1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа на Odesk (Upwork)

Дискусија во 'Барање работа' започната од yo lee, 3 април 2016.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.660
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Совети мои ви се да прифаќате само со верифицирана исплата. Така платформата ве штити.
    И гледајте ривјус од претходни клиенти. Ако има лоши коментари не прифаќајте.
     
    На lavinija28 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Е да то е многу битно!
    @lavinija28 , како шо рече Мила, задолжително да гледаш на огласот дали огласувачот е верифициран, т.е плаќањето или не. Payment verified.
    И исто се гледа колку има оставено пари на платформата од претходни работи, дали сумата што ја нуди е логична. И дали комуникацијата ја остава на Апворк или ја пренасочува. Ако ја пренасочува на друга платформа, батали.
    Пример имаше еден, даваше пари големи за мало проектче, неверифицирано плаќање и као демек на друг сајт да се допишува кој е заинтересиран. Одма одминуваш.
     
    На lavinija28 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.660
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Тоа автоматски ти е без пари работа плус апворк може да те банира.
    Е ретко се случува да се јака фирма која плаќа надвор од апворк. Ама бираат само со јаки профили.
     
    На lavinija28 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Сакам да прашам, направив профил на Upwork и следно треба да отворам сметка преку Payoneer или треба прво да склопам некоја зделка, па тогаш? Однапред благодарам на одговорите :f:
     
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Прво фати нешто, па отпосле ќе отвориш. Ако заработиш пари, ќе ти стојат на профилот и да немаш сѐ уште сметка.

    А јас сакам да прашам, дали почнување нов milestone, како и да се вика, дали треба клиентот да го отвори пред почнување на задачата или може и после неа, откако ќе се сработи задачата?

    Зашто вчера така направија, откако завршив, го додадоа и одма го исплатија. А сумата не ми се свиѓаше, пониска од тоа што мислев за таа задача. Ама кога си тазе дојден, нема бунење. :doh:
    @Mikha4 , помош од форумџија плис. :)
    Не знам, да им се побунам нешто или да ќутам. Треба уште нешто да се придодаде на задачата, немам како да се измолкнам а парите ич не ми даваат мотивација кога ги видов вчера.
     
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Ако не сте се договориле однапред од колку етапи /milestones ќе содржи договорот, и по која цена, не се плаши да ги прашаш и барај да бидат поконкретни. Не разбрав добро, вториот мајлстон ти го платија помалку од првиот? И дали е различна сумата од цената објавена во огласот?
    Инаку има и такви кои намерно бараат фриленсери без искуство за поевтино. Биди внимателна и читај им ги оценките од претходни работи кои ги огласил, обично секако некој фриленсер има пишано кога ги уценувале за евтина работа само за да не им пишат лоша оцена на почетокот.

    Е сега, на почетокот секако работиш за рејтинг повеќе отколку за пари, па оваа и наредните неколку работи кои ќе ги најдеш гледај да бидат што пократки. Откако ќе добиеш rising talent значка, ќе можеш да си ја качиш цената, да конкурираш на подобри проекти, и ќе добиваш и покани за проекти од клиенти, така да издржи :D, ќе биде многу подобро.
     
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Договорот е неодреден, кога ќе има работа, тогаш ќе ми праќаат. А цената е одредена во зависност од производот. Ги знам цените, но за оваа задача очекував малку плус, бидејќи беше пообемна, за разлика од trial task којшто ми го платија исто. Не може едно кило и десет кила јаболка исто да тежат и чинат, нели?

    Едвај ја довршувам задачава, ми збоктиса од седење на газ.
    Да, на огласот пишуваше дека основно ниво бараат, бидејќи работава е механичка, а мене ми требаа за да се пробијам. Исто не ми се бендиса што задачава ми ја дадоа пример од денес вечерва за утре, а претходно муабетот беше дека ако не ми одговара датумот, да кажам однапред. А сега само стигнува на мејл за кога е, и кога гледаш дека за брзо е, незгодно ти е да ги одбиеш. А и не знам како ќе реагираат. Сега ги разгледував коментарите, позитивни има, со 5 ѕвездички. За следна задача ќе им напоменам да ми ја дадат барем два дена унапред, не сум само фриленсер, имам и друг живот. Само ми е да не звучам грубо, демек ем почетник ем се занесувам. И дали да им речам да ги означуваат етапите на почеток на задачата или да не мудрувам?
    По колку време се добива значката?
     
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Вака тешко е да се процени, моето искуство со повеќето клиенти од upwork е коректно. Сепак мора да има добра комуникација и сите услови да се однапред договорени.
    Ако сакаш и понатаму да работиш со нив за повеќе пари, наредниот пат кога ќе ти дадат задача со краток рок можеш да им кажеш дека веќе си зафатена со друг проект, па види реакција. Јас да сум ќе ги откачам културно и ќе гледам да добијам само добар фидбек од нив, не тврдам но штом се тешки на плаќање не вреди да трошиш многу време на нив.

    Значката се добива после 4-5 работи завршени и профилот да ти е на 100% комплетиран.
     
    Последна измена: 24 јуни 2022
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Којзнае дали се тешки, сепак ептен на почеток сум и тоа е што е.
    Само ете, мислев за обемноста бар некој долар плус ќе сум платена. Ама тие гледаат од нивна страна, јас од моја. Бараа почетник, добија. А лесни се задачите и брзо ги извршувам, можеби и затоа набрзо ми ги даваат.
    Ама наредно дефинитивно ќе ги замолам однапред да ми кажат.
    После 4 5 работи завршени како мајлстоунс или како проекти од различни клиенти?
     
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    После 4-5 работи вкупно, малјстоунс се важат како сегменти од еден проект /работа. Може и од ист клиент да се, но да бидат затворени комплет со фидбек.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    112.673
    Пол:
    Женски
    дечки сте направиле Project Dashboard? Овие како Frivve што имаат Gigs направија.
     
  12. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Здраво јас одамна размислував за да почнам на Upwork пишав и тука, имав и профил и конечно еве после неколку жесеци почнав со страв (не знам зошто ). Сакам да ве прашам како иде со кредитиве за proposals одкако ќе ги потрошам?
     
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Потоа ќе си ги плаќаш.
     
  14. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    А со добивање на некоја работа не се добиваат кредити?
     
  15. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    Дечки, не ми е јасно следново-денес пуштив втор пропозал (не сум нешто мн активна), ама уште ми нема ништо стасано за да ме верифицираат, а профилот ми е 100% комплетиран. Кога стасува тоа за видео верифицирањето?
     
  16. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Ako mozi nekoj da me upati za da mi go odobrat upwork profilot?
     
  17. angiest27

    angiest27 Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    А што поточно се работи ?
     
  18. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    И уште овде да прашам, при аплицирање на платформиве за предавање јазик, дали ако се бара да се приложи диплома истата треба да се прикажи оригинал (пример на накедонски) или преведена и заверена на нотар?
     
  19. owl_

    owl_ Нов член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, мене ме интересира, дали може да биде одобрена пајонир сметка и картичка за лице под 18 години? И како се вади истата?
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    8.223
    Не. Ни на Upwork не може да работиш под 18.