Не, парите ти стигаат на акаунтот, па после си ги префрлаш на Пајонир. Ќе треба да ти пратат и таква картичка, само мислам дека треба да направиш 20/30$ на сметката.
Па тоа и го направив. Ја имам активирано картичката. Парите од апворк ги префрлив на пејонир кои отидоа за maintence fee. Е сега што нема доволно за да ги земат тие 13 долара мислам не е проблем, сметам на следната трансакција автоматки ќе ги повлечат. https://help.workana.com/hc/en-us/articles/360041939173-Costs-associated-with-Payoneer-debit-card Мислам оти можеш онлајн да плаќаш со картичката без свифт ибан. Единствено не можеш од банкомат да ги вадиш парите.
Nekoj da mi pomogne so up work...sto da mi bide vo cv sto vo cover leter oti realno 3 meseca go imam profilov ni 1 proekt ne fativ a realno razgelduvam niz kategorii na data engry i se sto e so data entry povrzano podkategorii ke ve molam za pomos
На upwork нема потреба да правиш cv или cover letter бидејќи самиот профил ти е тоа. Треба профилот да ти биде 100 % комплетен. Да ставиш образование, вештини шо имаш, јазици кои ги зборуваш, претходно работно искуство или некои волонтерства (убаво е да се поврзани со работата што би ја работила ама не мора).Ако имаш сертификати исто можеш да прикачиш, project catalog да направиш ако пример си графички дизајнер да си направиш проект и други да де вработуваат. Најбитно overview каде се опишуваш ти како личност и што нудиш тоест се продаваш. Напиши тука што знаеш и што сакаш да работиш, ако имаш факс или искуство со нешто напиши, сите твои силни страни. Другата работа е откако ќе го исполниш профилот е да ти го одобрат профилот и да те верифицираат. Потоа можеш да праќаш понуди за работи кои мислеш дека можеш да ги сработиш. Не аплицирај на проекти/работи каде веќе има 50 аплицирано. Освен ако не се бараат 100 за таа работа. Сепак аплицирај на работи каде бараат почетници за да не те рамнат со професионалци кои тоа го работат повеќе време. И престави се во добро светло, ако имаш нешто да прикажеш можеш како sample. Битно е да не се откажуваш. И јас го имам неколку месеци па само 11 долари имам заработено Ама мислам оти мораше така за да имам нешто на профилот, па потоа да барам работи што се поплатени.Но не мора така, зависи до човекот, колку време имаш колку ќе се посветиш и тоа. Еве видео, има на интернет една купа каде објаснуват што како оди, што треба да се прави. Имаш и на српски и на англиски. Сепак мислам мора да знаеш англиски солидно за успешност на апворк. Инаку на data transcription има премногу луѓе што го работат тоа, само си трошиш конекти. Види нешто друго подобро има и за преводи и пишувања на reviews. Поздрав
На upwork конкуренцијата е огромна, за да добиеш договор треба да понудиш реткост и квалитет. Пола Индија работи data entry за $4 на саат. Нема работа и солидна заработка ако нудиш што нудат сите, особено не од преводи ако не си акредитиран преведувач од ретки јазици. Место да трошите време на јутуб паламудења, седнете научете барана вештина. Милион пати во темава е пишано онлајн работа е исто како рил лајф работа, никој не те плаќа за кликање полиња и пишување две реченици на лош англиски. Отидете на search, ставете локација Македонија и видете колку успешни фриленсери има со поретки вештини и секако soft skills.
Правам прв proposal на upwork. Како треба да изгледа моето претставување на прозорчето што се отвора за работата? Има да се одбере плаќањето дали да биде на крајот на проектот или дел по дел, има за тоа да се претставиш зошто ти, има да одбереш временски за колку ќе ја завршиш работата. Тоа треба јас да одберам? И дали морам да прикачам некаковси проект за да го убедам клиентот? И како да гласи претставувањето за себе? Може некој да ми објасни
Оди на форумот на upwork, Upwork community, има доста совети и во детали објаснето за секој дел од пријавата и сѐ околу тоа како треба да изгледа добар proposal. А на Фивер да не си случајно? Првпат слушам за временски период да се става за работа.
Има кога праќаш proposal поле how long will this project take и избор: less than a month, 1-3months , more than 6 итн. Не знам за сите индустрии дали е така до душа.
На Upwork сум.А зошто на некои огласи има payment unverified и дали е сигурно таму да аплицирам? Бидејќи ми одговара проектот ко за почетник, ама ако не ми платат? И што ме советувате, дали ко почетник да се наддавам за мали суми на пари, 5 8 10 долари?
Ако има payment unverified, тоа значи дека клиентот е првпат на платформата, не е верифициран со платежен метод, така да исплатата не ти е сигурна, иако ако те најми постои заштита од upwork, гледајте да ги избегнувате. Значи пред да аплицирање на оглас прегледајте ги оценките на клиентот од други фриленсери, тоа се гледа на најдолниот дел од страната на секој оглас објавен. Од таму исто така може да се види и колку исплаќале за минати проекти и кои фриленсери ги најмувале. По тоа може да заклучите дали се плаќачи или бараат само евтина работна рака, плус и дали давале добри оценки за работата. Иако ви треба било каква работа на почеток, пак пазете со какви ќе се нафатите да соработувате. Од друга страна пак има и доста добри компании кои редовно најмуваат преку платформата и имаат добра репутација, само треба убаво да се разгледуваат огласите. На почеток се нафаќаш за поевтино да сработиш, но пази да бидат што пократки проектите за да добиеш порано статус 100% rising talent. Е потоа можеш да си ја качиш тарифата, и многу полесно се наоѓа работа која е и добро платена.
Зависи ако ти се исплати. За што конкретно ти е профилот? Пример од твоја работа секако е добредојден и многу често ги убедува клиентите. Кај мене е така. Мене пример прв договор ми беше $5 час. Потоа се качува ако има позитивни коментари од работодавачи. Ако ти е со фиксна цена тогаш пресметај дали вреди т.е. колку време ке ти одземе.
Здраво дечки, пред некој ден видов дека едно девојче има издадено книга за Upwork, дали некој од вас ја има дали ќе биде корисна и вреди да се купи?
Што нема да види човек Инаку Адријана работи на upwork од јуни 2020 и според месечната заработка и број на проекти, не е некој експерт. Може книгата е навистина добра, не можам да знам, но и секако не планирам да давам пари за нешто што го има поопширно на самата платформа и на интернет. Дали оваа или било која друга мотивациона книга, нема магично да ве направи успешни или да ви открие некоја тајна. А и сечие искуство и пат се различни, не значи дека ако некој успеал на еден начин, и сите исто ќе успеат. Само со работа се постигнува успех, не си ги трошете парите на глупости.