Фала ти. Имам јас сметка, свифт ибан, се. Ми имаат праќано претходно пари од странство, знам како оди процедурата. За пајонеер е малку зезнато како што читам бидејќи им барале америчка виза на некои Најверојатно зависи од банката, за НЛБ читам порелакс е, ама од друга страна па си викам УЈП да не ми прави проблем после, оти кога префрлам од пајонеер на овдешна сметка всушност си префрлам од една на друга моја сметка пари. Едната е во Америка, другата тукашна. Е сега нели не е дозволено да имаме сметки надвор од државава? Леле, врска неам што да правам, ова со картичкиве го направија Имам приливи, работам со странство, не знам колку можам да чекам пред да морам да повлечам пари.
Добро ги одмрзнаа барем парите Јас одлучив да ги чекам новите картички. Имам девизна во НЛБ и стопанска,ама да не гњават навистина со визи и глупи документи.
Уште нема официјално известување. Иако мислам прочитав дека картичкиве ќе работат и по 6-ти и дека ќе има опција и новите приходи да се префрлаат на нив се додека не добиеме нови
Payoneer враќаат на старо, дозволено е префрлање на сметка и користење на картица како порано. Мојата картица е од старите што не обврзуваше внесување iban на мк банка и нормално не ми е врзана. Искрено и не ми се исплаќа пошо ми е side gig што ја работам кога имам време, а не редовна работа. Доволно е данокот што го плаќам на државава од платата што ја земам во мк, гледам и тој ептен корисно го употребуваат.
Верувам дека ќе бидат готови во најскоро време. Нема никаква официјална информација во врска со датумот. Ама и на нив им значи многу, и тие губат многу пари на овој начин, џ Конечно добри вести. Не се ни сомневав дека за брзо ќе го решат проблемот, кога само ќе помислам колку пари губат во секоја минута од кога почна целиов циркус.
Лудило беше викендов со целата ситуација, ептен бев напната иако свесна бев дека мора да се среди во брзо време поради бројот на луѓе кои ги засегна ова. Конечно денес ми олесна ептен кога кажаа дека се враќаат во нормала
Нема да има нови картички, продолжете си да си префрлате на payoneer можете да вадоте пари од банкомат или да плаќате на пос терминали. И мене ми е од старите картички па не требаше да се врзе ибан и свифт. Ако имате редовна работа а со тоа и приливи секој месец не мора да се плашите слободно можете во банка да си ги повлечете парите секако со плаќање данок. Инаку УЈП како институција има целосно право да побара за финансиите на секој граѓанин на МК што поседува payoneer. Така да најдобро е да си пријавувате данок.
Здраво, Ме интересира дали некој има искуство со Upwork и ако да, каков тип на работа сте извршувале?
Јас сум истражувач, едитор и писател на академски трудови, блогови, articles на теми поврзани најчесто со медицина, нутриција, здравје. Медицина учам и сакав работата да ми е во тој домен.
Ууу добра идеја. Јас сум студент на фармација и решив во слободно време да се бавам со freelancing, но да бидам искрена малку ми е страв/тешко да почнам. Само што ме примија на Upwork. Што би си препорачала себе кога би била почетник повторно или што совет би ми дала мене како почетник?
1. Убаво разгледај и разбери како функционира Upwork, разликата меѓу работа на саати и работа со milestones, процесот на плаќање итн. 2. Научи како да се заштитиш себе од измама, но исто така и да знаеш да му угодиш на клиентот, биди учтива. 3. Убаво читај ги барањата на клиентот и аплицирај САМО на проекти кои што си СИГУРНА дека можеш да ги завршиш 4. Почни со мали проекти и не си троши connects на проекти што се преголем залак- ease into it. 5. Биди учтива со клиентот и пробај да направиш сѐ за да ја завршиш работата. Од моето искуство до сега сфатив дека тоа премногу го ценат- ме платиле + ми оставиле "бакшиш" иако не можев да си ја завршам работата комплетно (клиентот не ми даде доволно инфо, а го немаше до крајот на рокот за проектот) 5. На почетокот нема да заработуваш многу пари, но оваа работа е работа со "градење" и за брзо време, ако си упорна ќе имаш резултати. 6. Ова е работа како и секоја друга, дури и понапорна некогаш, не е толку лесно како што звучи "работа од дома" . Сум работела по цели ноќи и сабајле од 8 сум била на факс до 16ч. Во слична ситуација сме, и ти си студентка, ќе мора да се организираш мноооогу добро за да се адаптираш на ваквиот живот. За крај, со упорност, ова може да ти стане едно интересно искуство и добар начин да си имаш твои заработени пари кои може да се доволно за џепарлак, а може и да се повеќе(или помалку) од тоа
Дали некој успешно извади пари од банкомат со Payoneer картичката? Притоа не мислам на оние замрзнати средства, туку на нови средства префрлени во скоро време од UpWork.
Јас извадив од старите средства прошлава недела, после гледам баланс блокд кога се логирав. Нешто привремено е или само кај мене е така?
И јас ја искористив картичкава изминатава недела да платам со старите средства, но откако префрлив нови не сум ја употребила - ниту за плаќање, ниту за вадење пари од банкомат. Провери дали ти е стигната истава порака во известувања на Пајнонир. Би требало да биде последна. Подоле во пораката ќе наидеш на опција - top up your card, така некако им е наречена. Имено, од сега па натаму, имаш избор да ја активираш или деактивираш таа top up опција. Треба да ти биде активирана за средствата да доаѓаат на картичка и потоа истите да можеш да ги искористиш. Малку е веројатно, но дали можеби немаш платено годишен fee на Пајонир па поради тоа да ти ги блокирале средствата? Друга причина не ми текнува, иако како што реков малку е веројатно и тоа затоа што би си повлекле пари сами како и што прават штом дојдат средства.
Сте ја качиле ли до сега наплатната тарифа? Како сте го направиле тоа за старите клиенти со кои редовно соработувате?