1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа на Odesk (Upwork)

Дискусија во 'Барање работа' започната од yo lee, 3 април 2016.

  1. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Pisuva due date 16 i mi pisuva awaiting, verojatno na 16 ke gi imam. Samo ne mi e jasno Payoneer ke se aktivira koga ke se prefrlat parite?
     
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    Дај препорачајте добар клиент.
    Data entry или Web researching.
    Никако да фатам нов проект.
    Кавер летер го менувам, профилот ми е на 5 долари од саат, rasing talent sum. Iam 2 rewviews само
     
  3. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Неможеме ние да ти препорачаме клиент бидејќи аплицираш на проект кој што е објавен, има многу конкуренција за data entry. Од него не се заработува, тоа е прва отскочна даска за понатаму.
     
    На tina2018 и GirlLove им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.702
    Пол:
    Женски
    Зошто 5$ од саат?
    Зголеми ја на 15$. минимум.
    За тие пари работат од Пакистан со низок и сомнителен квалитет.
    Колку ќе се цениш,толку ќе те ценат.
    Добар клиент ќе плати.
    Подобро барај работа како виртуелен асистент ,во дата ентри нема пари.
     
    На 1209, tina2018 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    Така ми рече една другарка.
    Од 5 $ на саат се почнува, па после нагоре. Е сега пошто имам само 2 работите досега ако зголемам цена да не не најдам клиенти
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.702
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство досега,уште кога постоеше и другата платформа Elance,квалитетни клиенти не бараат работници со 5$ саат.
    Значи ако сакаш да фатиш добар клиент мораш да ја зголемиш сатницата.
    Фокусирај се на тоа што можеш да работиш со знаењето и вештините кои ги имаш.
    Барај подобро платени категории.
    Мој совет,зголеми ја на $15,и барај посериозни проекти.
     
    На 1209, АнеАце, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Девојчиња едно прашање, направивме договор со клиент, стави пари за проектот, но не ми одговара вчера и денес на прашања поврзани со проектот. Само ми даде инстукции со 2-3 реченици ,но на други важни работи кои што го прашував не ми одговори. Јас го сработив проектот по истражување и според тоа колку што го сфатив од тие 2-3 првични реченици кои ми ги кажа на почеток и сега незнам што да правам, дали да чекам да ми одговори и согласно на одговорите да сменам нешто доколку има потреба или да му пратам веќе штом ми е сработено? И се мислам дали да му пратам само одреден дел од проектот колку да види првично дали е во ред, или целосниот да го пратам? Страв ми е дека ако го пратам целиот уште сега а не е тоа што треба да е крајниот резултат ќе го затвори договорот и ќе ми даде bad review и ќе побара рефундирање на парите..
    Ве замолувам за совет?
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.227
    Вакви клиенти се кошмар... Какви му се reviews од други соработници? Ако често го прави ова ќе ти напрабо услуга ако го затвори договорот. Ама може и нешто му се има случено па не стасал да ти одговори.

    Јас би го испратила преку submit work for payment штом веќе ти е фундиран milestone-от и напомени дека си достапна за поправки ако мислиш дека можеш да поправиш нешто нели и ако финансиски ти се исплаќа.
    Хипотетички да речеме ако е текст од 500 збора и си го наплатила 40$ ако ти бара поправка на пола од текстот дали би се нафатила да го преправиш? Ако ти звучи размуно допиши да те извести ако му треба нешто да се поправи.

    Ако го нема 14дена откако си ја поднела работата и е фундирана апворк автоматски ќе те исплати, така да испрати си ја да не ти е за џабе трудот, клиентот може ќе го нема уште долго.
     
    На Amore.Mio, Domakica и babybubu им се допаѓа ова.
  9. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Искрено и јас се зачудив дека повеќето ривјус му се добри. Единствено вчера ми пиша дали сум можела да му го пратам проектот ако ми е готов дека му требало АSAP. Одма му го пратив и му пишав да ми каже ако е потребна корекција. Ништо ми нема вратено и вчера и денес. Сега планирам да го пратам преку submit work for payment па ќе видиме. А инаку малку е заработката дека ми е 2 проект, ама пак и не сакам да ми остави бед ривју ако не му се допадне. 1000 пати и додека се договаравме околку работата го прашав дали сака готов проект или само првичната идеја, и вчера кога го пратив исто му пишав да ми каже слободно доколку нешто не му се допаѓа да направам измена. Го нема нигде!
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.227
    Праќање само преку Submit work for payment никако преку порака особено со нов клиент!
    Веднаш да си побараш исплата на submit work for payment, не чекај на него. Не мораш втор пат да го праќаш проектот, само во пораката наведи дека веќе е испратен.
    Без разлика што ти е втор проект си потрошила труд и време, треба веднаш штом го добие да ги ослободи средствата.
    Не се секирај и да затвори договор утре и да ти остави лошо ревју не е крај на свет, на крај краева и ти ќе напишеш во ревјуто дека unresponsive и дека не го препорачуваш.
     
    На 1209, Mikha4 и babybubu им се допаѓа ова.
  11. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Направив submit, пак го прикачив проектот, и ќе видиме. А инаку како би ми влијаело бед ривјуто ако случајно не го бендиса? Ќе им значи нешто на другите клиенти и потешко ќе стигам до нова работа?
     
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.227
    Не се опседнувај. Да ќе ти влијае на job success score и на потенцијални нови клиенти ама имаш време додека стасаш до таму, плус уште не ти оставил ревју не мора да значи дека ќе е лошо.
    Друго, ако го затвори остави му и ти реално ревју дека не е достапен и не дава насоки.
    Друго прифаќај работи кои ти се јасни, за кои си сигурна дека можеш да ги сработиш екстра за да не се најдеш пак во ваква ситуација.
     
    На babybubu му/ѝ се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас поставив оглас како работодавец, па се договорив во приватна порака да ми биде проектот сработен по фиксна цена во рок од една недела... Сега што треба точно да направам, немам ништо кликнато, прв пат ми е, ќе може малку помош?
    Огласот ми е поставен како pay for the hour, дали да го затворам него и да отворам нов со fixed price пред да му направам hire? Може и лп да ми пише некој што знае
     
    Последна измена: 23 декември 2020
  14. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Дечки бев за тестирање, утепав 5 саати за проект кој е од клиент препорачан со сигурност. После интервју на кое ме прашува што работам и колку време имам во денот, одговорив имам потреба од саат времеда одам до школо да земам дете и да се вратам, изреагираа дека треба да сум достапна. Се осетив како индиец у сред логор. Ме одбија а ја направив истражување и го решив тестот со една минимална грешка. Дали сте имале искуство со вакви клиенти? Што ако пријавам за тестот?
     
  15. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Клиентот го бендиса проектот, ми исплати milestone и сега сака поголем проект, да биде завршен до недела, а не постави нов milestone. Што сега? Да почнам да работам ама додека не постави milestone да не праќам или има друга опција?
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.227
    Пиши му да пушти мајлстон за да почнеш да работиш.
    "Can you please create and fund the milestone so I can start working on the task, thank you" така нешто биди фина ама не наивна.
    Особено ако е поголем проект не почнувам да работам без да ми се осигурени парите во escrow.
     
    На babybubu и GirlLove им се допаѓа ова.
  17. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Mu pisav uste pred toa kako planira gi plakja bidejki se 4 proekti mi rece site zaedno. Posle toa go prasav dali ke postavi milestone za site 4 proekti i da mozam da napravam submit for payment, i sega i ova mu go pisav, pa ke vidime...
     
  18. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Ќе можеш да ми пишеш л.п., јас тебе неможам, сакам да те прашам уште нешто а да не ја полниме темава?
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.939
    Допаѓања:
    12.591
    Истражување на пазар можело да се работи како фриленсер. Добро тоа значи дека онлајн ќе пополнувате анкети или ?
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Зависи што се бара. Може да е истражување на одредена индустрија, пазар, компании, социјални мрежи..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.