1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа преку лето

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Има некоја работа за малолетни (за работа во кафиќи воопшто и не прашувам) која што може да се работи преку лето и да ти се наплаќа работата дека сепак немаш ни средно завршено ?
    (Не планирам да работам и моите нема да ми дозволат (татко ми вика до 18 години па и додека не најдеш работа ние те финансираме и сме должни да ти обезбедиме школување и се што ти треба, ко ќе завршиш и се вработиш тоа е веќе друго), но ме интересира чисто информативно дали има некоја работа па макар и од дома ја работиш, а пак ти стигнува плата и си малолетен.
     
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Јас сакам преку летото да работам иако имам само 16 год :) Слушам дека многу деца на мои години работат па и јас сакам :D Зошто дома да седам кога можам да заработам нешто а и плус да запознаам нови луѓе..Каква работа би ми препорачале и дали знаете како да најдам во Струмица?
     
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас прв пат почнав да работам на 15 години во Грција, татко ми одеше со години таму на работа и еден ден брат ми му рече дека сака и тој да проба да работи со него па ако е ок ок, ако не ничто и прво не му дозволуваче но потоа супер се снајде и почна како келнер да работи и истото и јас, од љубопитсво и јас сакав да пробам да работам и тоа во бутик, и така работев тоа лето окоу 3 месеци и бев презадоволна, си собрав мои парички и си реков следното лето повторно одам со сигурност. Така и беше и од тогаш си работев секое лето додека одев уште на училиште, а потоа почнав повеќе и повеќе да останувам и ете ме сега цели 11 години сум во Грција, мажена сум и ми е супер, само што за жал во последниве месеци се осеќа страшно многу кризата и енма работа, се бркаат тие што веќе работат и е многу лошо :(
    Дај Боже да се оправи ситуацијата, ако не тогаш ќе бркаме на друго место, Австралија на пример, која ми е и животна желба :P
     
  4. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Јас на 14 години во парфимерија ... и баш она супер само еден месец и една смена :)
     
  5. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Јас почнав да работам на 16 години....работев во пекара , значи печев бели пецива,правев тостови кафиња , служев , продавав сладоледи....сето тоа два месеца и ми беше супер.Запознав многу луѓе научив да бидам одговорна а и парите добро ми дојдоа :lol: после тоа цело време работам ( бев шанкерка во еден ресторан па летото пак во пекарата , па во дуќан на татко ми за водовод и сега сум во спортска обложувалница ) :D :D :D е сега без работа не можам да се замислам и :!: плус одам на факултет :angel:
     
  6. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    јас почнав да работам на 17 години, работев на една изложба на накит во Охрид и баш ми беше супер работата, тоа што јас го изработував од накит го продавав инаку сега и за ова лето се надевам дека пак ќе работам некаде зашто неможам да си замислам цело лето да седам дома ќе полудам :D
     
  7. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Првата работа на 18 години во кафич....800 денари дневница плус на газдата му се свиѓав па не ме замараше...идев колку да ми помине денот... Само со татко ми имав проблеми, кога дозна дека ќе работам шизна. 3 недели не ми праеше муабет, среќа мајка ми го среди :)
     
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Лесно е да живееш у туристички град ама у помалите градови нема и јас ќе барам овече оваа лето :) :!:
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Претходното лето работев во Институт кој е во склоп на Железара.
    http://www.rzinstitut.com.mk
    Бец таму цел месец, дневница имав 400 денари и работев 8 часа дневно.
    Ми беше преубаво, премногу топло ме примија, ми покажаа што како. Си го научив идниот занает што би се рекло. :D
    Ова лето планирам пак да отидам, 2 недели, ништо повеќе. Немам време ни за толку, но ајде.

    Родителите не ми даваа, ни под нула разно се додека не кренав бунт дома дека било ми дадат, или не ќе почнам да работам. Знам дека е мајка ми паничар па споменав кафуле, и работа до сабајле, одма подгреа каблите и ме пикна во Институт. :lol:
     
  10. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    Јас оваа година најдов работа во охрид на шанк на плажа , но да ви кажам малку се плашам бидејки неам искуство во шанкер...Може некој да ми даде совет како оди шо оди од прилика... :$ :?:
     
  11. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Леле јас премногу сакам д анајдам работа, ама мал град е ова тука, нема кај. Сите си имаат работно место и никој не те прима тебе за 2 месеца. А мала сум за во кафич, па изгледа пак дома ќе седам. Ех да можам да најдам нешто :worried:
     
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Имам желба да работам, но со моите 15 години никој не би ме примил за работа, а за плата да не правиме моабет. Но платата не е пресудна за да не ја остварам мојата цел да работа, затоа сега почнав да барама волонтерска работа. Ептен сум среќна што ке почнам со волонтирање наредната недела.

    Не ми треба плата, но сакам да излезам дома, подалеку од населбава, да запознаат повеќе пријатели, дружење, не е на одмет и работат. Па тоа е прекрасно искуство.
     
  13. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Каде ќе волонтираш? :)
     
  14. vesevska

    vesevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    и јас имам 14 год. и прочитав погоре коментар од Rose96 дека работела во парфимерија...во кој град е тоа и која парфимерија? :) ако може и некој предлог да ми дадете за работа овие 2 месеци,фала однапред :) :*
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Еве јас живеам во помал град и да ви кажам многу е полесно да се најде работа сезонска отколку во Скопје бидејќи малите градови живнуваат во лето а во Скопје тогаш помалку има народ. Плус во помало место ги знаеш сите па си немаш работа со секакви будали. 6 години по ред работев преку лето и тоа најмногу по еден месец на различи професии. Потекунвам од угледна и богата фамилија па на моите едвај им докажвв дека ако си шанкерка не правиш ништо лошо. Ако пристојно се однесуваш и облекуваш се е ок/
    Леле сега си го вратив филмот кога прв пат заработив 200 денари хахахаха сум ги гледала ко да не сум видела пари. Заработката не е голема ама пак твои пари се. И плус од тогаш почнав да ги ценам парите тогаш а и научив многу од уличната школа без која не се може
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас од утре тргнувам, ќе работам во фабриката на другарка ми заедно со уште неколку другарки. До крајот на месецот додека не одиме на одмор ќе си поработиме таму, што ќе ги мериме улиците таму поинтересна си ја правиме. Едвај чекам да дојде утре :)
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Јас сакам од догодина да почнам да работам нешто ама само прва смена бидејќи сакам да си бидам слободна навечер да искачам, одсабајле и онака немам што да правам. И не би работела како келнерка бидејќи сум доста несмасна и би искршила се. Би работела во продавница да продавам или да местам и диплам алишта или нешто слично. :)
     
  18. vesevska

    vesevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    а од кој град си? :) ај извести ако најдеш нешто ;) :*
     
  19. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Интересно е, си го пополнуваш времето кое најчесто во лето е празно и досадно. Се разбира доколку немаш обврски. Си планирав уште пролетта дека ќе работам летово, барав месец-месеципол, ништо не успеав да најдам, и се откажав. Не била толку силна желбата :)
     
  20. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    Јас иако имам 13 години си работам преку лето,оваа година на другарками татко и има дуќан за бижутерии и ни даде прстенчиња,ланчиња некои алки,обетки и на штафелај ги закачивми и пошто отидовме заедно на одмор пордававме и за две недели собра 80 евра и ормално му плативме него и по 20 евра за нас ;)