Со среќа и да одиш до бизнис менаџер! Јас ја разбирам целата скептичност, најголем скептик бев коа почнав и си вадев колку за мене, станав првиот сертифициран и единствен за Скопје бизнис тренер, ме пратија во talent school, и имам диплома која ми важи во 130 земји, за разлика од оваа факултетскава .. Искрено, презадоволна сум иако знам дека на наш народ ова тешко може да му го доближиш, имаат страв од да заработат онолку колку всушност работат ) Скорз си се пронајдов тука, ти го посакувам истото и сааамо да се множат пари
Браво @CirezD, уште поголем успех ти посакувам. Треба многу труд и нерви додека да почнеш. Јас само до координатор стигнав, немав обука, па лесно си паднав и сега сум пак само претставник.
Фала ти Треба и тоа дебели нерви и максимален труд, обуките секогаш можеме максимално да ти ги дадеме одново и да направиме одличен менаџер од тебе доколку имаш желба Повели во тим.
Dali ima nekoj koj sto ke saka da mi objasni kako odi celata rabota so avon.? Sakam da se zaclenam pa me interesira kako se pravat porackite na koj nacin se plakja?
Здраво,имама едно прашање.Денеска сакам да пуштам порачка нели од брошура 9,но поклонот ми го дава на црвено,дали да ја пуштам порачкава воопшто?
Пушти ја. Подароците се до исцрпување на количините, со тоа што доколку се потрошат залихите следуваат заменски производи од иста категорија
Зависно за која програма се работи, како што кажа девојката над мене заменски од иста категорија или и прецизно истиот подарок но во следна твоја порачка штом се обноват залихите. Пуштај слободно
Заборавив, ниво 3,подарок маскара, туш и што беше др не ми текнува. Ви благодарам за одговорот и на двете
дечки имам едно прашање пошто имам другарка и е зачленета во авон и прај порачки од нив можеби 1 година сега има проблем му се случи другарка нејзина да нема да му плати во моментот 2300 денари од порачката а ова нема да го покрие тоа а рокот му е до денес.. колку ке биди камата и како ке биди дали знај некој да ми кажи дали има искуство со ова ?
Откако ќе помине рокот уште едно 10 дена не ставаат камата. После тоа каматата е 300 денари. Е сега нема да може да пушти нова порачка, тоа е лошо.
Ок,фала женски погрешно имам разбрано за кредитниот лимит Дали можам да платам електронски фактура и како?
Може, ако имаш онлајн акаунт од банката во која имаш трансакциска сметка и картица. Конкретно за НЛБ, (ако си таму) логирај се и оди на Плаќања, па Налог ПП50, пополни исто како уплатница и кликај на Следно додека не се финишира. Прилично слично е и од Стопанска. За комерцијална само не знам од поголемиве банки, ама ако имаш онлајн акаунт кај нив, можеш да побараш и да се снајдеш.
Zdravo , Jas imam edno prashanje, napraviv narachka vo poslednata kampanja , go narachav fustanot L broj, no, ne odgovara . Pa dali mozham da go zamenam za M . I kade da se obratam . Blagodaram