Здраво, имам неколку прашања, би била благодарна доколку некој ми помогне. Отворив профил пред околу 1 месец успешно и пред некој ден ја добив првата работа. Кога ја отварав сметката на Payoneer, ми побара и девизна сметка, и тоа внесов и се беше ок. Ја внесов сметката и на профилот, но ми стои дека е неактивна (во прилог Ви праќам слика). Исто така, сакам да Ве прашам за W8BEN Foreign Status Certification, дали ова треба да се пополни? Инаку, кога отварав Payoneer сметка, не ми даде опција за картичка, туку пишува дека треба да направам 100$ за да можам да нарачам картичка.
Дали некој од вас имаат профили на People per hour? Дали може Payoneer да се поврзе на PPH? Дали е ист начинот за добивање работа како и на Upwork? Исто и ме интересира за Fiverr некој ако може подетално да објасни како да се добие gig.
Дали има некој што работи преку Peopleperhour? Направив профил, праќам proposals, и до сега 2ца клиенти ми бараат да им пишам на Телеграм или Скајп. Не ми е јасно дали вака треба да функционира ова? Нели треба исто како на Upwork директно преку платформата да се работи?
Не им враќај на такви. Може од upwork да те банираат. Некои викат да се блокира профилот при таков случај. Комуницирање надвор од upwork е забрането. Со тоа шо во пораките содржи viber, whats up може да те банираат. Јад би напишала дека е против правилата на upwork и би банирала.
Здраво дали може знае некоја од вас да ми помогни да најдам онлајн работа а да не се криптовалути, кликања реклами, гледањееж видеа и каталози.
Zdravo. Rabotam na Upwork i site proekti mi se plateni vo USD. Sakam da gi izvadam parite preku Payoneer no imam devizna smetka vo evra. Dali ke bide problem posto se vo razlicni valuti?
Zdravo. Rabotam na Upwork i site proekti mi se plateni vo USD. Sakam da gi izvadam parite preku Payoneer no imam devizna smetka vo evra. Dali ke bide problem posto se vo razlicni valuti?
Payoneer ти е во долари и ќе префрлаш на девизна-евро во наша банка така? Можеш да отвориш девизна во долари, за не губиш многу во провизии, инаку губиш од конверзија долар евро.
Дали може некој кој има доволно искуство со клиенти онлајн да ми пише? Многу ми треба совет од некој.
Треба да отидеш во банка да ти дадат документ со овие броеви. Ова е за да ја поврзиш Пејонир со нашата банка овде. Претходно можеше да се прескокне, сега не може, мора да се поврзе за wire transfer.
Почна ли да префрлаш пари? Да активираш картичка? Ќе ти побара тогаш или во блиска иднина сигурно. Бараше дури и сигурносни податоци за потврда како лична карта, платени сметки за телевизија, телефон, струја и сл. Не знам како е сега.
Пред да поднесам барање за пејонир сметка ми бараше сметка што се води на мое име која ја плаќам јас , како и лична карта кои ги сликав и пратив како верификација. После тоа ми стигна картичката на домашна адреса и ја активирав и неколку долари од апворк ставив за да се осигурам дека работи и тие ги зема како пресметка за водење на сметка за тој месец.