Не грешиш никаде. Добар ти е пристапот. Така се почнува. Буквално преку година дена работев за смешни пари. Отприлика саат време работа ми носеше некои смешни 100 денари, па дури и помалку кога ќе ги пресметаш сите даноци. Но мора да си упорна. Едноставно конкуренцијата е преголема. Ако мене ми се чинат 100 денари за саат време како смешна цена, Индиците буквално се тепаат за 50 денари, а очигледно завршуваат добра работа, па ги вработуваат повторно и повторно, и така се во круг. Напиши си некое генеричко писмо што ќе го праќаш со секоја апликација. Праќај им примероци од претходно изработени проекти. Ако немаш такви, тогаш изработи колку да имаш што да пратиш. Ако видиш дека за одбраната работа аплицирале веќе 10 па и 20-50 луѓе, нема поента да аплицираш и да си ги трошиш connects. И не се откажувај. Треба многу време, трпение и посветеност ама ќе вроди плод евентуално, како и се во животот.
Ти благодарам многу, ми требаше ваква поддршка не се сетив да гледам колку луѓе аплицирале и мислев дека со тоа што ќе ставам 2$ за цел проект ќе помогне, но како што викаш има секогаш такви што ќе сработат и за помалку. Сепак не се откажувам, не можам да изгубам ништо
Истиот проблем го имам и јас, аплицирам,праќам примери и немам никаков повратен одоговор досега, т.е. не ме ангажирале на ниеден проект. Навистина незам каде грешам.
Не го правете ова, барем не на Upwork, ќе бидете означени како спамери за ден-два и ќе ви го банираат профилот. Направете си генерички, но и за секоја работа додајте нешто различно и поврзано со проектот кон кој аплицирате. Почетокот е тежок, меѓутоа се исплаќа. Треба да сте упорни. Да, има многу индијци кои работат за џабе, но не значи дека е тоа квалитетно. Исто многу е важно кога аплицирате да внимавате на граматички грешки. Смешно е ако во апликацијата се промовирате како detail oriented, а притоа делувате неписмено. Ова барем денес со спел-чекери и апликации како gramarly е лесно.
Исто гледај и работодавецот кое ниво го бара. Ако бара со intermediate level, значи не бара и најевтино, туку се спремни да платат повеќе за добро сработен проект. Инаку, најмалку што може да се нуди е 3$ на час, не знам како нудите за 2$ кога самата платформа не дозволува помалку.
@Elence93, јас би ти препорачала да си направиш блог со дел од твојата работа (не видов што работиш, но што и да е, покажи нешто). Не се согласувам со советите на @Arja. Прво, ако работиш за смешни пари не може да привлечеш сериозни клиенти. Пријавувај се на сериозни огласи и стави си нормална цена. Ако одиш многу ниско со цената одма претпоставуваат дека си на подолно ниво, ко Индијците и Пакистанците едно време што спамираа. Нив не ги вработуваат добри клиенти, туку исти како нив - им треба безвезна работа колку да стават нешто на сајтовите. Сериозен клиент бара комбинација од нормална цена и добра работа. Генеричко писмо никако. Ќе напишеш зошто си добра за конкретната задача, значи да види клиентот дека си посветила време да прочиташ што му треба, и можеш да му понудиш точно тоа. И упорност, многу. Тешко е додека го најдеш првиот/вториот клиент.
Жал ми е што не се согласувате со моите совети, но тоа е океј. Се што споделив, беше од мое лично искуство. Како делот со писмото - мора да имаш нешто скоцкано кое ќе те прикаже во добро светло. Секако поголемиот дел од понудите имаат додатни прашања на кои ќе треба да одговориш и кои најчесто се директно поврзани со работата и се работи кои ги интересираат работодавците. И нормално дека се ќе прилагодиш според барањата на работодавецот. И да, на почеток треба да поработиш за смешни пари. Слично како и кога би се вработила во Македонија или било каде, почнуваш за некоја основна плата па одиш нагоре и нагоре - така и овде. Се работи за тоа да можеш да изградиш слика за себе, па и портфолио. Да имаш што да прикажеш кога ќе аплицираш за следната работа. Освен тоа, ако работиш за ист работодавец подолго време, ќе имаш лице и да побараш покачување - пак ќе кажам, слично како и кај нас. Не можеш од прв ден да бараш нормална цена па дури и висока а немаш што да прикажеш, освен твојата апликација. Како и да е, овие совети мене ми помогнаа да се стекнам со Top rated, 100% success rate, па кој сака нека ги следи. Секако дека нема да му се допаднат, ниту бидат корисни на секого. Ги споделив со надеж дека на некој, како мене кога прв пат почнував со ова, ќе му бидат од корист. Едноставно се работи кои мене ми беа кажани на почеток и работи кои сама ги откривав и сфатив дека се корисни и посакувам да имаше некој да ми ги каже истите мене. @babybubu @Elence93 Заборавив да ви спомнам претходно - Разгледајте ги оние огласи каде што е напоменето дека почетници се добредојдени. Имам видено многу такви од различни сфери.
Благодарам за исцрпниот одговор а инаку цело време да аплицирам на entry level. Исто имам темплејт на proposal кој што секако го менувам во зависност од работата но еве до сега не ми се посреќило.
На тоа и мислев кога реков да си подготвиш писмо. Патем мислев на тоа да аплицираш на огласи на кои е напоменето дека бараат нови корисници нешто во стилот на "New writers are welcome" "New users are welcome" итн. Барав оглас за пример но не успеав да најдам. Ќе се посреќи кога-тогаш. Само внимателно одбирај ги огласите на кои аплицираш. Штета што сега connects се плаќаат, а не е како порано кога сами се обновуваа на месечно ниво. Наводно е техника за намалување конкуренција, ама јас не гледам голема промена во тој поглед.
Никој нема да ви каже за кој работодавец работи или магија да добивате повеќе работа затоа што сте му можеби директна конкуренција. Сработете проекти за себе, направете портфолио и нудете се за задачи за кои сте сигурни дека ќе ги сработите екстра добро. Офлајн сте затоа што не аплицирате за работа ниту имате активен договор. Конектс се рефундираат на некои огласи ако не те примат. Не аплицирајте на почеток на огласи на кои имаат веќе 10+ аплицирано. Не праќајте генерички copy paste апликации!!!! Веќе пишале, многу бргу ќе ве блокираат за спам. Прогуглајте има добри водичи за почетници на Upwork. Еден куп срби има на Upwork со екстра профили. Седнете на udemy ислушајте некој курс плус, некоја вештина како бонус. Во врска со работа за ич пари, хипотетички почнувате со таск за 3$, на клиентот му се допаѓа вашата работа и ви праќа нови и нови таскови и се убивате од работа што е супер- ама за мизерни пари. На крај на договорот имате 10milestones за 30$ од кои 20% ви зема upwork, 1$ payoneer за да ги префрлите на картица итн. Мојот прв договор за една задача беше за 12$, клиентот беше задоволен и продолжи со по две задачи неделно, четири месеци. Замислите сега да беше за 3$, што ќе добиев тогаш.
Секој со своето искуство. За секој проблем има некој што веќе го поминал и пишувал опширно по блогови и форуми, кои мене доста ми помогнаа на почетокот. На Upwork има и блог и форум- community и има буквално сѐ во врска со односи клиенти, со работи итн. Во врска со аплицирањето, често ми се случувало со пократки proposals да ме најмат. Некогаш треба да си меѓу првите, некогаш не. Кога аплицирам секогаш гледам која е највисока и најниска цена од понудените и колку аплицирале. И доста е важно да ги гледате претходните работи на оној кој нуди работа, има и доста кои ја користат платформата за експлоатација на почетници или за инат даваат лош фидбек.
Дечки не се откажувајте, не е лесно и немојте да мислите дека од прва ќе ве изберат токму вас, да има и такви случаи но се многу многу ретки. Имам пишувано на темава еве пак ќе објаснам мое лично искуство. Првата работа ја добив после 1,5 месец и тоа за 25$. Немојте да мислите дека одма се заработуваат милиони и многу е лесно. Ама немојте ни да работите за 3$ ценете си го својот труд. Зависи и што работите, која категорија на работа, конкуренција колку има. Погоре убаво пишаа некои членки дека не треба да праќате proposals над 10+. Гледајте секогаш да сте меѓу првите и така имате повеќе шанси да ја добиете работата, барем кај мене било така. Гледајте reviews да ви бидат со 5 ѕвезди. Тоа е отскочна даска за следна работа. Пишувајте добар cover letter, и тоа игра голема улога. Се на се, ви посакувам среќа и никогаш да не се откажувате од тоа што го сакате. Ако имате некаков проблем или нешто да не ви е јасно слободно ќе ви објаснам пишете.
Има ли нкој работено на АПЕН? не можам да најдам таква тема, ако има префрлете ме и исто ако има некој таму аплицирано нека ми пише
Дечки, која е процедурата за пријавување и плаќање на данок? Пробав да најдам на страната на ујп и не се снаоѓам баш.
Дечки, вие што работите со payoneer во тек ли сте со ситуацијата, добивте ли меил? На кратко, нивниот издавач на картички WireCard банкротирал и сите средства што ги имаме на payoneer картици се замрзнати. Невозможен е и прилив и одлив на средства. Единствемо засега даваат опција за идни трансфери да си ја конектираш мк банка директно на овдешна сметка да префрлаш идни пари. До кога, не се знае, наводно гарантираат дека нема да бидеме погодени. Јас последно завчера плаќав со картицата и се си беше ок, денес веќе сите се жалат дека им ги одбиваат трансакциите.
Би требало на сите корисници по автоматизам да им е пристигнат истиот меил со истата порака. Искрено, јас лично не планирам да ја поврзувам картичката со банката овде кај нас. Верувам дека брзо ќе си го решат проблемот затоа што сепак и во нивни интерес е да го направат истото. Па ќе видиме.
Ме пречека и мене мејл за добро утро. Доброто е тоа што ги извадив парите пред време без да знам што следи, а лошото е тоа што за во иднина не знам што би правела. Во моментов не размислувам воопшто за поврзување на мк сметка, ќе чекам некое време да видам како ќе се одвиваат работите. Искрено се надевам дека се ќе биде во ред и ќе најдат решение за сите што побрзо. Ова ви е поука дека парите не треба да ги оставате да ви стојат на картица или во банка или на сметка. Јас ги повлекувам истиот ден кога ќе легнат. Не знам како се случи ова да дојде до банкрот. Сигурно имаат проблем со берзата или хакер. Ако имате нови информации ве молам споделувајте, ова е нов проблем покрај короната и тоа доста сериозен за тие што заработуваат онлајн.
Се спомна дека претходниот CEO на WireCard е уапсен поради проневера пред неколку дена, по што фирмата прогласила и банкрот. Во Германија постои закон со кој се вели дека фирмата може да продолжи да работи но само доколку најде инвеститори. Пак ќе кажам, се надевам дека најскоро ќе си ја средат ситуацијава. Тешко дека некој ќе се нафти да поврзува картичка со наши банки.
Се надевам и јас на добри вести. За поврзување со банкиве наши малку тешко ама ако нема друг начин во најскоро време а парите мора да си ги повлечеме тогаш ќе мораме да поврземе до банка. Ако имаш информација како се прави тоа слободно сподели, јас не сум запознаена кои документи ги бараат.
Немам поим навистина, никогаш не сум била заинтересирана за таа опција и поради тоа не сум ја истражила. Би ти рекла да се обратиш во банка, доколку се решиш на тоа, но не знам колку ќе бидат запознаени.