kako top prectavnik vo nareden kvartal dobivas 30% popust na naracka bez razlika kolkava e visinata na istata ima target sekoj kvartal i ovoj bash super si go dostignala samo sto ti nedostasuvaat ovie 234 denari... mogu sreka
Фактурата ја платив во саботата и денес уште ми стои на страната заостанат долг, дали ќе можам да пуштам порачка?
^ Ако си ја платила во пошта не. Ако е во комерцијална треба да е регулирана наплатата, пробај, можда ќе ти се фактурира.
Феминки, ако некој сака LITTLE BLACK DRESS 50ml + подарок LBD парфемиран лосион за тело = 460 денари, повелете
Ваквата работа е само лажење и барем обичните претставници не заработуваат ништо. Ако ви е за занимација океј ама за пари не се лажете пошто нема. Работев и повеќе од една година, за себе секоја кампања само правев околу 1500 денари зошто сите производи што почнав да ги користам беа од Авон, па секоја кампања порачував се и сешто. Исто така сметам дека цените им се префорсирани за некои производ. Еден парфем кој во каталогот е 500 денари знаете реално колку вреди? Дали и 200 денари вреди. Од тие 500 денари нема само процент претставникот туку и други 3/4 што се над него. И кога ќе ја пресметаме реалната вредност на парфемот му изглегува 200 денари и ништо повеќе. А за 200 денари каков парфем може да купиме? Искрено имаат производи што им вредат и не им се толку лоши ама пак ќе кажам, цените префорсирани. Гледам многу девојки се лажат за заработка ама заработка нема. За тие пари што ќе ги давам во Авон ќе си купам друга дури подобра козметика од голден роуз, есенс и слични фирми.
Никој друг не зима процент од продажбата на производот така да лоша математика. Менаџерите и координаторите зимаат процент на база на тимот, не на парфемот што ќе го продаде престатвникот Искрено, не знам каква заработка очекуваш на порачка од 1500 денари, во мојот тим од +150 луѓе, имам претставници кои прават 15000-35000 денари порачка, од една кампања, нормално дека тој и претставник со 1500 порачка не може да имате заработка ни иста ни приближна. Како што и сама кажа, некому занимација, некому работа, зависно кој колку се труди, знае или сака, а козметиката нормално, некому одговара совршено, некому ни малку, денес барем на пазарот имаме милион компании за избор
Знаев дека ќе се јавиш ти или некоја од зачленетите девојки. Лично немам ништо против нивните производи или било што напротив, кој колку е задоволен си е негова приватна работа ама сметам дека треба да бидеме и малку реални. Темата гласи Работа со Авон, затоа сакав да си пишам мислење околу тоа дека заработка нема. Колку се таквите ко тебе што имаат 100 и кусур луѓе под себе пулс си праќаат порачки и на крај си земаат солидна заработка? Моето мислење беше дека човек како обичен претставник не може да заработи ништо и толку, макар и 15000 порачки праќал. Инаку пишав дека само за себе правев 1500, значи имав и други порачки никогаш не бев под 6000 и секогаш бев во минус.
Така де, како ти твоето така и јас моето мислење си го пишав. Не знам колку се тие што ова го работат сериозно професионално, само сакав да кажам дека опции има, не е лесно и не е едноставно посебно во општества како нашите. На мојот старт јас бев страшен скептик за работава, а сега не би ја сменила за ништо, зборам за менаџерство не за претставник. Во минус не сум влегла, можеби затоа што детално делам што ми треба па за заработката од порачката си зимам производи, кога не ми треба или не ми е интересен новитетот си остануваат пари, иако заработка има во менаџираењто и тоа страшна, за претставниците, може да донесе заштеда или ајде да го наречеме џепарлак, а плата и примања секако дека не може, ако сме реални, освен на топ 5те претставници во Македонија кои прават ненормални продажби односно покриваат цели помали градови и села. А тие со +15000 имаат барем 4500-6000 денари чисти за себе од порачка. Сепак, индивидуално е за сите.
Женски моја претставничка не сака да пушти нарачка пошо не и се допаѓа поклонот. Овие два кат ќе ги скокнела па ме прашува дали ќе може сл поклон да го земе ако ги исполни условите мислам на к12 и к13. Не е ниво 3 .... Ќе може така не пречи ништо?
Девојки ја има ли некоја од вас нето брошурата за претставници за к11 и дали може да прикачите слики бидејќи не ми стигна?
Se poslab e kvalitetot na proizvodite od Avon. Skapi a ne vredat tolku. Ke se podlaze covek,ke poraca nesto,ama poveke od zenite se zalaat na kvalitet.
Јас сум разочарана од Авон Бев зачленета долго време. Месечно им правев ф-ри по околу 10 000 - 15 000 денари. Секоја платена ф-ра си ја чував заедно со упланицата. Еден ден ми стигна опомена од извршител за неплатена ф-ра, која ја имам платено. И викам ај недоразбирање е и отидов им ја покажав ф-рата и уплатницата од истата и као ок е. После месец дена извршител ми ја блокираше сметката за истата ф-ра. Му ја однесов на извршителот уплатницата да види дека ми е платена на време и дека за џабе ме блокирал. За нивна грешка јас му платив на извршителот за да ми ја одблокира сметката. Од тогаш не правам повеќе нарачки и не планирам никогаш да направам.
Штом се логираш, најдоле има порачајте со еден клик, кликни таму, најди мостри и алатки за работа, па потоа кеси. Имаш мали, средни и големи. Малите и средните се супер, големите се препреголеми, огормни, така да милам не би ти требале.