Нема да можеш да си одбереш подарок. Треба да имаш минимум 15 поени за да си одбереш еден сет од понудените.
Здраво девојки Ме интересира дали со порачака на парфемите од Luxe На стр.61 би можела да порачам кармин Luxe од 189 ден ? Ме буни тоа што го има карминот на истата страна како и парфемите ,а за порачка на карминот во износ од 189ден пишува дека можеш да порачаш нешто од стр.62-67. Благодарам Позз
Здраво За да го добиеш карминот по цена од 189 денари мора да имаш нарачка од било кој производ од страна 62 до 67 , што значи дека ако нарачаш некој парфем Luxe на страна 61, карминот ќе ти се фактурира по редовна цена од 550 денари
Здраво девојки. Ова е програмата за оние кои ќе ни се придружат во АВОН. Слободно, за било каква информација пишете ми во порака.Вреди да се обидете бидејќи ништо не губите, а членството е бесплатно.Поздрав и ве очекувам во порака сите кои сте заинтересирани или имате нешто да прашате.
Здраво на сите. Сакам да прашам до сега доста време ѓи користам производите на авон. Минимум 3год. Е сега ми дојде желба да се зачленам. И се зачленив,нопојма немам како и што одат работите. Значи менаџерката само ме зачлени,ми кажа, како да се логирам, како да порачувам и толку. И сега треба да ја пуштам порачката во понеделник. Ок а што понатаму. Ни знам што ме следува за добредојде како нов претставник. Ни знам дали подарокот ке стигне со порачката ништо. Ско сака некоја од вас да ми објасни. Би благодарам однапрет. И се извинувам на долгиот пост.. Позз и убав ден...
Здраво женски... Имам еден проблем, ми се расипа лаптопот а корисничкото име и пасвордот ми беа зачувани таму, и како за беља ги немам никаде на друго место запишано. А да биде уште полошо девојката кај што сум зачленета замина Америка и повеќе не работи со Авон, па сега немам кај да се обратам, а сакав да направам нарачка... Ако знај некој што да напрам или кај да се обратам нека ми кажи.. :/
Здраво девојки. Ова е програмата за оние кои ќе ни се придружат во АВОН. Слободно, за било каква информација пишете ми во порака.Вреди да се обидете бидејќи ништо не губите, а членството е бесплатно.Поздрав и ве очекувам во порака сите кои сте заинтересирани или имате нешто да прашате
Многу ме интересира да прашам доколку некој знае нека пише. Дали на тие луѓе кои не ги плаќаат сметките од авон воопшто им се следува навистина некаква казна и дали со сигурност мора да платат. Оти имам неколку претставнички кои не платиле и ги снемало од системот на авон па после викаат извршители ќе им дојдат на нив и можат да платат многу големи казни и дури да им одземат некои вредни работи од дома. Но, дали е навистина така незнам. А што ако лицето кое не ја платило сметката нема никакви приходи и ништо на негово име. Тогаш што ќе му одземат? И дали воопшто ќе плати или ќе си остани нерешена работата?
За секој нов претставник следува ПОДАРОК парфем, а за најдобрите топ 3 нови претставници со најголеми порачки следува ПОДАРОК ваучер за ЕЛЕКТРИЧЕН АПАРАТ по избор .... Понудата важи до 26.02.2017