@Dulceee Тракер си симни ако немаш, за работа на часови мора да се логираш на тракер, за фиксна цена како што ти кажа Мишелка, не давај оригинали додека не дојде крајот. Има фер и нефер клиенти, јас работам со клиент кој ми е стален и некогаш дури сработувам работа без да имам активирано договор зошто неколку пати кога е завршена работата ми плаќал колку се договаравме и сигурен ми е, ама никогаш не се знае.
Кажете ми, мора да се изврши видео разговор за потврда да идентитетот? Сабајлево ми стигна нотификација.
И мене тоа ме интересира, пишува дека можеби ќе те исконтактираат за видео разговор. Па ако некој има искуство досега, ќе биде добредојдено.
Патем, дали пријавувате данок за заработката на Апворк во УЈП? Јас искрено не, и се мислам дали да поднесам документи. Од една страна сакам да пријавам, да си бидам на чисто, ама од друга страна не знам како да им објаснам дека заработката ми варира, некои месеци е послабо од други, немам фиксна плата. Знам дека се зборуваше нешто да одземале 10% од заработката и слично, не знам дали е воведено тоа или не, не сум се посветила да прочитам повеќе. Па ме интересира само дали пријавувате данок и како оди процедурата.
Има линк што ти го праќаат или на страната горе ти стои дека треба да направиш верификација и ќе кликнете таму, се поврзуваш на чет ти пишува ќе се вклучи агент за неколку минути и ти ѕвони, 5мин е обично, јас двапати до сега имав видео кол, те прашува име презиме, место и адреса на живеење и тоа е тоа. Ништо страшно. За данок од целата заработувачка таа година ќе си пресметаш 10% и ќе си платиш. Ако се мали суми може и да не те фатат, ама ако се поголеми паметно е да ги пријавиш, нема да ти излезе голема сума а мирна ќе ти е главата.
Да вчера ми стигна нотификација, и не можам ништо да правам, се ми е блокирано додека не разговарам. Очигледно ќе треба.
Има ли некој што работи книговодство на upwork? Сакав да прашам дали треба да се има посебен софтвер за да се почне со работа и каков вид на книговодствени услуги најчесто бараат работодавачите?
И мене ми стигна нотификација, и се уште стои. Ама не сум испратила ништо се уште. @Dulceee дали ти им испрати скенирана лична карта и слично, како што е наведено дека е потребно за да го потврдиш идентитетот па сега што чекаш да ти се јават со видео кал?
Нејзината верификација е за нов член, не треба лична карта, а твојава е дека си Top Rated, за да ти стои на профилот дека си верифициран фрилансер. @1209 Сѐуште видео интервјуто е со пишување?
За top rated не мора ако не сакаш. За останатите кои сега почнуваат. Прочитајте ги правилата и како се работи,како се внесуваат часови преку тракери или мануелно.
Јас најмалку година дена пробувам да ми го одобрат профилот, но никако не ми успева. Пробувам за графички дизајн и илустрација, ама секогаш ми враќаат дека во моментот нема потреба од луѓе во тоа поле.
Пред неколку часа го завршив видео разговорот и сега уште си стои блокиран профилот, ќе трае тоа неколку дена претпоставувам како што прочитав. Инаку не е страшен разговорот, иако на крај ми постави и не толку лично прашање. Нешто во врска со способностите што сум ги навела .. Вид испрашување. Не битно, се надевам дека за кратко ќе се среди профилот и ќе можам да продолжам да работам.
Некој предлог како да ми го прифатат профилот на Upwork?/ И предлог на добри фриленсери што плаќаат за writing.
ОК, да ја освежам темава малку... Сакате смејте ми се, сакате не, ама имам друг тип на проблем овде. СТРАВ!!! Страв ми е да почнам да работам на сајтов, не знам од каде... Имам добри познавања од: - web development (значи знам да креирам сајт од нула); - graphic design (ми треба 5 минути за лого да спремам, 15 за mockup); - Excel (колегите на работа јас ги тренирав како да прават автоматизирани табели); - Англискиот ми е ко втор мајчин, го говорам со два дијалекта, плус имам познавања од германски, шпански и малку италијански. Ќе речете што е проблемот? Епа, многу арно не е на арно, секој еден ќе помисли дека вадам од џеб олку квалификации, една работа. Друга, во секое од полињата погоре лично јас не се чувствувам 100% спремна (пример, за web development front end ми е јака страна, за разлика од back end, а и не ми се доволно истренирани новите и сега популарни React i Angular). Дома имам едно малечко од 5 месеци, и со него доквалификација одвај 1-2 саата дневно непрекинато, откога ќе заспие, што не е невозможно, но е тешко. И од истата причина се двоумам да би прифатила работа на подолг временски период, бидејќи нормално сакам да ја завршам беспрекорно, а ваму до мене имам needy бебенце кое не можам да го предвидам кога ќе писне... Совет некој? Бил ли некој во ваква ситуација да сподели?
Доброто во тоа да си фриленсер е што прифаќаш работа колку што мислиш дека можеш да сработиш. Можеш да почнеш со помали проектчиња. Кога ќе разгледаш ќе видиш, сигурно не сите клиенти бараат комплетен сајт плус одржување. Почни со помали задачи па ќе си се надградуваш. Другарка ми со бебенце почна, после уште едно роди и уште тера на Апворк. E не е веб дизајн, ама сепак. Се може. И зошто стравот? Пробуваш, гледаш, сработуваш.