Нема правило тоа, гледај да направиш убаво cover letter и да ги убедиш дека ти си таа што нив им треба за проектот да биде успешен. Не се откажувај. Со среќа
Здраво, сакам наскоро да почнам да учам и да заработувам преку интернет па ме интересира дали вие кои работите на Upwork користите многу јак лаптоп/компјутер или може со било каков да се пројде? Во план сум да купувам нов, па еден од условите ми е исто така да го бива при онлајн работа.
Што планираш да работиш? Работењето на Апворк е работа по професија, ако си дизајнер ти треба соодветен компјутер за дизајн ако си програмер соодветен компјутер за програмирање. За куцање текстови најобичен лаптоп од 300е ке ти заврши работа. @babybubu И не постои правило да не закачувате работа, напротив тоа што имате најслично изработено многу добро прикачете го со каверот. Најчесто самите работодавци бараат да прикачиш 1 до 3 проекти или да изработиш краток трајл. Кој ви бе најмил без доказ за солиден договор не знам. Не треба да прикачувате или работите договор кој не е funded или работодавецот нема verified payment method.
@Noemi Ги разгледав категориите и би се насочила кон некоја од следните: Customer service, Writing, Admin support. За програмирање никако не ме бива, а дизајн мислам дека нема да можам солидно да научам бидејќи имам премногу обврски на факултет. Намерачив еден лаптоп, околу 500е e, ама еве и да не е тој, ме интересира дали во тој price range може да се најде соодветен лаптоп за конкретните области.
Презаситен е пазарот на апворк за тие категории, барај нешто друго најискрен совет. Лаптопот е помал проблем. Што студираш, запиши некој курс преориентирај се на друго поконкретно нешто, по специфично.
Студирам хемија ама имам уште минимум 2 години од студии па затоа мислев нешто полесно ако можам да научам и да работам, колку да земам некаква плата додека не се вработам по струка . Но ќе размислам повторно, ти благодарам уште еднаш за советот .
Сѐ повеќе се бараат онлајн инструктори, наставници така да можеш да се приклучиш на некоја едукативна платформа (ги има често на Upwork) и да држиш часови по хемија или некои области кои ти се блиски по струката. Ова е инаку солидно платена работа, имам гледано огласи каде се плаќа околу 20-40$ на час.
Прогуглај медицински/хемиски статии дали би можела да пишуваш, дали англискиот ти е на тоа ниво и што друго би можела да работиш remote со хемија, не учиш за џабе искористи го и тоа некако. Еве моментално со хемија на апворк што огласи има https://www.upwork.com/freelance-jobs/chemistry/ види дали од ова имаш познавање и ако немаш доволно посвети се да научиш. Многу подобри и поплатени договори ќе имаш отколку со article writing/customer service.
Јас имам лаптоп од 200е, за мојата професија одличен е, како што ти кажаа членките погоре, ако сакаш дизајн секако дека треба лаптоп со појаки перформанси. @Noemi забрането е работење бесплатно вклучувајќи и трајл. Мене првата работа ми беше баш таква, без претходно искуство, со добар cover letter, ја добив работата одма. Има професии кои што не смееш да праќаш пример од претходната работа бидејќи се заштитени со права.
Нормално дека нема да споделуваш работа што не е објавена, еве пример пишува статија за веб страна, ја објавуваат и она има право да ја сподели како примерок за претходна работа. Графички дизајнер споделува изработени логоа итн. Значи мора да направиш портфолио дали од работа изработена за себе или за поранешни клиенти. Trial job е вид на интервју, и најчесто се бара за посериозни позиции не еднократни договори за 10$. Како ќе те најми некој без портфолио, без доказ дека знаеш да работиш само на убав збор? Дури и да си добар во таа професија може твојот стил и начин на работа да не му се допаѓа на клиентот. Забрането е да работиш за без пари на договор не да не правиш трајл. Ако беше забрането немаше да стојат милион огласи со трајл. Нормално нема да споделуваш работа за која си потпишал NDA. Не знам јас каде што сум аплицирала секаде ми барале примерок од претходна работа на лепи очи ретко да те земе некоја сериозна организација. Еве отвори еден куп огласи се со трајл за парт или фул тајм. Од 2016 сум на апворк не од вчера.
Јас можам првенствено да предавам германски а и англиски. Но, гледам дека бараат native speakers. Излгеда со Ковидов презаситено е се. Аплицирам, упорна сум. Фатив проекти. Едниот 5 долари а др 18. Финатва е шп Апворк зема 10% а пионир 1 долар за трансакција
Јас работев нс плстформава скоро година дена имам Топ рејтед статус и 100проценти успех, прекинав ради друга работа па Пејонер немав приходи долго и ми пишаа дека ќе ми ја деактивираат картичката ама не и профилот на пејонер, е сега не планирам скоро да работам ама за во случај некогаш ако сакам имам Пејпал профил направен во Англија и од него влечам чат пари на англиска сметка, вајда ќе можам вака да си ги примам парите во иднина ама ме интересира за данокот ако ми легнуваат на англиска сметка од работа вајда ќе морам данок да плаќам таму што мислите? Инаку предходно парите кои ги полекував од пејпал ми беа како подарок пуштени па не платив ништо и сега сум збунета. Инаку за оние кои прашуваа за работа и комуникација надвор од плстформата...имав неколку работи кои беа долгорочни и за нив полесно ми беше да комуницирам на скајп, немав проблем до тоа никогаш ама на почетокот си пишував во порака на упворк дека без да започнам договор таму и плаќањето да де одвива така немам проблем за комуникација така да тоа беше успешно. Е сега не е гаранција дека нема да те блокираат и во ваков случај ама ако видат дека имаш многу проекти од кои стално иде исплата од кои и тие имаат фајда секако вајда нема да прават проблем, ама ако ви е прва работа и ако немате доволно успех не ризикувајте.
Ако си ghost writer како ќе покажеш примери? Примерите не се праќаат туку си се прикачуваат во портфолио на профилот, ако некој сака да види ќе види, нема што да му праќам јас посебно. Со новите измени забрането е да споделиш се со клиентот вклучувајќи и примери, мејлови и слично. Може во 2016 било така сега не е.
Апворк зема 20% на првите 500 долари од клиент а пејонир зема $1 од префрлање. Зашто би ја префрлала секоја сума Абе како нема да споделиш меил или било која форма на комуникација кога за да ти сподели материјал, да те додадат во кореспонденција, во тимот, да шернат гугл документ со тебе му треба меил, значи има начин да го пишеш меилот, сите што работат на подолго мислиш преку апворк комуницираат? Плаќањето се одвива преку апворк ама останатата работа, преправки, договарање, материјали, може било каде. Пак ќе кажам не зборам за еднократен договор од еден ден работа. Лесно е да пишеш 1500 збора текст на тема и да прикачиш ворд документ. Ама многу други работи не се работат преку апворк туку директно на проблемот па мора споделување акаунти. Ако работиш како ghostwriter сигурно имаш неколку текстови на лагер, клиентот не се занимава со детални проучување на твојот профил за да ти гледа портфолио кога листа кандидати. Поентата е со каверот да прикачиш нешто екстра што ќе го натера да ти го отвори профилот. Е таму веќе да имаш фул портфолио. И јас не кажав дека работев во 2016 туку од 2016, а ти си од лани на платформата и имаш уште доста клиенти да поминеш за да научиш. Конкуренцијата е огромна и многу extra miles ќе поминеш за да освоиш и задржиш клиент. Да, апворк е за флексибилна работа ама запостојан workflow ти требаат посериозни договори. Такви небулози се споделуваат на темава што ми е јасно зашто посериозните фриленсери од форумот не пишуваат воопшто тука.
Не мора одма со нервоза, смири се малку Јас кажав дека со новите правила не смееш пред да направиш contract да споделиш мејл или претходни проекти бидејќи ќе мислат дека го одвлекуваш клиентот од платформата. ,,It is a violation of Upwork’s Terms of Service to request or share this kind of information before a contract starts. For example, you shouldn’t share this information in your job post, proposal, or during an interview. Waiting to share this information until a contract starts, can also help keep you safe" Можеби не си запознаена со новите измени, повели прочитај. Друго јас не сум од лани туку веќе 2 ипол години, а сум имала клиенти за 5 години. Портфолио ќе си прикачиш на профилот и клиентите ќе видат од тоа портфолио примери, а не ти да им праќаш.
@Lima24 мене еден во порака ми побара меил.... Не прочитав дека не треба да се праќаат меилови. Ми го прифати proposal и после ми побара меил во порака..... Како не знаев, можат да да ме банираат.
Има исклучоци каде што смеете и дозволено е да се испраќа меил, ама за да бидете сигурни не праќајте.
Девојки дали може да сподели некој од поискустните насоки за добар proposal секако за почетник. Или пак да ни прати некој линк да прочитаме тие што почнуваме сега.