Леле глупости книга. Се што треба е прво убаво да се прочепка апворк да се прочита се,а не да се прашуваат банални работи кои ги има таму објасното. Ако ве мрзи да читате туку чекате на готово некој да ви објаснува,ништо не правите.
Пак ми треба ваша помош плииз. Го испогрешив security answer неколку пати. И за да го сменам во нов одговор, ми го бара стариот, а не можам никако да го погодам. Аман што да правам, немам пристап вака да правам промени без него Дечки, знам потеков денес. Најдов оглас сега пред малку, voiceover на италијански. Треба да се прочитаат 3 приказни кратки. Понудената сума е 40 долари. Јас колку да им понудам како почетник? Леле ептен ме фати мерак за огласов, ич немам почнато на апворк да работам, барем со ова да почнам. Имам завршено италијански јазик.. И кажете ми, пример аплицирам и наредно ако сакаат да ме изберат, ми враќаат така? И ми го пуштаат во порака проектот, всушност сѐ ми обезбедуваат за да го изработам? Како оди процедурата? И јас откако ќе го сработам им го враќам во порака? Не знам да не ми требаат некакви алатки...
Нема потреба да ја намалуваш цената која е пишана, обично се оди со истата цена која ја нудат. Следен чекор е нели да аплицираш, напиши краток и јасен proposal дека имаш завршено италијански јазик и дека си suitable да ја завршиш таа работа. Доколку те изберат за да те контактираат, најпрво можеш да ги дефинираш деталите во кој формат ќе треба да им го испратиш и слично. Не прифаќај договор пред да дефинираш се што те интересира. Откако ќе го сработиш, им го праќаш преку порака во Upwork и откако ќе потврдат дека е во ред, Upwork ти ги префрла парите.
Здраво, имам понуда за работа од странска фирма каде би работела како freelance, знаете како оди процесот тука, дали би можела да се пријавам сама да си плаќам здравствено и пензиско т.е да ми тече стаж? Колку отприлика се плаќа?
Можеш преку познати кои имаат фирма да те пријават, ти ќе им даваш кеш, они ќе ја поминуваат платата, или друга опција е да си регистрираш твоја фирма. Првата опција не ти е оптимална, бидејќи ќе плаќаш два пати персонален данок на истите пари, еднаш кога ќе ти легнат овде при што мора да ги пријавиш и да го платиш данокот, вторпат при плаќање на платата. За да поминеш минимална плата од 18000 денари, околу 26500 ќе те кошта вкупно. Иста сума ти е на пола доколку се пријавиш на пола работно време. Исто така и за фирма би имала трошоци, па ако планираш само со еден клиент да работиш не се исплаќа, но ако имаш можност да услужуваш повеќе клиенти е добра опција. Малите фирми не плаќаат ни данок на добивка, ни ддв, па може да е поисплатлива опција. За само здравствено осигурување можеш да се пријавиш како невработена во АВРМ и да си плаќаш одделно на Фондот. За пензиско нема таква опција. За да си плаќаш само придонеси, односно да ти тече и стаж и здравствено, а да не плаќаш плата, можеш да се пријавиш како индивидуален земјоделец. Подобро поработи некој месец, види како ќе ти оди, па направи си калкулации.
Фала ти многу на одговорот. Мене најмногу ме кочи тоа што нема да имам ништо од тие бенифиции пензиско,стаж итн. И не знам дали да ризикувам да напуштам од моменталната работа. И ова е странска фирма и сум пријавена на минимален а другиот дел од парите ми стигаат на девизна и си плаќам данок во ујп за нив. За долгорочно не е решение дефинитивно, но за привремено да заработиш е одлична прилика. Денеска треба да им кажам за колку би била разликата помеѓу gross и net pay, и не знам што да правам. Не е клиент туку Германска фирма што вработува и од странство луѓе како contractors. Ќе размислам за сите опции
Си порачав Payoneer картица која пишуваше дека ќе ми пристигне до крајов на месецот. Вчера дадов доказ за residence и денес ми стигна дека е одобрено, но ми стои дека ми одобриле виртуелна картица а не физичка. Дали некој користи виртуелна Payoneer картица? И кога одам повторно да нарачам не ми дава да одберам во евра да биде.
За тие што работите на проекти како content creator, e-commerce и слични такви работи. Дали се тешки, во што работите контент креатор, на сајтови негде? Да земам некој курс си мислев
Дечки, после испратен пропосал, ми врати еден, што треба да запазам на почетоков? Работаата е со внесување податоци на ресторани преку дешбоард. Што да преземам понатака? 10 долари е работава, е сега не знам, на час? Дајте совети плиис Инаку ми предложи за non disclosure agreement на почеток па ако е ок ,на апворк договор?
Сакам летово да пробам да работам малку Online.Дали имате совети како да се започне?Што да потенцирам, што да се изработи(дали треба нешто да се изработи) и како да привлечам клиент?Дали имате туторијали за старт за работа на проект на платформиве?
Здраво, супер ти објаснил Mikha4. Како физичко лице нека ти стигнува хонорарот, и потоа уплаќај си преку (своја) фирма минимална плата за да тече стажот и здравственото осигурување. Инаку не ти се исплати да се пријавиш на целата сума зошто огромен дел ќе ти оди за пензиско осигурување и останатите давачки, а утре, да бидеме реални, не знаеме што ќе стане со нашиов Пензиски фонд. Вака барем ќе си заштедиш пари, па ќе ги инвестираш по желба. Доколку во иднина работиш за повеќе клиенти како фриленс, тогаш веќе би било подобро да ти ги исплаќаат парите директно на (своја) фирма, и ќе можеш да ги повлекуваш како трошоци.
Абе и консултации дава девојкава а последно кога видов имаше заработено 5К на разноразни проектчиња неповрзани едно со друго. Си нашла начин да лаже надежни млади дечки. Има македонци на апворк со по речиси 200к заработено, ама немаат вишок време да продаваат празна слама по инстаграм. Има апворк форум, редит за некои трики прашања, за другото ќе си го запотиш газот, ама не сакаат. Инаку моментално давачките за да си пуштите плата од 20 000 се грубо 9500, персоналец, здравствено, пензиско итн. Не дека ќе начекаме пензија ама не можеш ни приватно здравствено да имаш без државното
Од овие информации тука не можам да ти одговорам на прашањата, ако сакаш пиши ми лп, ќе ти помогнам. А иначе за NDA мислам дека нема да имаш проблем да потпишеш, многу фриленсери потпишуваат.
Провери ги Native Teams - https://nativeteams.com/ Тие нудат таква услуга каква што ти треба, да бидеш пријавена и да ти се исплаќаат придонеси а сепак да работиш фриленс. За цената за работата, провери дали пишува hourly или fixed price на огласот. Иначе, NDA е договор за заштита на неговите податоци, односно дека ти не смееш да ги споделуваш со други луѓе, не е ништо страшно. Потоа, мора да прифатиш понуда - offer од него за да почнеш да работиш.