеци.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Ок е извештај од банка, можеш и онлајн да го спуштиш во пдф. Само да има име и адреса на него.
     
    На tina2018 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.699
    Пол:
    Женски
    Јас имав.
    Прв пат, Сметка од телефон не ми прифатија.
    Втор пат, Извод од тутунска не прифатија.
    Трет пат ,ми прифатија сметка од струја што е на мм.
    Зависи кој ке ти се погоди од агентите .:|
     
    На tina2018 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    На Тутунска адресата ја пишуваше на кирилица, а остатокот од изводот на англиски. Спуштив извод на англиски во пдф од Стопанска, го прифатија.

    Којзнае што прават. Само знам дека напоменуваат за адресата, мора да се гледа и да е иста со таа на која ќе се доставува картичката.
     
    На tina2018 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Нема врска ако е на кирилица. Си имаат преведувачи они таму, ќе си средат на крај. Само битно е, како што кажа, да е истата адреса на која се води картичката и документот да не е постар од 3 месеци.

    За сите кои активно работите на UpWork, би ви препорачала да се зачлените во оваа група на ФБ. Можете да прашате што ве интересира и да читате интересни мислења. Некогаш има и огласи за работа кога повеќе фриленсери се здружуваат и формираат фирма па бараат некој да им се приклучи на тимот.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Машки
    Фала ви девојки. Спуштив пдф извештај од НЛБ и го пратив него, па ќе видиме што ќе бидне.
    Ме зачуди што еден дечко на ИТ форумот имаше пишано дека му ја одбиле и неа (и на англиски, и на македонски), па ме зачуди малку. Сметка немам на свое име, затоа прашав дали има некое друго решение.
    Изгледа, се што останува е да чекам и да се молам дека ќе е океј.
     
  13. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Во најлош случај, единствено ти останува да префрлиш некоја сметка да стига на твое има. Или тоа или да вадиш нова лична карта. Ама тоа во периодов и не ти го препорачувам ако не е неопходно. Со среќа!
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ParadisePink

    ParadisePink Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Јас имав проблем со верификација. Личната карта ми ја одбија и тоа чекав 1 месец. На лична карта имам ја имам адресата од татко ми, ама живеам со мајка ми на друга адреса и на Peyoneer ми е новата адреса.

    Кога ми ја одбија личната карта, пратив сметка од Телекабел која е на мое име и им пишав на чат за да видам дали е океј и ако може да се убрза работата да не чекам пак месец дена.

    Агентката на чат ми рече подобро било некоја друга сметка како гас, струја или вода. И пратив од парното и ѝ напоменав дека е на име на мајка ми и дека имаме исто презиме.

    После една недела добив меил дека сакаат additional information затоа што сметката не била на мое име (wtf напоменав дека е на име на мајка ми).

    Пак ги добив на чат и на агентот му ја кажав ситуацијата. Ми рече дека кога сметките не се на наше име, барале rental agreement. И пак му кажав дека станот е на име на мајка ми, а јас живеам со неа. И ми рече да пратам сметка на мое име. Ја пратив таа од Телекабел (за која минатата агентка ми рече дека обично не прифаќале). После неколку дена ми стигна меил дека сум верифицирана.

    Конкретно за извештајот од банка, гледај да има адреса зошто за тоа е целава фрка.

    Инаку веќе стварно претеруваат, во последно време барам друг начин за исплата од Upwork...
     
    На tina2018, Mikha4, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    И јас им пратив сметка од Евн, на име на мажот ми, знам дека во опциите имаше да закачиш договор за кирија доколку е на различно име, а не можев да најдам ниту чат, ниту агент, а на форумот не ме ни логираше.
     
  16. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Пред да праќате документи, пишете им на поддршката и објаснете им ако немате сметка на ваше име. Ќе треба да им пратите од вашите родители под услов да имате иста адреса. Не трчајте да прикачите документи постари од 3/6 месеци автоматски ќе бидете одбиени.
     
    На Billy Idol и Mikha4 им се допаѓа ова.
  17. ParadisePink

    ParadisePink Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    За да ги најдеш на чат напиши на google, peyoneer chat support. Поинаку и јас барав и немаше.

    Потоа само се најавуваш регуларно на сметката и те носи на страна да избереш за што ти треба поддршка. Избери било што.

    Ќе ти отвори нов прозорец и таму има тајмер за отприлика колку време ќе добиеш агент. Во последно се чека прилично многу... Јас околу 40 минути чекав првиот пат, а вториот околу 20.
     
    На Billy Idol и Mikha4 им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Што направи, ти одобрија?
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Машки
    Ништо, чекам. Не сум пишал на сапортот. Ако ме одбијат со извештајот, ќе им досаѓам после за сметка на име на родител.
    Гледам го тргнале и дедлајн датумот за верификација, а картичките си работат без проблем, па не чепкам каде што нема (сеуште) проблем. :D
     
    На LivingGlam и Mikha4 им се допаѓа ова.
  20. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство со плаќање надвор од Upwork? Имено, аплицирав на еден оглас, ми пишаа во порака и понатамошната комуникација се водеше преку мејл. Ме примија во нивната фирма, се работи преку нивна платформа и со нивен tracker за работни саати и велат дека плаќањето оди директно на банкарска сметка, но тоа е против правилата на Upwork. Им пишав на фирмава дека доколку ме плаќаат надвор од Upwork можно е да ми го банираат трајно профилот, што не би сакала да се случи, но ме интересира дали имате вакво искуство и како е најдобро да се постапи со цел да не дојде до траен бан од страна на Upwork? Моментално (и воопшто) немаме contract на Upwork.