Со wise имам, ама не од апворк туку директно од клиент. Пиши за што конкретно, ако можам ќе помогнам.
Ја има ли некој земено книгата на Адри „Заработувај без лимит“ и како сте задоволни? Било какво искуство да споделите. Конкретно се занимавам со дизајн, веб дизајн поточно, ама Upwork ми е непозната платформа, па се мислам дали да ја зедам и да се впуштам во тие води, како парт тајм на почетокот. Било какво мислење е добредојдено.
Нема никаква потреба за купување книга поготово не од неискусна ко авторката.Една година има искуство на апворк , 10 проекти нема фатено,книга напишала Седни прочитај на самиот апворк ,се ти пишува.Имаш и странски блогови. Работам 9 години.Се имаш таму,плус се учи од искуство.
Фала ти многу!!! Си ме спасила да не паѓам на маркетинг трик. Веројатно некој странски јутубер да најдам повеќе ќе научам. Ако имате некој таков ресурс при рака, туторијали, било што, пуштајте
Креирав профил на Upwork ама уште не знам дали ќе работам со тоа. Од знаења можам само Data entry, Word i Excel. Значи за плата од 3-4 долари од час, а минус 20% ќе испадни за 2,4 долари од час. И дали има некој искуство со ова? Да заработува само со овие знаења?
Дечко ми ја купи и тоа втората верзија. Буквално се што е напишано го има како бесплатен "курс" од самиот upwork. Не вреди за парите, не е ни книга, како тетратка е. Не фрлајте пари за џабе. Секоја чест на нејзиниот успех, не плукам по успешни луѓе. Само, книгата нејзина не ви треба. Ниту гарантира успех ниту нешто особено ќе ви смени. Дечко ми правеше буквално се по нејзиното упатство, до детал, ама за почеток на upwork треба и среќа. Точно е дека ако не аплицираш нема да добиеш, ама не гарантира успех дури ни упорното аплицирање точно по упатствата по нејзината книга,што патем се достапни насекаде. Иматр на YouTube предобри туторијали со насоки исто и курс од самиот upwork. Не си ги трошете парите на "книгата". Не вреди ич!!!!
Јас каснам со пополнување со тоа формуларот за данок W-8, како ли беше. Дали некој го пополнил ми треба помош.
Здраво, може некој да упати што поточно се бара на оваа платформа? Excel, Data Access, Entry data, accounting, тоа се некои знаења кои ги имам што видов дека ги спомнувате.
Било што што може да се работи преку компјутер. Пишување, преведување, цртање, графички дизајн, програмирање, маркетинг, глумење, поддршка на корисници... Но подобро да се одбере едно-две работи што навистина ти одат и само за тоа да се аплицира, со соодветно портфолио, инаку тешко да се добие работа, особено кога има индијци и пакистанци што за ич пари ќе се пријават да го сработат истото.
Ako nekoj ima otvoreno profil na upwork neka mi pisi, no ako go ima otvoreno vo poslednive 7 ili 8 meseci
Здраво, Може ли некој да ми објасни како можам да извадам картичка Payoneer или некаква друга опција за да ми бидат префлени пари од Upwork?
Не знам каде грешам. Веќе подолго време имам профил, си купувам неколку пати конектс за аплицирање, аплицирам посебно за секој пишувам, не ми е само рутинско копи пејст, и пак по толку време... ништо. Еден ми пиша, ми побара број за ватсап да имаме повик и толку, го снема А имаше верифициран метод за плаќање и преку 2к потрошено. Сум ги гледала видеата како туторијали но ете, некаде грешам или толку ми е среќата? Anyone?
Среќа. Тешко е додека ја најдеш првата работа. Може за три дена да е може за три месеци. Не прифаќај ништо надвор од апворк, нема да платат, и барај си договор на апворк по час. Стави проекти ако имаш завршени. Читај и рецензии од претходни фриленсери, 99% се вистина. Не се откажувај, јас почнав на шала, сега работам по 30-40 часа неделно и имам висока сатнина.
Не се откажувам, само повремено се демотивирам, ама мислев да не некаде грешам што толку не ме бараат
Има премногу фриленсери, посебно од Индија, кои работат за малку пари. Затоа е и потешко. А не знаат каков квалитет нудиш. Кога ке отворат профил гледаат дека си нова и не се заинтересирани. Некои се спремни да платат повеќе за искусни фриленсери, иако ти си исто добра или подобра во тоа што го работиш. Дури и јас што имам повеќе проекти, кога аплицирам не ме вработуваат сите. Од 20 апликации пола не го ни отвараат профилот, пола ме проверуваат ама не ми враќаат, со пола има преговори ама други се подобри/поевтини итн. Ама кога ке ти се погоди тој еден проект немаш гајле веќе. Ако имаш време земи направи пример како работиш и стави портфолио, тоа многу ке те промовира.