^ Нема врска месецот, така се брои камата кај нив, по кампањи. 300 денари е каматата, доколку долгот помине две кампањи каматата е 600, итн за секоја кампања +300 ден.
Преместено е, баш сега уклучив за да пуштам порачка и ми се уклучи известувањето дека трае до 27.05. до 06:59. Значи последен ден е вторник.
aj proverete na internet za noviot katalog na avon 7 katalog traese do vcera a deneska da se izkleze nov i uste go nema aj ako kaj vas go ima ili otvara i pratete mi link plis fala odnapred [mesko]
Срцки како иде работава со авон ? Сакам да ве прашам дали некоја од вас го има порачано едноделен костим од мини брошурата. Јас го нарачав целосниот костум за капење од авон ама воопшто не ме бендиса. Нема push up . па сега се мислам дали да го порачам ова ...би била среќна доколку некоја ми пише во порака за за овој едноделен костим.
Мислам дека оваа тема ми е посоодветна за прашањето со оглед на тоа дека само претставничките можете да ја гледате специјалната понуда на страната на Авон. Таа пудрата што е за 139 денари да не знае некој да не е многу темна? Има некој начин да видам која нијанса е?
@eloves Во К08 на страна 68, кај сјајна течна пудра нијансата cream, таква е пудрата од специјалната понуда. Средна е, ни темна, ни светла.
@CirezD ако ти стигува порачката во вторник од к8,те молам да ми кажеш колку ќе е таа кремаста ташна?
Ааа од К10, епа која прва ќе направи од 8ца ќе види и нека пише тука, штом ќе ми стигнат мене ќе ти пишам, ако никој во меѓувреме не добие 10ка каталог @delevingne
А нешто друго да си прашам. Бидејќи за порачките сега за јас да ги подигнам оти на името на мајка ми сум зачленета треба нели да имам лична карта и мајка ми да се потпише дека јас може да ги земам. Е сеа работата е што сум малолетна и немам лична карта па ме интересира нешто. Пример ако порачките ги направам на домашна адреса, дали ќе ми се јават пред да ги донесат? Оти во личната карта на мајка ми стои адресата од кај баба ми а не живееме таму. Знам еднаш по грешка ги бев направила на домашна адреса и ми ѕвонеа од таму ме прашаа каде да ги донесат јас им реков пред школо и таму ми ги донесоа, не бараа ни лична карта, ни ништо така ми ги дадоа. Дали и сега ќе биде така или?
@eloves Без разлика што во систем сте на адресата кај баба ти, може да направиш адреса за испорака онаму каде живеете и стално таму да ви ги носат. Да, се јавува дистрибутерот кога ги носи. И дома за секој случај остави си фотокопија од на мајка ти личната карта, има дистрибутери кои памтат и не бараат има некои кои бараат.
И не ми е јасно од кога излезе ова да не можам јас да ги земам порачките. До минатиот месец постојано јас ги земав порачките со на мајка ми личната карта и дечкото од пунктот не ми ни правеше проблем. Минатиот пат беше една жена и ми рече дека мора од претставничката да си земам лист ќе ми објаснела што требало и мајка ми да се потпише дека јас можам да ги подигам и тоа со моја лична карта. Глупости.
Како правило постои од секогаш, тоа што вработените таму не функционираат како што треба е друго. Листот кој треба да го пополни мајка ти може на меил координаторот да ти го прати и за 2 минути да завршиш работа.
Да, но проблемот е што сум малолетна и немам лична карта. А ми падна чудно пошто дечкото од кого може скоро 1 година ги земав порачките ниту еднаш не ми побара такво нешто сама го пишував бројот на личната карта и ми ги даваше порачките.