2020та беше мнооогу долга година ама не вреди за две Нормално дека нема да споделиш меил или скајп со некој што не си почнал договор. Ти се заинати. дека не се праќаат директно ма клиентот со proposal и примероци од претходна работа. Што не е точно и не е забрането, end of story. Буквално на прв скрол три огласи со примероци и тест работа.
А колку си сигурна дека ако изработиш трајл нема да те банираат? Убаво си ги пишува правилата кои се, ова шо го стави сега ми е веќе видено. Можеш да ја отвориш групата на фб Upwork Srbija и да видиш колку искуства има што ги банираат со трајл работа, споделување на проекти додека праќаш пропосал и сл. Ако видиш кога сум побарала совет уште еднаш нема да биде лошо
Тоа го кажувам и јас, доколку не е платено, макар и $5 тогаш е кршење на правилата и злоупотреба. Еден куп ги има такви кои што ќе направиш пробна работа и ќе ги снема, а ти ќе си ја тупиш главата дали ќе те банираат.
Да. Така е.Јас сите вакви огласи ги пријавувам. Тој што е поштен ќе плати за сработеното ,а не однапред да бара неплатен тест.
Девојки што ако клиент те покани да пратиш proposal? Дали после тоа се оди на интервју или не мора да значи? Што кога е активен proposal- от? Кои се следни чекори?
Доколку прифатиме и пратиме proposal тоа значи дека по читање на proposal-от треба да се договори време за да се направи интервју? пс. имам уште некое прашање ама неможам да ти пишаѓм лп. ако можеш пиши ми ти.
Го прифаќаш интервјуто и со тоа можете да си разменувате пораки, поточно можеш да прашаш подетално за проектот.
Абе лесно ми е мене сега да кажам како одбивам инвајти и не прифаќам трајл ако не е платен ама бидете реални малце 90% тука што читаат се почетници. Со нула или еден два фидбека кој ќе те земе без примероци. @Lima24 не знам што мислиш дека ќе постигнеш. Мислењето ти е од јули 2019. Тврдиш работиш 2ипол години. Стави месец дена од креирање профил додека си добила работа значи тоа е преку сила година и 3/4 месеци. Не е поентата на темата да се лажеме и убедуваме кој колку е јак на апворк туку кои се начините да добиеш солидни договори. Последен реплај ми е на темава, премина во препирки наместо совети. Можам да тврдам за мене, јас со години функционирам вака 99% од огласите за кои сум изработила трајл сум ги добила. Да, фри трајл немам работено одамна, ама сум работела. Секој си преценува дали вреди огласот за да потрошиш време на трајл. Не знам на која основа би ги пријавила кога се јавно објавени, некои од апворк плус клиенти со $500,000 потрошени на платформата. Кандидати секако ќе си најдат, индијци и пакистанци има ехееее.
Дали картичката мора да е девизна или може во денари? Дали може подобро да ми објаснете. Јас имам денарска и девизна во Halk банка
И јас бев почетник со 0% искуство па добив работа, дане треба и доказ да ти пратам кога сум почнала да работам, па дури и да ми пресметуваш отприлика. И зошто ги обесхрабруваш дека не се добивало работа така лесно, јас добив работа без портфолио и без искуство. Ако се потрудиш ќе добиеш. Никој не се докажува колку е јак, јас упорно тврдам а и @Cosmi истото го кажа, ТРАЈЛ бесплатно е строго забрането, ако не ти е јасно слободно побарај во новите апдејти на апворк. Не лажам јас тука туку кажувам на што да внимаваат. Бидејќи има многу што ќе се истрчаат да работат што и да е па макар и бесплатно. Не, ценете си го трудот и времето потрошено. Никој нема да ви рече браво и да ве награди на платформата ако вие самите не направите нешто. Уште еднаш кажувам, бесплатно не работете и не споделувајте информации со клиентите пред contract.
@Noemi Кога ќе пријавиш некој што бара Фри трајл го тргаат огласот од Апворк. Тоа доволно говори. Јас работам долго време,од секогаш било така,јас лично бесплатно не работам. Кој сака нека ризикува.
Дечки добив прва работа, ја сработив порано од дадениот рок и ми пушти клиентот односно го одобри milestone-от. Рокот е ставен до 16ти и бидејќи клиентот самиот одобри јас не кликнав Submit. Прашањето ми е дали е грешка што не кликнав Submit а и сега го нема повеќе, и исто така ми стигна нотификација дека ми е платено а парите не ги гледам во Get paid. Имам поврзано Payoneer картичка, ја активирав на нивната страна, но на Upwork ми стои inactive. Помош околу ова?
Немаш гајле штом е одобрено од страна на клиентот, а парите ти се сигурно Pending. Оди во Reports од менито, потоа кликни Overview и таму ќе видиш во која фаза се средствата и кога ќе можеш да си ги префрлиш. Обично околу пет дена стојат од фиксни договори.