Не мора да користи клиентот payoneer, треба да се одбере валута и се гледаат сите детали за сметките, копираш, ставаш на фактура и му ја праќаш на клиентот @babybubu
Како би го пратила ова? Дека јас знам исто како и LivingGlam што ми кажа дека и клиентот мора да има акаунт на payoneer..
Отвараш payoneer, во делот Receive има Global payment service, има Approved accounts, кликаш на пример на usd ако е клиентот од УСА, и ги имаш броевите на твојата сметка во долари. Имаш опција и да ги копираш и директно да му ги пратиш во порака/емаил.
Ај поискусните. Што е битно да се гледа на прв проект кога се праќа proposal? Колку конекти треба да имам? И како да го скршам мразот а да не утнам? Ептен сум втренчена а сакам да пробам. Немам никакво искуство на Upwork. Како би привлекла клиенти...
За секоја работа пишува колку конекти се потребни за аплицирање, обично од 2 до 6 треба, зависи од статусот на клиентот најверојатно. Не можеш да утнеш, ако немаш рејтинг може да помине време дури да те најмат. Но мој совет е при аплицирање да ставаш прилози од претходни проекти на кои имаш работено, добри клиенти плаќаат повеќе за искуство, но има и такви кои сакаат за што поевтино. Ако си нова можеш да фатиш некој проект за ниска цена но гледај да биде што пократок. Ова е додека добиеш рејтинг, обично излегува после 5-6 завршени работи.
Најпрво пополни го твојот профил, наведи ги сите знаења и искуства што ги имаш. Направи едно портфолио кое ќе биде примамливо за позицијата која аплицираш. Кога веќе аплицираш напиши порака во која ќе наведеш кои твои знаења ги имаш и како тие би влијаеле врз проектот - ако си џуниор напиши ги твоите амбиции и таленти. Со среќа, и да знаеш за ова ти треба малку повеќе време - но ако истраеш ќе ја добиеш првата работа сум прилично сигурен
Фала ви! @Mikha4 Дали во портфолио можам да ставам досегашно искуство? Надвор од апворк. Мислев дека во делот за портфолио се прифаќа само проекти кои биле дадени на апворк, а не надвор од платформата.
Колку што знам можеш и проекти што ги имаш работено надвор од апворк - така да ако имаш такви би било убаво да додадеш неколку такви
Здраво, отворив профил пред некој ден и ми е 75% исполнет но сеуште немам пратено proposels бидејќи имам испити моментално. Дали има можност ако не пратам за една недела да ме деактивираат?
Здраво, направив нешто пари на платформава и сега се мислам како да ги извадам. Како опции ми се видоа дирекно на сметка во банка - но знам дека ујп ќе прави проблем. Читав за Payoneer, е сега како оди тоа? Некој поискусен би можел и дм да ми пише
Кликни на профилот и оди во сетингс. Имаш таму get paid/ payment methods. Избери дали сакаш paypall или payoneer. Ќе те редактира на пејонир страната, ќе исполниш податоци и ќе поднесеш барање за да ти стигне на домашна адреса. Има таму се напишано и објаснето. Јас аплицирав пред неколку дена, чекам да ми стигне. Може да ти стигне мејл за да те прашаат за да им доставиш лични документи како лична карта и сметки од струја, вода, сл..Се си пишува таму и колку се плаќа за одржување на сметка и при трансакции. Мене ме интересира како да знам дали ми е прифатен профилот дека нема ми стигнато мејл и ми се немат јавено да ми закажат за разговор. А на почетната ми пишува: Congratulations! You're now part of Upwork! И профилот ми е на 75%. Не сум праќала понуди сеуште.
Пробувам да се пријавам и ми излегува дека треба да внесам податоци од сметка во банка. Што направи за ова? Please add a bank account for withdrawals that belongs to you or your company
Ми пратија понуда за работа шо ми беше сумљиво оти немам ниту еден договор склучено сеуште. И после разменивме пораки и сега ми пишаа као да им пратам некои примероци. И сега не знам дали смеам или дали сакам. Работата е voice over ама као ако ги снимиш и не испуниш 90 проценти нема да те платат ама можеш пак да пробаш. И сега ми бараат пред да го склучиме договорот да им снимам одредени зборови. Дали ова се смета како кршење на правилата на Upwork? И дали воопшто смеам да го направам тоа? Мислам што ако си земе шо му треба и не ме плати?
Види кај payments дали е verified. Ако е, verified, тогаш е супер. Претпоставуваѓ дека е фискна цената за услугата, па има едно escrow тоа те штити за се. Друго, ме интересира дали имаш искуство со voice over, сакав да почнам, ама немам искуство како онир што се на рекламите.
Verified е и фиксна е цената. Немам искуство, ама ми звучи интересно. И тие од рекламите не почнале од таму. Има за јутуб бараат voice overs, има за пример паметни уреди им требаат гласови.
Не поднесувај работа пред да напрсвиш договор, т. е. не работи за без пари. Не праќај никакви податоци пре дс склучиш договор. Не комуницирај надвор од Апворк пред да имаш догоовр, забрането е ќе те банираат. Само за употреба на зборот whatsup skype viber telegram email во порака при интервју може да те таргетираат. Имаш ли портфолио со претходно искуство, ова ли ти е нишката? Ако имаш портфолио покажи им го. Ќе им снимиш откако ќе ти испратат договор со фундирани мајлстонс за колку зборови се имате договорено. Многу скамери има на Апворк што таргетираат нови профили им бараат пари, им нудат комуникација надвор од мрежата и се завршува со бан за фриленсерот.