Ako nekoj ima profil na upwork neka mi pisi, me odbivaat veke dva pati. Neka mi pisi nekoj koj veke ima aktiven profil tamu
Они и барааат НДА да "потпише" за "тест" па ако е ок ќе отворат договор на апворк. @elenaklasik Скем е, бегај и пријави ги.
Доколку си испратила proposal два пати и те одбиле, тоа не е ништо страшно. Зависи за кои работи аплицираш, може да е поголема конкуренцијата. Пишувај кратки и јасни proposals, комплетирај си го профилот и мора да биде.
Дечки, јас пак имам прашање. Со црвен извичник имам потсетување дека за да добивам понатака понуди да си го потврдам профилот. Е сега рокот е до 14ти јуни. Што после тоа ако не го сторам сега, ќе ме означат некако? И треба да сликам документ официјален ID и да направам видео верификација. Како изгледа видеото, зборувам нешто јас, да се спремам?
Тешко ќе добиваш работа неверифицирана. Прати им слика од лична карта или пасош, а при видео верификација они ти ѕвонат и не трае ни една минута, колку да потврдат дека ти си истата личност на документот и профилот.
W-8 е за американските граѓани, W-8BEN е за странци кои работат за американски фирми. @Kir4e најобичен формулар со име и презиме, upwork мора да ги има за нивна евиденција, пополни го, онлајн мислам дека е директно на платформата.
Како шо памтам пред години имаше опција да не го пополнуваш, може сум заборавила де, тогаш ни сметка во наша банка не бараа
Имам профил повеќе години на апворк, ама не го користев цело време. Понекогаш се логирав и праќав на нешто интересно ама не сум добила повратно никогаш. 80% ми е комплетиран профилот, е сега имам малку слободно време пред да дојде новиот член и сакав да се навратам. Аплицирам, гледам да имам креативен опис ама... слабо побарувачка Можам да пишувам артикли за блог, дата ентри или нешто слично, па во потрага сум по дополнителна заработка, па еве ако на некој му треба личност тука сум за по некоја статија да се напише, додека во меѓувреме се трудам да се снајдам самата
Бидна и тоа. Јас мислев дека со некоја личност ќе разговарам и ајде кликам на видео верификација, кога се појавува еден овал и тука главата требаше да ми ја собере. Дури се наместив, тап-тап се затвори кругот. Реков нема да ми потврдат, којзнае што фаца испаднав, ама прифатија. Сега го имам беџот. Кажи ми те молам, клиентов ми отвори нов мајлстоун.Треба нешто негде да кликам или ништо не правам јас?
Супер, на времето се разговараше со некој Штом имаш нов мајлстоун, не кликаш ништо дури не ти е спремна работата за предавање. Освен ако не се согласуваш со условите, па може да бараш промени.
Naracav karticka na payoner koja pisuva deka ke stigine za 3 dena no ima pomianto veke nekokku nedeli,nekoj da spodeli iskustvo
Ќе стигне. Почекај уште една недела. И јас ја продолжував овака и чекав, и чекав, се изнервирав и порачав нова, па ми стигна оваа после неколку дена. Марфи.
Добив понуда на сајтов. Е сега кога отворам да видам job description од страна е сиво за пропосал да пишам, не можам или не знам каде. Туку има да прифатам интервју. Ако кликнам прифати, што се случува следно? Да не ме префрли веднаш на видео, не сум средена по сабајлечки @Mikha4 ќе те означам тебе, знам дека знаеш повеќе.
Браво, значи сиво ти е за proposal затоа што веќе си поканета. Кога ќе кликнеш дека го прифаќаш интервјуто не почнува веднаш туку ги имаш истите полиња за пополнување како и кога праќаш proposal. Во cover letter прво заблагодари им се што те поканиле и понатаму напиши повеќе за тебе како што би напишала и при нормално аплицирање. Пред да прифатиш имаш опција view job posting и може да го видиш огласот и историјата на клиентот.
Кликнав на прифати интервју и баш така, ме однесе да напишам ковер летер. Будалче јас, заборајв да се заблагодарам прво, туку пишав Hello, I am interested in... ај нема врска, бидна. Здравје, битно работава тргнува полека. Фала ти
Здраво, си направив профил на Апворк и веднаш ми го прифатија. Си средив таму се' што треба, денес пратив еден proposal, но ова што досега го зборувате со видео верификацијата или испраќање на слика од л.к или пасош не го сретнав. Кога треба да ми побараат таква верификација за потполно да ми биде профилот спремен за барање работа? Има доста работи што не ми се јасни, ги учам од нет и форумов (колку што ми дозволува времето со тодлерчето мое ), благодарна ќе сум на секој совет. @elenaklasik пред некое време сакав да ти пишам лп ама не можам на твојот профил.
Јас уште пред да го комплетирам сто посто, ми имаа пуштено, на една мала лента најгоре потсетување и така ми стоеше. Откако го исполнав стотка, па испадна и еден проект да си фатам, и веќе со термин ме ограничија да ја направам верификацијата. И така бидна. Јас продолжив да чачкам низ платформата, и се опуштив да ти кажам и понуди да испраќам. Сега ми се така ко локумчиња хаха. Чепкај разгледувај ќе ти стане навика и појасно. И јас сум почетник, така шо сѐ уште не знам сѐ. Ќе ти пратам порака да ме прашаш.