Те цитирам зошто ме потсети на твоето мислење, ама еве сличен случај каде што му бараат на дечкото да комуницираат на телеграм, тој им пишува и лонг стори шорт го олеснале за $350, класичен скем. https://www.reddit.com/r/Upwork/comments/18ygtcj/project_help/ Се надевам ќе му се најде на некој...
Те цитирам зошто ме потсети на твоето мислење, ама еве сличен случај каде што му бараат на дечкото да комуницираат на телеграм, тој им пишува и лонг стори шорт го олеснале за $350, класичен скем. https://www.reddit.com/r/Upwork/comments/18ygtcj/project_help/ Се надевам ќе му се најде на некој...
Здраво ,вака сега јас отворив профил на upwork и веќе имам неколку клиенти но ми е сомнително во врска со исплатата сите од нив ми кажаа дека или преку paypal или bank transfer е сега дали некој од вас знае и ке може да ми објасни како оди тоа затоа што сум нова и не ми се јасни некои работи
Ти пишува во темава неколку пати дека тоа е против правилата на Апворк, никако не прифаќај да работиш вон платформата, немаш никаква гаранција а може и ќе те банираат од платформата. Башка може да бидеш измамена, може да ти повлечат пари или да бараат да им пратиш прво, а може и да не те платат. Еве дека си почетник и некој совет: не аплицирај ако им е неверифицирано плаќањето, гледај какви им се оценките и од каде е постирачот на работата.
Здраво Работам преку Worksuite платформата, требаше да ми исплатат 250 долари, а имам ставено девизна картичка за наплата и наместено во Евра да ми стигаат парите, ми стигна денеска 210е, наместо 220. Дали некој знае дали е подобро во Долари да стигаат парите за да се зема помала провизија?
Можи да ми кажеш подетално за оваа платформа? Извини, не знам да ти одговорам на тоа што праша, јас се заинтересирав за другиов дел хахха
Здраво, Може да споделите искуство за ВЕВА СИСТЕМИ? Се селам во странство, немам работа и во моментов ми е навистина потребна ремоте работа за приходи. Ви благодарам
Ај да прашам ,дали на овие платформи има работа за едитрирање видеа,реклами и слично,бидејќи имам искуство во таа програма ,и со АДОБЕ?Ако може некој да ми одговори.
Дечки, совет ве молам. Што правите откако по апликација, ви враќаат на пораката и ви велат да се допишувате со директорот преку Телеграм? Што да одговорам?
Ништо не враќај, буквално гледаат да те заебат, најверојатно да ти речат да платиш за нешто па ќе ти ги вратат парите после, стари финти. Никогаш не прифаќај никаква комуникација надвор од платформата, а особено не телеграм.
Секоја комуникација надвор од платформата на Upwork е забранета и најверојатно се работи за измама и нема ништо да ти исплатат. Само игнорирај или пријави ги и не комуницирај никако на Телеграм.
Ништо не вратив. Никако. Туку, кај се клика за пријава? Врска немам. Потребно ли е пријавување или само игнор?
Јас до сега не сум пријавувала а мислам дека е важно тоа да го правиме. Еве линк, мислам дека пишува таму. Се надевам ќе ти помогне. https://support.upwork.com/hc/en-us/articles/211063118-Report-Suspicious-User-Activity
Здраво женски, Може мала помош...нова сум во дигиталниов свет немам профил на упворк ,зашто секско прво ми треба едукација и искуство да можам да понудам некоја услуга...Ја пратам Николина Андриќ на инста,таа искусен виртуелен асистент...и нуди обука ,академија ајде како и да ја наречам со менторство 1 на 1 за виртуелен аситент. Те менторира се додека не најдеш прв клиент. Академијата и е скапичка да кажам 1200 евра што стварно не е малце.. дали некоја од вас има слушнато , некое искуство дали вреди...ви благодарам однапред.Може и во лп да ми пишите. Секој совет е добредојден.
Мислам дека е безвеза. Не дека нема да научиш, но не ти гарантира дека ќе добиеш клиент нормално. Работата на upwork бара многу трпение и упорност. Цената е претеризам, мноогу ќе треба да работиш на таа платформа за да си ги вратиш парите. Јас искрено сама се едуцирав, сè е достапно бесплано на интернет, на youtube има толку многу видеа.. После неколку месеци тек ја добив првата работа за некоја смешна сума. Искрено, јас не би платила, ама баш никогаш за вакво нешто. Среќно..
Ти благодарам Veris...секако и со неа да си под менторство треба сама да се едуцираш нормално...она би кажала ти нуди некоја основа што и може нема дае доволно...јас би се определила на едитирање на видеа,зашто тоа е близу до мојата бранша. Имам работено во телевизија и софтверите за обработка на видеа ми се блиски ,знам сама едноставно да измонтирам и конвертирам готово видео. Меѓутоа не сум пробала да едитирам за јутубери, за подкасти и слично зашто тука треба да знаеш и програми, софтвери за ефекти ,за обработка на фотографии...Јас нешто знам ама не доволно да бидам комплетна...еве ако знаете некои туторијали на српски може да се, пуштете ми да пробам самс да подучувам. Благодарам однапред.
Баш сакав да прашам дали само јас толку време аплицирам на платформава и никој ме нема исконтактирано.. Убаво викаш, упорноста најверојатно ќе се исплати И јас сама се едуцирам преку youtube и мислев дека тоа ми е проблемот што не ме контактираат.. а исто така не им испраќам фајлови на којшто сум работела од причина дека немам ништо поквалитетно што е за пофалба