Девојки само да прашам нешто. Новиот каталог што е тие 2 спрејчиња за 229 (третото гратис) дали можам да ги сврзам со два производи со услов што се?
@resenska За сите претставници е, не за нови За новчаникот треба во две од трите кампањи (к13,к14,к15) да има порачки со минимум 2500 денари, а за чантата во трите кампањи минимални порачки од 4000 денари. Плик чантата од К16 ја пуштаат, мотивациската е само за новчаникот и големата чанта. @eloves Секој условен мора да оди во пар со неусловен, ако врзеш условен со условен, сите по редовна цена ќе ти дојдат.
@CirezD знам за тоа, ама дали две спрејчиња пример (дека одат било кои 2 за 229, третото гратис) можам да сврзам со 2 ролона кои се по 79?
@eloves Немам каталог при рака, ако спрејовите не се условени (а мислам дека не се со порачка на било кој производ), можеш да ги врзеш со ролоните. Тоа што има гратис со првата понуда нема да ти смета за врзување на условени производи.
Ако и ролоните се со услов со друг производ , неможе ќе ти дојдат со редовна цена. На која страна се ролоните ? @eloves
Kaj спрејовите cenata 250 е прешкртана и пишува ако земам еден е 199, два ако земам 229 а третиот е гратис. Меѓу последните некаде тие 79 што се.
Јас сум нова во авон како претставник, сакам да ве прашам до сега во првите две кампањи имам направено 2500 денари, сега третата ми е 5000, дали ке имам некој одредени попоусти во наредната кампања? Освен подаркот што следува за 25 ден.
Морав да се самоцитирам. Праќаше некој порачки за да ми одговори за сигурно? Исто и за кремата ме интересира од најпрвата страна, таа само за раце дека другите две со услов а само таа последната без, дали сигурно е без услов?
во вторник ми стигна порачката и ми испратиле погрешна крема и се обратив на координаторот и поднесол рекламација и парите ми се одбиени за кремата од фактурната сума..е сега кога ќе плаќам фактура дали ќе ми ја рачунаат сумата што ја пишува на фактурата или таа што ми стигна по порака ?
Ве замолувам доколку некоја од Вас го чувате ливчето со парфемот femme icon за 25 ден. и комплетот од luxe за 250 сликнете ми го од двете страни. Го загубив при селење, а требс сега да ги пишам шифрите дс ги земам подароците. Благодарам однапред.
ми фалат 2000 ден до 4000 ден ..дали е во ред да го прашам координаторот да ми даде да порачам производи на него што су му ги порачувале во вредност од 2000 ден,но од друг град сме и немаме некој контакт...дури и кога го прашам нешто ако сака ми одговори ако не ми остава seen на четот
Од една страна координаторот не е должен да ти даде порачки "на заем", од друга страна ако истиот има веќе 4000 за него и 2000 вишок плус, зошто па да не ти даде. А по вашиов однос кој го опишуваш мислам дека не функционирате доволно блиску за тоа, но сепак ти си знаеш.
Секој работи за некаков процент, искрено мислам нема да ти даде, со некој изговор дека нема доволно собрано.
И јас мислам дека нема да ти даде. 2000 денари и не се баш малку порачки, освен тоа викаш дека е од друг град така да многу тешка работа. Кога веќе работиш со тој координатор мислам дека негова должност е да ти објаснува се што треба за подароци, и за се останато, но не и да ти позајмува порачки. Ако не си задоволна во однос на првите работи мислам дека во секој момент можеш да го смениш координаторот. Не си ограничена врменски или со нешто дека мораш толку и толку време да работиш, можеш во секој момент да престанеш да праќаш. Имав скоро ист проблем со мојата координаторка. Додека да ме зачлени ме побара 2/3 пати колку да ме убеди да се зачленам, ми објасни се што требаше и ми рече да ја барам секогаш кога ќе треба нешто и во било кое време.Да напоменам дека еднаш месечно праќам порачки, значи се случуваше некогаш еднаш, некогаш ич не ја барав и тоа строго во врска со работата, приватно не се дружевме. Не ми се јавуваше, на фејсбук ми врати два или три пати и ја снема. Ме оставаше на сеен, пак и ѕвонев ја немаше. Значи не бев ниту досадна, ниту нападна, ниту ја барав во непристојно време или постојано ама таа се однесуваше неодговорно спрема мене. Демек те зачленив сеа снаоѓај си се, па за се што требаше се информирав тука од фемина. Од овој месец феминката @CirezD ми предложи друга координаторка која ме зачлени и сега за сега е супер. Сама ме бара, ми објаснува се што треба, секоја и чест презадоволна сум. Пиши и на @CirezD верувам дека ќе ти најде подобар координатор и поодговорен. Порачки може нема да ти позајмува ама барем ќе ти објаснува се што треба.