Нешто друго да прашам. Од к2 не пуштив нарачки, а од к3 некна ги земав. Е сега ми фали к4, не ми пратиле во кутијата само 5 го имаше. Од кај можам да најдам каталог?
Од К05 па натака односно во следниот квартал, програмата за нови како до сега што беше во 2 сега ќе биде во 4 чекори ама ќе биде мнооогу построго на тема презачленување на ново име (само ради тие подароци а потоа оставање на долг) Да, ќе има 4 подароци ама ќе има и 4 услови за исполнување
Леле Иванаа, ја заборавив Ивана. Требаше вторникот да ја барам, па оставив за вчера, од вчера за денес и ете сум заборавила. Може сега да и се јавам, да не е доцна?
Фалаа душо на инфо. До сега имам 7 членови само истите да бидат активни се надевам на повеќе со понудава. А до сега сите ми се редовни за плакање и тоа што го кажа горе ми е кажано.
Здраво девојки. Еве и јас да се вмешам во темава како нов член иако од поодамна си „манијачам“ по форумов Исто и јас сум претставник на Авон со надеж дека наскоро ќе станам и координатор Само ќе речам блазе си им на тие што во иднина ќе се придружат во Авон си добиваат дури 4 поклони, а јас поминав само со еден парфем дали дека не си побарав и друго што ме следеше...
А од тие новоата што ќе имаме ние? Не ми е јасно, јас веќе пуштив и од 3 кампања порачките, сега ми е 4 и уште немам никакво известување за тоа што подароци ќе имаме? Дајте аман, ми треба мотивација за да збирам порачки. А оваа ланчето што ќе го земеме сега некако не ми е по вкус, ќе го продадам, ако сака некој уопште да го купи.
Зависи кога си се зачленила. Јас се секавам кога почнав во 2013 летото имаше и подароци за 25 иако не бев нов член. Си се изнарадував а сега во последно ич не ми се по кејф подароциве. А ова со новиве подароци (за членови нови) ептен ме заинтересира ќе морам некој од мојве да зачленам. Хахаха со последново како самата да се читам. Ајде за 8 март може ќе сака некој да го купи . А иначе уште во к4 да пуштиме нарачка и после ќе ги дознаеме поклоните и ќе ги имаме. Иначе денес ќе одам во канцеларија кај нас и ќе дознаам што поклони се ако знаат и сакаат да кажат овие над мене.
На база на колку си активна и колкава вкупна сума ќе имаш на порачките од К01-К04, ќе добиваш подароци и мотивациски програми во следниот квартал К05-К09 и така со секој нареден, што ќе спечалиш сега, ќе добиеш во следниот Се со цел, секој да добие колку заслужиш и да биде мотивиран за да остане таков или да биде и подобар и понаграден. Последното ниво носи најмал подарок, како се оди нагоре така подароците се поголеми, повредни и побројни. Од К05 натака сите ќе имате персонилизиран акаунт и секој после логирањето ќе го гледа тоа зависно кое ниво е, нема да ги гледа и другите програми за тие над/под него. Ниво 1 и 2 ќе имаат право на многу подруги привилегии и покрај редовни подароци од програми ќе имаат право на собирање поени и бирање подарок као кујнски апарат, телевизор, спа викенд итн итн..
Од неодамна се зачленив наводно и производи од anew или luxe ќе добивав ама ништо од тоа...можеби требаше сама да си ги побарам ама ајде се стори... се надевам на идни подароци
Не требало да си ги побараш туку ако втората кампања ти била порачката над 2500, требало да си го порачаш сетот што го сакаш anew или luxe. Иако јас секогаш проблемот го гледам во координаторите ваши што сакаат пари а врска немаат од работа и се лутам колку на форумов има неинфромираност, а вие сте авон претставници и треба да сте најобучени и згрижени. Ми ја срамат фирмата. А уште повеќе ме лути кога помагам на милион форумџики, а истите си работат кај други сериозно необучени координатори, или дојди заедно да сме успешни или пропадни си таму со неа
Како што кажа членката над мене. Ајде на темава ќе си се известуваме, и нешто ако не знаеме ќе дознаеме
@CirezD потполно си во право. Јас не дека соработувам со координаторка, напротив соработувам со многу успешна менаџерка која можеби е многу зафатена што нема време некои основни работи да ми ги објасни. Ама па си викам каква координаторка би била јас во иднина ако не знам на моите претставници да им одговорам на нивните прашања иначе сум многу амбициозна сакам да успеам да се качам чекор погоре и ќе успеам
Браво! Ета баш тоа ми беше поентата, сакаат пари, сакаат претставници и после ги оставаат сами да се снаоѓаат. Апсолутно, менаџерката која и да е, е моја колешка и она има многу помалку време од координаторката па можеби затоа, но сепак, ние менаџерите обучуваме координатори за тие да соработуваат со вас. Ако јас имам директен контакт со сите +150 претставници во моето дрво, кај ќе ми биде крајот )
Да за новите ќе има многу повеќе подароци, а после одредено време ќе се рангираат во одредено ниво и според тоа ќе си добиваат поклони.пример оние подобрите ќе добиваат електични апарати и така некои вредни награди.Кој е заинтересирана нека ми пише
Девојки вчера пуштив порачка и гледам на фактурата пак ми наплатиле 30 ден за екстра опус.. Незнам во што е проблемот, прашав и предходно и ми одговоривте дека се наплаќа дополнителни 30 денари само во четврток, истото ми го кажа и координаторката.. Дали на тие што вчера пласиравте порачка ви е наплатено екстра опус?
Не, можно е да е некаква системска грешка штом само кај тебе е, кажи и на координаторката да изреагира кај менаџерите да проверат и средат во дирекција.