Дечки а јас сакам да прашам нешто друго Дали некој знае каде може да се пожалам за доставата на порачките.Во последно време ниеднаш ја немам добиено навреме некогаш и наместо во вторник во петок ја добивам.Ај да е за мене и не е толку важно али имам луѓе што нон стоп ме прашуваат а јас секогаш испагам во лага.не се одговорни овие од глс воопшто.Ми даваат изговор дека не стигнале.дали на некој друг му се има случено истиот проблем?
@apricot Порачки од четврток, секогаш треба да се доставени во вторник, а порачки од понеделник се доставуваат четврток и петок. Е сега ако разликата кај тебе е поголема и ти каснат со денови, јави се во авон кажи им, и апсолутно се сложувам за ГЛС, нема понеодговорна фирма од нив. Толку се некултурни, неспособни тоа чудо едно. Се однесуваат како да работат со овошје на тезга на пазар. Јас еднаш се имам јавено ама не во авон туку кај нив затоа што во нив е грешката, од авон кутиите апсолутно секогаш на време се предадени. Нивниот број е 02/2780244, јави се, пожали им се.
Абе неколку пати ми се има случено ке порачам во четврток дури наредниот петок ми идат,катастрофа кутиите смачкани како да има паѓале некаде а пред тоа мн поуббаво беше..во моето 10 годишно искуство со авон ова го немам видено.сепак @CirezD фала мн за бројчето обавезно праќам поплака позз
pred malku bev vo avon vo princ da naracam nesto i gi vidov slucajno maskarite shok za 150 denari i ja zemav samo sto stignav doma ja staiv prekrasna e akcijata trae do krajot na 7 brosura pa koj saka neka pobrza da ja zeme za 150 denari vo avon vo princ market topansko pole http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/p/mk.html?make-up/eyes/p/0934-0 ova e taa maskara sto zboruvam
Ме интересира дали специјалните интернет понуди само за представници влегуваат во бруто сума за попуст и за исполнување на условот за 2-ро и 3-то ниво за подароци. Второ прашање. Дали можам сега да порачам подароци од 1 и 2 ниво (имав над 3500 ден двете кампањи) а во наредната кампања да си порачам за 3-то ниво (ќе имам над 22000 сигурно). Ако порачам сега од 1и2 да не рачунаат дека тоа ми се подароците па да не ми пуштат од 3-то. Малце не е објаснето убаво.
Не, во бруто сума за попуст влегуваат само производи од брошура, од мини-брошура кога има и флаерите налик Шик Бутик. Демо и нето производи (без разлика дали од нетниот флаер или од специјална распродажба) никогаш не влегуваат.
Грешка си сфатила. КОлку порачки имаше овој месец, а колку минатиот? Ако порачките што ќе ги направиш следниот месец, заедно со двете од предходните 2 кампањи вкупниот износ на сите 3 им е над 22 илјади денари тогаш ќе можеш да си порачаш три подароко, еден од ниво еден, еден од ниво две и еден од ниво три. Ме сфати?
Девојки да платам последната нарачка ми се паѓа другата недела во сабота на 30. Ама нема да можам до тогаш да ја платам па планирам на 1 или 2 јуни вторник да ја платам. Дали може да ми ставам камата или нешто ако задоцнам 3/4 дена?
@eloves Нема да ти стават, камата ставаат ако од рокот на плаќање на пример до 30ти, после 30ти истече цела кампања, или попросто од рокот на датата да истечат точно три недели, во твојов случај камата би ставиле на 16ти Јуни.
Дали може порачка да пуштам во петок? Знам дека има опуси во понеделник и четврток, ама денес не сум во можност да ја платам фактурата, па мислев утре. Ќе можам утре да ја пуштам или треба да чекам понеделник?
Можеш да пуштиш утре и ќе ти се фактурира во вторник (бидејќи понеделник не е работен) и ќе ти стасаат во петок, а во случај да имаш кредитен лимит можеш и денес да ја направиш за во среда да ти стигнат.
aj ako moze nekoj toa na avon da go vidi narednit katalog 8 2015 stoe dali izlegol sto se menja url adresata ako e izlezen neka pusti llink posto kaj mene e sab internetot falla odnapred
Девојки ај едно прашање.. Дали поради празникот во понеделник последниот ден за порачка ќе се премести за во вторник? Благодарам однапред !
^ Јас не сум сигурна, обично има известувања за неработните денови, но овој пат нема, пушти си ја порачката во понеделник за сигурно, па дали ќе се фактурира понеделник или вторник не е толку битно
Го меркам веќе некое време и таман јас се одлучив да го порачам, го нема на залиха (Се извинувам за офтопик) Да не го има некоја од вас истиов?
Да но мене ме буни тоа што од понеделник почнува друг месец, први е па затоа помислив да не ми стават камата. А и кога би ми ставиле камата колкава би била таа камата?