Жал ми е што ќе те разочарам ама според новата политика на UpWork од минатата пролет мислам, connects нема да се обновуваат веќе туку ќе мора само да се купуваат по 0.15 центи мислам. Провери на нивната страна за сигурна информација. Демек вака ќе се намалела конкуренцијата, ќе немало напразно аплицирање на проекти бла бла бла а уствари е само уште еден начин да земат пари.
Еве вака за connects сега има ново правило а тоа е дека веќе не се обновуваат месечно па ќе мора да си купиш, претпоставувам дека веќе имаш купено и знаеш како оди тоа. И јас на почетокот давав многу пари за тоа а заработував помалку, но не се откажувај, и не ги троши кредитите на работи кои што не ти одговараат. Најди работа и аплицирај за таа работа ако мислиш дека ти одговара и си сигурна/сигурен дека можеш да ја добиеш. Се надевам ти помогнав, ако имаш уште прашања слободно пиши.
Dali ste slushnale za SKRILL, i dali moze nekoj da mi objasne kako raboti, dali e korisno, dali e dobra opcija...?
Ај ве молам за помош, како да попилнам адреса за картичка Payoneer? Живеам во зграда и ќе пишам улица St _____ #12 1/10 или како? Според упатствата одам што им се напишани и не сум сигурна дали ми е точно/?
Kako se odviva procesot na isplakjanje za mojata rabota? jas seushten ne gi imam zemeno parite od UpWork tuku mi stojat na profilot. Dali preku SKRILL mozham da napravam da mi gi isplatat bez da pravam smetka za stranski valuti?
Ако работиш на Upwork, најдобро е преу платформата во делот за плаќање, да си отвориш сметка на Payoneer. Штом ти стигне картичката на домашна адреса, ќе ги префрлиш парите од акаунтот на сметката на Payoneer и преку картичката ќе ги извадиш од било кој банкомат.
Имам едно прашање. Ако аплицирате и добиете работа но не ја завршите како што треба или работодавецот не е задоволен односно не е тоа тој што го бара дали само се прекинува соработката или како?
Се прекинува соработката, нема да ти ги пушти парите за таа работа, меѓутоа многу ти го паѓа профилот, бидејќи значително го намалува Job Success Score, а ако работиш знаеш и сама колку тешко е да го кренeш.
Прва работа ми е на upwork затоа незнам а всушност не знам ни дали ке успеам да ја завршам како треба многу непознати работи имам
Па искрено не требало воопшто да се нафаќаш ако не си сигурна дека можеш да сработиш. Доволно е еден лош feedback да ти остави, за никој да не сака да ти даде работа во иднина. Ем видливо е за сите, ем ти го паѓа многу Job Success Score кој потоа многу тешко се крева. А многу често работодавачите бараат JSS да ти е над 90% за воопшто да те разгледаат како кандидат.
Ова е во врска со Payoneer. Треба да се јавам нешто во врска со картичката. Дали контакт центарот е бесплатен или се наплаќа?