Зезнав и јас работата, денес пуштив порачка во вредност од 8800ден а лимитот ми бил 6000, така да ќе треба да ја делам на две или да уплатам однапред 2000ден. Малце ми се нејасни работите, имала ли е и некоја друга ваков „проблем“ ?
стварно претерале за плик чантата ...6 комплети од к16 и 6 комплети од к17..како да вреди толко пари..
Ти за тие пари добиваш комплети, не ја даваш сумата за ташната па да вреди толку пари, туку целата работа е да се потруди да продаде, да заштеди од продаденото, а као плус на тоа да си ќари и ташна за смешна цена
Здраво девојки, нова сум на форумов, се зачленив заради темава, во понеделникот ја направив првата порачка, требаше да ми стигне денеска, но сеуште ја нема, дали некому му се случило да му ја закаснат порачката , да ја донесат наредниот ден? зачленета бев и порано во авон ама никогаш не ми се случило да доцнат, најдоцна до 14 часот ги доставувале порачките.Освен тоа утре е неработен ден а од петок до наредната недела не сум тука, а ќе нема ни кој да ја прими порачката. Решение?
Мн често ми се случува. Баш го мразам тој кредитен лимит. Ко ќе ми ја сопрат порачката ептен се нервирам, божем јас шверцам нешто преку граница. Што не пуштат едноставно, колку имаш толку. Ќе си платиш, ти имаат податоци, матичен број, се.
Ама нели. Глупости. Ќе имав ептен добар попуст ќе си земев околу 2000 али јебига. Ја поделив порачката, немав друг избор. А сега од следниот каталог ми се зголемува лимитот на 9000. Дај боже и тој да ми е малку.
Порано ми се чини даваа поголем лимит и потешко беше да го загубиш стекнатиот лимит. Даваа до 25000 лимит, дај боже и тој да ти биде малку.
Порачката ја пуштив во пукт бидејќи ми е ептен блиско до дома па да не плаќам дополнителни 50денари испорака. Прашањето ми е, кога ќе одам во пуктот што треба да однесам, лична карта со мене или она бројчето што го дава на сајтот од кога ќе ја пуштеш порачката?
Ако си зачленета ти на твое име можеш да одиш со лична карта а нема да е лошо и бројчето на нарачката да си го запишеш за секој случај Мене дома ми стига нарачката и да ти се надополнам на прашањето од погоре т.е проблемот за лимитот На почеток кога бев почетник како тебе на 2-3 пати се имав зафркнато така со поголема нарачка и надминат лимит . Сега лимитот ми е 22 500 така да доволно е Како си задоволна со работата,ти плаќаат ли редовно парите што ти остануваат директно си ги трошиш или штедиш
Фала ви на брзиот одговор девојки. Инаку до сега пари не останале во мене, стално си ги плаќам со нив моите порачки. Сега од оваа кампања ќе треба да земам околу 2000 или нешто помалку, ќе си се почастам со едни чизмички. Како за трета кампања што пуштам, добро е.
Охоо супер си , исто правам и јас некогаш си ги плаќам тоа што сум го нарачала а некогаш кога имам ептен нешто минимално нарачано и ми останува повеќе си тргнам на страна и си се частам по нешто. Ако се разработиш убаво се вадат убави пари
Се зачленив и јас во авон ама сеуште не ми се јасни некои работи, ќе сака ли некоја феминка да објасни за што служи тој кредитен лимит? И уште нешто, нели треба да земам парфем за 25 денари, сега во втората кампања кога ќе пуштам порачка тогаш ќе може да го нарачам или? Простете на досадава ама ако некоја од вас е расположена да одговори би значело. Благодарам
Во врска со кредитниот лимит, колку ти е тој колку порачки можеш да пуштиш. Со други зборови, пример мене кредитниот лимит ми е 6000 значи повеќе од 6000 денари порачки неможам да пуштам. Ако 3 пати задоцнам со плаќања се намалува на 3000. Ако три пати платам на време се зголемува на 9000 и така. Инаку да парфемот се порачува во втората кампања како претставник. Ако уште нешто не ти е јасно пиши.
Кредитниот лимит можеш да го користиш ако на пример имаш направено нарачка која ја немаш платено, а сакаш да направиш нова. Тогаш користиш кредитен лимит. Ако ги плаќаш фактурите на време тој ќе се зголеми, ако не ќе се намалува. Да, сега кога ќе правиш нарачка треба да се нарачаш парфемот