Во право си, ништо не чини да пробам. На крај краеви, уште еден куп сајтови има. Благодарам на поддршката
Здраво, некој што работи на Upwork да ми објасни некои работи. Го направив профилот е сега за портфолио не ми е јасно што треба, мотивационо писмо за proposal, и како да добијам прва работа?
Разгледај други профили, ќе видиш како составиле портфолио. Инспирирај се, но не копирај. Направи си бесплатен WordPress блог и објави нешто таму, колку за да имаш пример од твојата работа. Мотивационо писмо - тоа што бара клиентот. Го гледаш огласот и објаснуваш зошто баш ти си супер за да го сработиш тоа што ти го бара. Нема некои посебни правила тука. Како да добиеш прва работа - аплицирај само на огласи за кои си сигурна дека можеш да поминеш. Имаш ограничен број на proposals, не троши многу одеднаш затоа што потоа се плаќаат. Тешко е за првата работа, но не се откажувај. Едноставно прати пример од тоа што можеш да го сработиш и убеди ги дека ќе сработиш добро. Кога еден ќе те вработи и ќе ти остави добар фидбек, потоа е лесно. Гледај по блогови, гуглај. Има безброј совети за фриленсери по Интернет, ќе се снајдеш.
Фала ти, многу ми помогнаа информацииве, а како се заработува вака за почеток? И после дали треба да одам до банка да извадам ибан и свифт за да поврзам со пајонер?
Зависи каква работа ќе добиеш и колку си спремна да работиш. Не знам ни што работиш, дали пишување, графички дизајн? Пример ако работиш пишување, имаш понуди за $2, $3, ама и под $1 на 100 збора. Па зависи колку текста ќе напишеш и колку брзо. Не знам, секој различно заработува. За банката не знам, мислам дека така е процедурата. Само им бараш да ти дадат ибан и свифт, не мора да им кажуваш зошто. Не сум сигурна за ова како оди, знам дека Пајонир не поврзуваш со наша сметка туку само ти ги бараат овие податоци појма немам зошто. Некој со посвежо искуство ваљда ќе пише.
Здраво, сакам да почнам со работа на UpWork, но ми требаат некои совети. 1. Како да направиме proposal? 2. Како се одредува дали ќе биде плаќањето од час или по завршување на проектот? 3. Дали мора да имаш претходно искуство? 4. Како ги испраќаат парите?payoneer или Scrill и дали таа картичка ја поврзуваме со трансакциската што ја имаме, или каква е процедурата? Ако има некој поискусен би била благодарна на одговорите.
Добро, ќе биде да си препорачуваме и работодавци каде што 'работите' преку upwork. Дали некој пишува текстови и како му оди?
Дали секој месец се обновуваат connects или сега се купуваат, и ако немаш пари како ќе си купиш? Многу е тешко да се добие првата работа... некој да сподели искуство како ја добил првата работа.
Најдобро би било да видиш примери за proposal на google, така ќе добиеш претстава што одприлика треба да пишуваш. Се друго е во зависност од работата и по договор со работодавачот. Тој ќе ти каже дали ќе те плаќа на часови или на фиксна цена, ама најчесто плаќаат на фиксна цена бидејќи нив им е поисплатливо. За искуство исто така зависи од него, некој бара со искуство, некој не, зависи и од работата. Парите се испраќаат на твојот акаунт на Upwork и седат таму додека не решиш да ги префрлиш на картичка. Payoneer сметката не ја поврзуваш со твоја трансакциска, туку ја отвораш преку Upwork профилот, на тој начин не ти бара никаков ибан и свифт и не ти ја поврзува со постоечка сметка. Да, connects се обновуваат на еден месец, а кога ќе ги потрошиш можеш да си купиш нови или да чекаш да ти се обноват. Немам купувано досега ама претпоставувам дека можеш да си купиш на стандарден начин на онлајн плаќање преку картичка. За првата работа да, тешко е, конкуренцијата е голема ама не треба да се откажуваш. Помага ако испратиш proposal одма штом работодавачот ја понуди работата и си меѓу првите кои испратиле, бидејќи колку повеќе време поминува, толку повеќе понуди добива. Ако му се брза, има веројатност да избери некој од најпрвите. Помина времето за едитирање, да се поправам, сега видов дека connects не се обновуваат повеќе секој месец, туку се купуваат. Не бев активна последниот период и не знаев за оваа информација, ама ете сега и тоа се плаќа. Разочарувачки, ама тоа е.
Добро,некој да каже колку пари реално се заработуваат месечно и за колку работни часа се постигнува таа заработена сума? Нели,да го знаеме соодносот-вложено-добиено оти тоа е најбитно кога работиш нешто за ќеш!
Не може никој да ти каже колку пари се заработуваат месечно. Заработката е променлива од месец на месец и зависи од многу работи. Најважно од се зависи што ќе работиш. Најобичен пример, средување документи во Word и Excel не е исто платено со програмирање. Разликата е огромна. Зависи дали воопшто ќе успееш да најдеш работа тој месец, а ако успееш дали таа работа ќе трае само неколку часа или ќе е поголем проект кој ќе трае подолг период. Зависи дали ќе успееш повеќе работи да најдеш за тој месец. Зависи која цена ја нуди работодавачот, а и за која цена ти ќе му ја сработиш работата. Некој е спремен да плати повеќе за да биде сработено побрзо, а на некој не му е проблем да почека неколку денови за да те плати минимално(за истата работа). Значи никој не може конкретно да ти одговори колку се заработува. Тоа зависи најмногу од типот на работа која ќе ја работиш, колку ти се снаоѓаш и трудиш и колку си упорен, бидејќи конкуренција има голема, а без упорност не можеш ништо.
Zdravo, jas sum korisnik na UpWork vekje 1 godina no profilot mi beshe vo miruvanje se do ovaa nedela. Zapochnav da apliciram za rabota i ja srabotiv prvata, no imam prashanja okolu isplakjanjeto na pari. Imam vneseno makedonska transakciska smetka od Stopanska Bitola, no ne veruvam deka toa e validno. Imam transakciska smetka od istata banka za primanje na stranski valuti no ne mi e jasno kade treba da gi vnesam IBAN i SWIFT. Ako nekoj znae i moze da mi pomogne ke mu bidam mnogu blagodarna. p.s Dali ako go povrzam profilot so trans. smetka za stranski valuti dali treba da prijavam vo UJP ili povekje se isplakja da izvadam Payoneer/Paypal karticka? Blagodaram odnapred!
Дефинитивно е најдобро да отвориш сметка на Payoneer. Картичката ќе ја порачаш директно преку Upwоrk каде што бара да внесиш трансакциска сметка. Значи нема да одиш на официјалната страна на Payoneer, бидејќи така ќе ти бара IBAN i SWIFT, а преку Upwork не бара. Со оглед на тоа што се работи за странска сметка, никој нема да има евиденција, па според тоа не пријавуваш ништо во УЈП. Ќе ти стигне за околу месец дена на домашна адреса. Самата картичка кошта 30 долари кои ќе ти ги повлечат штом ставиш пари на неа. Да знаеш исто така дека на почеток земаат плус неколку долари за одржување. На секое префрлање на пари земаат по 1 долар за конвертирање на парите, а исто така и на секое вадење пари од банкомат земаат одредена сума. Никогаш не сфатив по кој основ се пресметува таа сума, ама одприлика за 500 евра ми земале околу 12тина евра плус при вадење од банкомат. Што значи најмногу ти се исплаќа наеднаш да вадиш поголеми суми на пари, наместо повеќе пати помала сума. Дотогаш заработените пари ќе ти седат на акаунтот на Upwork. Сама одлучуваш кога ќе ги префрлиш на сметката на Payoneer.
Јас користам Payoneer веќе три години откако започнав да работам на UpWork и сум задоволна со оглед на тоа што не постои опција за PayPal а префрлање пари директно на сметка тука мислам дека би се одвивало со повеќе провизија. Инаку има стандардни цени од Payoneer, ќе постирам слика доле инаку може да си ги најдете кога ќе се логирате кај Help па Pricing & Fees. При секоја трансакција од UpWork земаат по 1 долар, потоа од Payoneer при секоја трансакција исто така земаат по 2.5 долари (јас ја имам одбрано таа опција за инстант плаќање, инаку мислам дека имаше опција за помалку да плаќаш ама чекаш неколку дена, не сум сигурна, проверете си). При вадење од банкомат од Payoneer исто така земаат по 3 долари. Доколку проверуваш сметка на банкомат пак ќе ти земат 1 долар, за секоја неуспешна трансакција ти земаат 1 долар, сето ова од Payoneer. Инаку одсекогаш знаев дека земаат провизија и нашиве банкомати ама мислам дека земаа според висина на трансакција. Сега последниве два три пати кога вадев пари на банкомат од НЛБ пред да се исплатат парите ми дојде известување дека ќе бидат земени 300 денари за трансакцијата. Така што, се на се, земаат околу 7,5 долари (мислам ). Ама да, сепак би го препорачала Payoneer на секого. Си ја нарачуваш картичката, ти одземаат околу 27 долари за годишно одржување веднаш при првата трансакција и после се расправаш со овие мали трошоци. Исто така би ти препорачала да си ги собираш парите додека не собереш поголема сума за да не губиш пари помеѓу трансакции (на пример, наместо да вадиш пари еднаш недело, би ти препорачала да вадиш два пати месечно или еднаш доколку можеш). Ти посакувам успешна работа! Ја заборавив сликичката, еве ја!
Јас искрено немав проблем со тоа. Зависи што сакаш да работиш, ако сметаат дека платформата е презаситена од луѓе со ист талент како твојот, тогаш не те одобруваат. Моја другарка одбра нешто сосема друго од она што сакаше да го работи, па го смена штом ја одобрија.
Само едно нешто ќе кажам на тие што сакаат да работат на оваа страна... Дека ова е страница каде што треба навистина да седнеш и да го сработиш зададеното. Ова не е страна за кликање за 0000,01 долар. Тука треба упорност и волја пред се, затоа што ако не со упорен нема да направиш ништо, конкуренцијата е огромна. Јас пред 3 4 месеци прашував како да ја добијам првата работа-со упорност, пред се за да ви го одобрат профилот како што праша некој погоре, треба да ставите нешто што е многу ретко, а потоа ќе си го смените во тоа што сакате да го работите. Кога ќе го средите профилот- слика кратко био за вас, skills и ред други работи, треба најмногу да обрнете внимание на proposals, тоа е едно од најбитните работи за го добиете проектот. Треба да се покажете навистина во добро светло, да оставите доверба и проектот да биде завршен одлично. Така ќе добивате клиенти, а тие клиенти ќе ве препорачуваат на други клиенти. Од почеток не очекувајте дека ќе заработите огромна сума, ќе работите и за џабе(пример 5-15$) за мал проект а тоа ќе ви биде отскочна даска. Ако имате прашања подетално, ќе ви објаснам слободно пишете. Ви посакувам успех на тие што одлучиле да заработуваат од ова нема да зажалат.
Пред се сакам да се заблагодарам на сите за одговорите. Lima24 дали може да ми кажеш по колку време се обновуваат connects, бидејќи ги потрошив сите и мислев дека од денес бидејќи е почеток на месец декември ќе ми се обноват но еве сеуште ми се на нула.. знам дека можам да си купам али имам потрошено доволно пари за нивно купување а немам доволно заработено. Што знаеш околу тоа? Дали си слушнала за девизна преку НЛБ? Ми препорачаа и таква опција, и сеуште се мислам.
Сум слушнала секако, меѓутоа не знам како оди таа процедура и мислам дека сепак подобра опција ти е Payoneer.