Здраво на сите. Веќе некое време пробувам да го средам профилот на Upwork ама не сфаќам зошто не ми го одобрува профилот. Инаку аплицирав за Text Proofreading, Blogging и слично. Доколку некој има искуство и доколку сака да ми помогне, многу ќе сум среќна!
Профилот треба да ти биде среден до 100%. Најбитно е делот Overview да ти биде добро разработен и да ги опфатиш твоите способности и области со кои (ќе) се занимаваш. Најчесто поради тоа ги враќаат профилите на доработка. Реши некој тест, пополни ги останатите полиња со информација и мислам дека би требало да биде во ред потоа.
Здраво, Логирана сум на Upwork, но немам Payonner Card. Би можеле повеќе информации за тоа како се работи дали ова е легално итн.
UpWork е целосно легална платформа која ја користат милиони корисници околу светот. Јас сум една од нив, веќе 2 години и сум задоволна од тоа како функционира. Payoneer е еден од начините да си ги добиеш парите кои си ги заработила, имаше уште некои, не се сеќавам кои точно но јас би ти го препорачала Payoneer. Е сега, има некои зафрканции, пример, на сите заработени пари ти одземаат данок од UpWork, на секоја трансакција исто така, од страна на Payoneer. На секое повлекување пари од банкомат, патем - со картичката од Payoneer можеш да подигнуваш пари од било кој банкомат во Македонија, без органичување, зборот ми беше дека и на секое повлекување пари од банкомат повторно одземаат одредена сума од Payoneer. Имаш трошоци за одржување на годишно ниво од страна на Payoneer - $23 мислам. Ама ако си имаш редовно работа, не би требало толку да ги чувствуваш овие трошоци за даноци и сл. Би ти препорачала да се потрудиш околу UpWork затоа што се исплати. За мене како студент, со два-три саати работа на ден вадам доволно пари за кафиња и глупости колку да не морам и за тоа да им бидам на товар на моите. Ако имаш некои други прашања слободно пиши ми ЛП. Имај убав ден!
Јас лично пишувам. Пред се пишувам текстови поврзани со медицина, здрав живот, вежбање и слично бидејќи видов прилика да го користам знаењето што го стекнувам на медицински факултет па и тоа од средно медицинско. Но имам пишувано на други неповрзани теми исто така. Главно најмногу пари прават програмери и графички дизајнери, но јас немам такво познавање па се задоволувам со тоа што го заработувам од пишување.
Upwork se razlikuva po toa sto tuka treba pak da pokazes nekoe znaenje, vestina. Jas imam profil i imam zaraboteno se na se 30 dolari Nemam vreme da mu posvetam, no za part time rabota e ok ako napravis klienti.
I kplku zarabotuvate mesecno? I preku sto gi prefrluvate parite , dali vo nasite banki i dqli plakate danok , izvinete na tolku prasanja
За месечна заработка не можам да кажам точно но за студентски живот, за кафиња, принтање и слично е доволно, толку би открила. Инаку паритеги префрлам преку Payoneer, каде доколку аплицираш ти праќаат бесплатна картичка но плаќаш годишно одржување на картичката околу 27 долари мислам, плус данок од околу 2.50 долари на секоја трансакција. Се е убаво објаснето на нивната страна, не би навлегувала во детали сега.
Before withdrawing funds, all non-U.S. persons must provide their W-8BEN tax information. Каков е овој формулар?
Дечки дали некој од вас си има upgrade направено на профилот? Од basic на про, или како и да беше? СЕ исплаќа? Гледам дека има опција со тоа да видиш и другите колку бидуваат, 10 конекции повеќе и сл. Би сакала да пробам, ама да не ми ги зимаат парите за џабе.
Направив профил на upwork, решив неколку тестови, и сега најдов неколку интересни работи што би можела да ги работам но ми треба совет од вас за кога ќе праќам proposal , како да ми биде успешна итн, и во attachments треба да прикачам на пр, ако сакам да пишувам текстови да прикачам текст што го имам напишано? И доколку немам , сметате ли дека ќе ми понуди некој работа ? Ви благодарам.
Искрено секој клиент е различен, неможеш да знаеш дали предлогот ќе ти биде успешен, ама според мене најдобро е тоа да биде убаво склопено, граматички точно, професионално ама и friendly, да не звучиш премногу роботски како да си го земала со copy-paste истиот proposal за секој клиент. Многу важно е да одговориш на тоа што го бара. На пример колку часа дневно можеш да работиш, дали имаш некакво искуство претходно, дали имаш некакви прашања во врска со работата итн.. Ако имаш готови текстови кои си ги напишала, секако дека е голем плус да му ги испратиш. Види и на гугл има многу примери како треба да изгледа еден proposal и што се треба да се спомни. Дали ќе најдеш работа неможам да ти кажам. Моментално има премногу луѓе кои работат на Upwork и по само неколку минути од објавувањето на работата, гледам дека има над 50 proposals, што е многу голема конкуренција. Треба големо трпение ама тоа не значи дека неможеш да успееш. Секој почеток е тежок. Со среќа
Здраво,здраво, Пробав да отворам Upwork профил, напишав во дискрипшн убаво составив,ставив skills,education, experience ,направив два теста ,неуспешни, ги скрив од профилот за да не можат работодавачите да ги видат. Не знам по кој пат ги менувам податоците во skills и about me делот што е нели и нз колку пати му праам resubmit на профилот и никако не ми го прифаќаат. Поздрав.
Женски, вчера направив акаунт, малце така на брзање по препорака од другар, пуштив неколку proposals и за кратко добив понуда. Ја прифатив, искомуницирав со клиентот и му пратив нешто првично да го види ама испадна дека е тоа тоа и дека му се свиѓа такво какво што е. Е сега не знам што понатаму. Барав на нивниот сајт кој е следниот чекор ама не најдов одговор. Инаку, работата беше на часови, ама како што ја прифатив понудата така и си останаа, на нула (no time logged yet) . Се надевам некој ме разбра и може да ми помогне
Не се договоривте на колку часа ќе се работи проектот? Никогаш не праќај source фајлови или финални верзии на вака климаво или недоговорено, зашто ако ти не ги поставиш границите, клиентите знаат да не се замараат. Не сите нели, ама доста се такви. Затоа, скриншот чисто за да погледне за консултација, или заштитени фајлови со watermark. Решение друго освен да му пишеш пак за да му кажеш која е тарифата за сработеното и да го пуштиш тракерот да изброи, нема. Избегнувај да се договараш вака за пробни верзии, или нагласувај си дека и тие си имаат тарифа, па потоа корекциите по договор во зависност од тоа колкави се. Немам поим со што точно се бавиш таму, ама отприлика вака некако би му дошло по мое.
Еве само што ми пиша, дека треба да нагласам колку време имам работено на проектот и ќе ми биде извршена исплатата. Избрзав знам, ќе знам за во иднина. Наидов на фер клиент и коректно ми се постави, а има и скрос спротивни знам. Инаку со графички дизајн работам. Фала на одговорот