Одговорот се за во друга држава ама претпоставувам нема некоја голема разлика и ако не се лажам важи и за во Македонија.
Здраво девојки, дали имам шанси да најдам работа full time remote на upwork или linkedin, знам дека има премногу конкуренција па заради тоа и прашувам дали има шанси, дали треба да сум упорна повеќе?
Чисто за информацијава, овоа го начекав на нет. Има убаво објаснето како да се пријави данок за фриленсери.
Дали има некоја што работи преку Upwork? Како оди процесот со плаќање, преку која картичка? Сакам да почнам па искуства од прва рака ми се добредојдени.
Ја не би ти го препорачала сега Upwork. Порано беше подобро, сега многу знаат да те скамнат со тоа што ќе изработиш да не ти платат. Ја предавав англиски јазик на група деца од УАЕ (онлајн без вклучени камери) и добро ме исплатија, после тоа имав некои проекти како Content Creator, душа ми излезе со менаџерот додека си ѓи земам парите. Истото и се случи и на другарка. Она со години работеше преку Upwork и сега престана од овие исти причини. Треба да си купуваш connections да за аплицираш за работа. Сега не ни ти даваат feedback за тоа дали си ја добила работата или не. Исто така на секоја апликација за работа ти зимаат конекции и не ти ѓи враќаат, пошто ако те одбијат ти ѓи враќаат конекциите назад. Јас на тие што работев ме плаќаа преку Payoneer. Треба да си аплицираш за таа картичка и да ја поврзеш со SWIFT број кој што банката ти го дава. Пробај си, ама не би ти препорачила.
Колку што се сеќавам порано мораше прво клиентот да ги плати парите пред да почнете со работа (откако ќе склучите договор), за да не испадне на крај да не плати. Па, откако ќе се затвореше договорот, парите доаѓаа на твоја сметка. Не е така сеуште?
Не, сега изработуваш па те плаќаат и кога ќе дојде време да ти платат ќе ти напише демек нешто не е задоволен од тебе, ти реков, ми рече.
Не е точно ова, Upwork ги зема парите од клиентот и се заштитени потоа ако ти е фиксен договор кога ќе завршиш ти плаќаат, ако ти е на саат секако ти се исплаќа, порано беше така и сега е така, може ти си работела со клиенти кои немаат верифицирано плаќање и со самото тоа не може да ти се исплати. Јас работма на Upwork и до сега со плаќање не сум имала проблем. Ако има некој незадоволен може да отвори диспјут ама ти ќе кажеш дека твојта работа е завршена ако е завршена и нема што тука да не ти се плаќа. Дали ти работиш сама или преку агенција на Upwork? Ако е преку агент можно е они да те лажат дека клиентот не платил зошто ти немаш увид во договорот. Јас работам од 2015 на Upwork и сум топрејтед, буквално ни еднаш не сум имала проблем со плаќање. Инаку сега е полошо од аспект што има вече голема конкуренција и цените се многу опаднати, јас наплаќав 25 долари од саат и работев многу, сега веќе ретко можам да најдам проект за таа цена, не ми се ни исплаќа да работам. Конекциите се во ред работа, барем знаеш дека не аплицира кој стигне на работа, онака имаше фриленсери што аплицираат на се што знаат и не знаат. И секако дека се добива фидбек дали си добил работа, има договор. Ти веројатно работиш преку друг штом имаш вакви проблеми.
Според твое искуство, стигнуваат ли месечните connections за да фатиш проект, или мора да си платиш да имаш повеќе? Знам дека е индивидуално, ама од лично искуство тебе како ти е. Не сакам да испадне да влезам во минус наместо во плус.
Ако аплицирш на многу проекти а ако си нов претпоставувам дека аплицираш, нема да ти стигнат. Ако со тек на време научиш кои се сигурни зделки и за кои имаш шанса и аплицираш само на тие, да стигнуваат. Јас последната година искрено запоставив фаќам само по некој проект ако ми се види ок, зошто имам дете за кое се грижам сама, мм е во странство и немам толку време. Порано дефинитивно беше подобро и поисплатливо за работа, сега не толку, ама пак знае да излезе некој добар проект. Е сега не знам и во кое поле работиш,, јас сум дизајнер на мебел и ентериери и тоа ми е примарно поле, ама имам и профил за илустратор и работам и на илустрирање детски книги, тоа е малце потешко за зделки. Ама пак ќе кажам конкуренцијата е толку голема и толку се намалени цените што не ми се веќе исплаќа да работам, зошто еден реален проект од тука ми е подобро платен него вака.
IT сум, конкуренцијата е преголема знам, општо и за фриленс и за работа во фирма да си најдеш. Имам добро портфолио, го верифицирав профилот, имам работно искуство (сеуште работам), па ќе си ја пробам среќата и тука. Ти благодарам многу!