Па мислам и супер им е ова, да се активират повеќе претставниците. Инаку јас овој месец сум многу разочарана, имам едвај 2000ден порачки. Катастрофа, кога има, има ептен, сега немам ни попуст да си земам поголем.
Ајде не се секирај ќе се видиш со другарките што не си се видела или со други личности ќе им дадеш каталог и ќе си порачаат нешто
^ Не само за активација туку и за фер однос, не може некој со 1500 денари порачка да зема ист подарок со претставник кој прави над 10,000 денари порачки, вака правда за секого и сите среќни Кој сака повеќе, нека си работи повеќе и тоа е
Па и каталогот нема ништо убаво.Секогаш К01 им е према со страни, и нема убави работи, и попусти. Фала цирец, подароците кога се земаат, дури во К04 ли.Ако продолжам да правам порачки, добро ако не ако правам само уште овој каталог сигурно нема да можам.Да фер е вака барем, кој правел повеќе повеќе да си зема.
Не се зимаат одеднаш подароците туку као и секоја мотивациска програма ќе биде, само за секој различно ќе важи во однос на нивоата. Значи, каде ќе се рангираш од К01-К04, толку ќе добиваш подароци во следниот квартал од К05 до К09. И така натака со секој следен квартал
Ахам ми текна, како што беа во Април месец оние со бел чај, парфеми, чанти што имаше, и накит. 3 нивоа.Да ја испратам оваа порачка, па ако одлучам да правам, тогаш ти ке ме зачлениш
Искрено и јас сум разочарана од К1, многу производи им фалат, нема добри понуди, лош каталог е дефинитивно. К2 ми е далеку подобар.
Ни мене не ми дојдоа, На страната пишува дека денеска требаше да ги достават они сега дури фактура изработија. И да и јас сум раззочарана од К1 многу производи им фалеја. Особено парфеми,
Јас денес си го зедов пакетот со порачките од К01, не ми го доствија на домашна адреса, ми кажаа дека имало промени со поштите нешто па ќе стасал за ден, два три ни тие не знаеа кога точно, па си реков ќе ми остани пакетот со празнициве сега и неможев да дочекам си го зедов сама
^ Денеска се доставија тие кои беа порачани на 28ми Декември, сите кои измеѓу пласирале порачка ќе си ги добијат во сабота, со тоа што се фактурира денес поради сите неработни денови (освен ако проблемот не ви е со ГЛС, тогаш до ова е )
Девојки К17 е секоја година таква, сите што пуштиле први порачка во прв опус од К01 треба да се спремни на истото, од денес веќе гледам се е регулирано, кај сите мои претставници е се достапно и кај мене, сите 25+ семафори беа зелени или жолти зависно понудата, ќе се врати се во нормала со достапноста К03 и К16 и К17 се секогаш најтешки поради побарувачката, а нас као задно дупче на кавалот, европа стално не' потценува па се соочуваме со недостиг на производи Затоа и сите тие црвени семафори и сите тие недостизи.
Јас пред неколку часа ги пратив и освен еден третман за коса се друго е достапно. Обично гледам на почеток од каталогот да ги пратам производите, дека мене обично ако одам последните денови баш тогаш ми фалат производи.
Тоа пробувам јас да ги научам сите да не чекаат последен ден, ама при празнични кампањи чести се недостизите. Од понудата на 80% нели врзаната со К17, знам само дека Anew кремот е на црвено, другото се е достапно. Третманот за коса ти е од обична понуда или од тие условените?
@CirezD за овој третман се работи. Пишува дека ќе се достави во следните порачки, така да и не е нешто итен ќе ја известам другарка ми. Во врска со порачките порано така работев чекав до последните денови со надеж дека некој ќе нарача уште нешто и на крај ми фалеа по еден куп производи. Сега гледам што поскоро да пратам, а и каталогот го давам доста однапред и им кажувам одприлика на таа и таа дата ги праќам до тогаш ако сакаат нешто плус, нешто да откажаат да си знаат.
@eloves Знам мила, ги гледам твоите резултати кај Ивана, продолжи си со одличната работа, за што и да ти требаме тука сме