Дечки дали ви се има случено клиентот да Ви рече да му го пратите истиот пропосал преку WhatsApp и да ви прати да си изберете проект за кој што треба да платите Security fee? После тоа демек од кога ќе го сработите проектот го враќаат депозитот и плус парите за проектот. Инаку клиентот е - Payment method unverified. Ептен ми е чудно ова..
Самото тоа што е payment method unverified значи дека клиентот е сомнителен. А и плус тоа што ти побарал да платиш security fee... Јас не би прифатила да работам, ми личи на измама. Дали ќе може некој поискусен да ми пише порака? Имам некои прашања и ми е потребен совет.
Да ама сомнителен е што бара да му се плати Security Fee, за да почнеш да работиш на проектот. Затоа и прашав дали ви се има случено истово а да сте работеле на таков проект.
Јас не би ризикувала со клиент кој не плаќа преку Upwork и нема верификација. Мислам дека 1 долар е да се верифицира, плус им се враќаат парите.
Тоа е против правилата а апворк и можеш слободно да го пријавиш. И не мораш да пријавуваш, ти одлучи. На апворк не плаќаш на клиенти. Можеш да купиш конектс.
Ако нема доволно пари не може да ти плати. Ако се договорите за 5$ а нема толку џабе што е верифициран.
Scam е, царуваат во последно време и обично таргетираат понови фриленсери. Пријави ги пораките да го блокираат и НИКОГАШ не се договарај да комуницираш надвор од апворк ако не сакаш да ти го блокираат профилот. Никој не ти бара пари за да работиш, туку е измама. Многу ќе ти кажат дека извадиле клиент надвор од платформата ама тоа се обично постари клиенти со кои веќе имаш долга комуникација.
Дечки дали може да споделите искуства тие што работите само на Upwork или слични платформи, а немате друга full time job. Дали имате отворено фирми? Дали и доколку немате отворено фирми плаќате данок? Колку време е потребно од прилика за freelancing да ви биде full time job, односно дали е можно да се вади просечна македонска плата, само од freelance? Јас веќе година и пол работам во друга фирма и ова ми е како дополнителна работа, но бидејќи немам време да се фокусирам само на Upwork имам 2-3 проекти а понекогаш по 1 месечно. Па ме интересира тие што работите само на Upwork или слични платформи дали се исплати, бидејќи сакам да дадам отказ на работното место и да се занимавам со freelance.
Многу е индивидуално на што ке налеташ и колку ке се довогориш. Мене првиот проект ми беше слабо платен ама првата работа секогаш е така додека да добиеш ривју од некого. Проектот заврши затоа што газдите немале пари да ме плаќаат, тоа им било хоби. Сега работам половина работно време ама договорив висока цена за час и ми се исплати. Плус на линкендин најдов. Ке налета повремено по некое проектче за фиксна цена. Се исплати како не, многу повеќе од просечна македонска плата можеш да извадиш. Зависи и за што ти треба како стоиш финансиски дома, дали имаш дете сметки итн. Ако најдеш некој проект за подолго време и за минималец да работиш ке вадиш $800 минус провизија.
Јас веќе работам година и пол и имам 95% success score, но досега бидејќи работам и друга работа фул тајм немам многу време за прифаќање на многу проекти, и најплатен проект до сега што сум го имала е $400.. Другите се многу помалку, затоа незнам дали ако дадам отказ и се насочам само на фриленс би можела да вадам приход (односно една плата) па здравје да регистрирам фирма и си плаќам придонеси..
Штом веќе имаш работи исполнето на платформата, полесно ќе наоѓаш и други работи. Колку повеќе искуство имаш ќе можеш и за подобра цена да преговараш на идни огласи. Ако нешто се цени на Upwork, тоа е искуството. Јас сум околу 7 години веќе активна, многу се исплати и не би отишла за плата да работам никако во земјава. За некои е страшна несигурноста околу недобивање плата на 1ви, но според мене слободата сам да си бираш со кого и колку ќе работиш е непроценлива. Се вади многу подобра плата од просечната овде, секако колку ќе работиш, толку и ќе заработуваш. Можеш да си отвориш фирма после некое време, можеш и да се осигураш кај некој близок што има фирма, па да си плаќаш придонеси, доколку така одлучиш. Едит: Тешко е дури најдеш добра фирма и/или редовни клиенти. Секакви има и на платформата, но со тек на времето ќе стекнеш доста контакти во твојата бранша, па полесно е. Јас веќе одамна немам аплицирано, а нон стоп добивам покани за работа.
Јас не би отворила фирма и да плаќам придонеси. Апворк ти зема 20% па уште и државата да ти земе, за тебе што ке остане? Ако имаш добра плата не би дала отказ веднаш. Може да пројде време додека да најдеш нешто стабилно на апворк. Подобро ке ти е да најдеш па да дадеш отказ. На мноооогу места сум пуштала понуди и ништо. И кога ке имаш интервју пак не значи дека ке ја добиеш работата. Единствено ако работиш за помалку пари од просечно, што се исплати за наши стандарди.
20% е на првите 500 долари заработени од еден клиент, понатаму е 10%. Инаку, кога наоѓаат редовен клиент, многу фриленсери продолжуваат надвор од платформата да работат со нив, па сите пари им остануваат. Секако сѐ е предмет на договор со секој клиент, и нив така им одговара бидејќи и тие плаќаат на Upwork за секој фриленсер.
Да да знам и 5% е над 10к мислам ама многу е. Најчесто се земаат проекти со фиксна цена и се чувствува разликата.
Дали вие му имате предложено на клиентот да работите надвор од Upwork? Имам јас 1 редовен веќе цела година, ама ми нема предложено да работиме надвор од платформата. Пак ќе ми плаќа на Payoneer ако се договориме да излеземе? И како на пример да му предложам јас?
Јас ги избегнувам работите со фиксна цена, од искуство секогаш сум работела многу повеќе од договореното, обично клиентите си земаат за право да бараат повеќе или измени. Плаќање на саат е најдобрата опција.
Јас неколку проекти имав и ми се погоди среќата да ми платат повеќе затоа што беше викенд и им беше итно. Од час е најдобро се разбира. Ама можеш и да договориш сума и со колку ревизии ке одиш.