И јас размислував на тој начин, дека нема како, ама сепак сакав да прашам за секој случај ако некој има слично искуство
Ако не сте пишувале ништо на апворк што би можело да ве издаде тогаш слободно работи си без да сe секираш
Ти благодарам, ми имаше само пишано да ја контактирам на мејл за да сподели повеќе детали за работата дали ми одговара. толку од комуникацијата. Се надевам ке биде ок
Само внимавај многу и не праќај финални проекти се додека не ти исплатат. Кога работиш надвор од Upwork немаш payment protection и никаква гаранција дека ќе ти исплатат. Исто така мислам и дека имаше некој проблем при уплата дирекно на peyoneer сметката затоа што на картичката пишува дека е набавена преку Upwork. Исто и Peyoneer имаат воведено неиои плус прптоколи за исплаќање ако не е преку Upwork. Добро информирај се пред да почнеш со работа.
Нема врска тоа дека ќе имаш проблем поради тоа шо била картичката преку апворк, јас имав 2 пати исплата од сосема други клиенти па немаше никаков проблем. Истиот ден ми легнаа парите.
Еее баш супер чим нема врска што е поврзано со Upwork. Мада, пред некој ден баш читав на Ит форумот дека им барале дополнителна верификација и на клиентите сега откога ги заострија правилата... Имаш искуство со ова?
Оваа фирма ме исплаќа директно на банкарска сметка, веќе ме внесоа во нивниот систем, добив и мејл адреса од нив, така да се надевам дека ќе биде во ред
Мејлот ти го напишаа во порака на Upwork? Не знам ,пази се,имаше банирање на вакви членови. Кои воспоставиле комуникација и за да избегнат плаќање преку Upwork си работат надвор од платформата. Да не се чудиш ако те банираат. Имаат можност и да влезат во пораките и директ9 да те банираат. Маса на Срби беа за исто банирани. Јас лично не ризикувам статус за такви проекти.
Не е проект, full-time работа е, ми се укажа убава шанса па затоа и прашав за искуство доколку некој има слично. Јас не ни вратив на пораката на апворк, ако оваа воопшто има врска за комуникацијата
Да имавме комуникација преку мејл, откако се распрашав убаво за условите, начинот на работа итн, прифатив, па ми направија мејл од нивната фирма, имаат своја платформа, ме додадоа на Teams каде се сите вработени, споделија видеа снимени од нив со инструкции за работа и начини на користење на платформата. Инаку денес почнав со работа, а исплаќаат два пати во месецот. Мене ми звучеше океј сето ова
Може ќе бидат океј. Но самиот нивни начин да бараат фриленсери преку Апворк,а да ја избегнат платформата не е океј. Затоа само внимавај,сешто има по светов.
Да, фала на одговорите. Се надевам ќе биде океј, во спротивно секако ќе прекинам доколку има нерегуларности за исплата и слично
Чим си ги срчнала и си се уверила, добро е. Порано имаше доста овакви фејк профили кои бараа работа надвор од платформата да им завршиш и не ти плаќаа. Од искуство ти зборам. Се отепав работејќи на проект исто пола месец, а сакав да се осигурам да ми платат одма после првиот мајлстон (4-5 работни дена) и ми смислија некоја приказна дека не можеле така. Од тогаш веќе имав практика да не прифаќам такви понуди и работам на платформата додека клиентот не ми беше веродостоен доволно, па се префрлавме приватно. Сега скоро скроз го имам напуштено Апворк и само работам со постојаните контакти или по нивна препорака. Ептен некогаш ако немам работа, аплицирам таму. Еднаш кога ќе се изгориш, и на сувото ќе дуваш после.
Да и јас сум скептична, но овие имаат вебсајт со reviews, налетав и на портали што ги објавувале и ред други работи па ми изгледаше океј ќе видиме како ќе биде кога ќе дојде време за прва исплата ако не испадне добро, секоја грешка е лекција
Едно прашање до сите искусни со апворк.. кој начин го користите и кој начин е нај добар за префрлање на пари во мкд, и дали payoneer е добра опција?
И јас сум со слично прашање ко погоре. Имам стара Пејонир картичка од пред 5-6, може и 7 години, но немаше никакви приливи на неа, па потполно и ја заборавив и не ми стигна никаква замена, веројатно поради тоа што виделе дека старата нема активност. Сега земав да аплицирам за нова поради Апворк и гледам дека оди преку нив и ми бараа ИБАН и СВИФТ да внесам. Порано не беше така, директно од Британија стигаше за 7 дена и беше самостојна, без да бара поврзаност со твоја постоечка сметка. Значи ќе треба да одам до Тутунска да отворам трансакциска за долари и да им побарам кодовите? Можеби има нешто што не сум разбрала? Може да запалите по една свеќа за мене, имајќи ги предвид гужвите по банкиве...