^ Преку фактурата, 15 недели се наплаќаат 45 денари, ако сакаш да откажеш после 5 кампањи, откажуваш, ако не, си продолжува да си тече тоа, па на секои 15 недели ќе ти наплаќаат по 45 денари.
здраво. ако сака некој да нарача нешто од Авон или пак да стане претставник слободно нека ми пише. имам и залиха производи што ги давам поефтино А ако некој сака да стане кретставник кај мене добива уште подароци гратис од мене https://www.facebook.com/avon.monikam
Стигна денес сетот, несесерот го очекував помал, а парфемов бев решена да не го отварам воопшто ама ај викам за секој случај и ми се свиѓа Баш свежо и летно за периодов.
На 20 јули на мајка ми на емаилот и стигна ваква порака од авон согласно кредитната политика на авон сакаме да ве известиме дека ке имате извршна наплата од страна на нашата агенција поради неплатениот долг од 4000ден. Таа кога одела кај некоја жена и рекла Мартина сакаш ли да си претставник на Авон,мама не ни знаела што е таа дури се радува..како може мајка ми да биде претставник кога таа не прави порачки апсолутно ништо не прави.Јас мислам дека таа жена ја насамарила мајка ми и сега може извршител да ни дојде ако таа не си го платила долгот мама ќе го јаде стапот ...Што мислите вие?
Javete se vo Avon Glavnoto pretstavnistvo i barajte da vi dadat brojot i lozinkata za da vlezete na internet i da vidite sto e praveno sto ne e praveno. Dokolku e izvrsena poracka bez znaenje na majkati kontaktirajte so direktorot na avon vtoro, a kako prvo so zenata.
Значи види сега за мајка ти да стане претставник на Авон треба да остави свои податоци од личната карта, емаил и телефонски број. Од таму ќе ја зачленат и и даваат број и лозинка со која ќе праќа порачки. Прашај ја мајка ти дали оставила некакви податоци?
Мајка ти оставила лични податоци кај жената, без податоците не може да се изврши регистрација. Координаторката која го сторила тоа по име и презиме, веднаш да ја пријавиш во Авон и да кажеш дека злоупотребила лични податоци. Истата ќе ја стават под истрага и судски ќе ја разрешат веднаш по резултатите. Пријави на 02/3243800
ДА! Мајка ми оставила лични податоци т.е ја дала личната карта..Сега само што дојдовме од жената и таа кажа дека на мама на сметката правила порачки и дека и каснела фактурата,мајка ми плус не добива ништо како подарок ако е претставник,таа жена ја насамарила ја молела на мајка ми да ја пријави како претставник.Ќе може ли бројо од авон да го добијам таму каде што треба да се отпиша од претставник
@Natee2 Не може да се отпише претставник но може после пријавата да побарате да ви ги кажат веќе постоечките претставнички број и лозинка, и лозинката веднаш да ја смените за координаторот да не може да влегува на вашиот профил. После 3 кампањи, самиот број односно претставник ќе излезе од систем. Обавезно пријави ја на бројот кој ти го пишав затоа што тоа е илегален престап и координаторот мора да одговара, прво за прекршок на основа злоупотреба на туѓи лични податоци, а потоа и за "црнењето" на име на фирмата Авон. Телефонскиот број е во употреба утре од 9 часот наутро, обавезно јави се.
На секој координатор му се раскинува договорот доколку го злоупотреби кодот за порачка на некој претставник бидејќи тоа е во согласност со законот. Пријави го тој координатор и ке се поткрени постапка за него од страна на авон, и секако ке си ја плати тој фактурата. 02 32 43 800 е бројот за грижа за корисници.
Извинете ако сум надвор од темата, но морам да изразам револт околу една работа. Често ми стигнуваат пораки дали сакам да се зачленам за да освојам ташна, парфем и незнам таму што... и тоа од девојки кои не ми се пријателки на фб. Освен тоа што се досадни, туки се и многу некултурни. Прво им се заблагодарував и културно ги одбивав, ама после неколку месечен терор почнав да ги игнорирам. Една девојка на која што не и вратив на пораката почна да ми пишува прашалници и тоа неколку пати (во смисла како можеш да не ми одговараш) и откако и кажав дека не сум заинтересирана ми врати ОКЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈ . Потоа, најдоа друга тактика изгледа, па рандом девојки почнаа да ми пишуваат:Здраво Avery, како си? Друга работа е што незнам кој им го смислува текстот на пораката, ама со КАКО СИ, ШТО ПРАВИШ? не се пристапува на можен клиент. Јас разбирам дека се трудат девојките, ама навистина не е во ред да се толку нападни, поготово кога веројатно има некои кампања (или незнам како тоа функционира), па се обидуваат на секој начин да зачленат некој преку нив. Извинете на долгиот пост и ако навредив некој. Поздрав
@Avery Апсолутно си во право! Јас го работам тоа ама тотално сум алергична на ваквиот пристап кон потенцијални клиенти, а истиот го тераат затоа што не ги поминале обуките. Авон нуди бесплатни обуки за секој координатор ама простачките, простете ми на израз, се премногу кул и зафатени за да учат и да се надградуваат па замараат луѓе кај стигнат со тоа да се зачленат и потоа кога тимот им е створен со сила и ради реда, паѓаат како координатори за 3 месеца и крива им е фирмата и шлапаат се и свашта наоколку, па оди после пери го името Авон е баш ради такви глупачки. Крајно ме иритираат.
A zosto naturals kolekcijata od jabolko e ukinata vo k 8/2015 gi imase samo gelot i losionot za telo,a a sprejot losionot i gelot go dadoa vo k7 i otogas gi nema vo katalozite?