1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа со Авон

Дискусија во 'Барање работа' започната од feminium, 2 јануари 2013.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Баш оти си менаџер тебе ти се исплаќа може.
    Ама сите работат за вас што се неколку луѓе.
    И ако ја викате заработка 300-400ден одвај месечно, што може и лесно да ја изгубите ако некој ве заебе и да не ви плати... Некој некого зафркава тука :)
    Не плукам, зборувам од искуство работев со авон. Си плааќаш 55ден каталог, ако пуштиш нарачка во четврток плаќаш плус 30ден. Плус испорака до дома 100ден или ќе дадеш 200за такси. Провизија за плаќање на сметката 30/50ден.
    И поклони што зимав беа направи толку и толку нарачка и земи ги овие производи(обично нешто што не им се троши) за неверојатни 99ден/199ден/299ден...

    Јас мојата менаџерка одвај ја откачив. Па толку досаѓање зошто не пуштам повеќе нарачки немам доживеано. Сигурно не досаѓа од што не и се исплаќа нејзе :)

    А дека можеш да седиш дома и да заработувааш само од авон, може само прикаски тука да продавате.
     
    Последна измена: 1 јуни 2019
    На Dandra, SummerGirl, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  2. macence123***

    macence123*** Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Јас имам голема група,во каталог правам лично моја нарачка минимум 20000,и автоматски го исполнувам условот за менаџер,никого не молам,земам еден куп награди кои си ги користам,ако не ми се потребни ги давам подарци или ги продавам,кампањава е совршенство за зачленување бидејќи има куп награди ,башка тие за зачленување,греота е да се пропушти,и да,јас само со авон работам,немам друга работа,а вие со вашата менаџерка сте биле колективен неуспех,па затоа вака лошо мислење имаш,со еден каталог од 55 ден тешко дека нарачка ќе собереш,јас нарачувам 50 каталози и им давам на сите од групата по неколку,бесплатно,провизија во банка е 15 ден без разлкка на сумата,достава до дома е 55 ден,а ако подигнеш од Делко е бесплатно,и пуштање нарачка во четврток е бесплатно,гледам лошо си информирана и шириш дезинформации наоколу
     
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Епа алал да ти е, ама не за тоа дека собираш 20.000ден нарачки, туку како ги наплаќаш.
    Јас на ојле - дојдле не давам каталог, а не па да им нарачам нешто. Не планирам после со полиција да ги барам за наплата.

    И убаво види си на фактурата другпат кога ќе пуштиш нарачка што ти стои во наплатено, како се дрзнуваш да ми викаш дека ширам дезинформации. Да не треба да ти ја сликам фактурата?
    Или ти од премногу нарачки немаш приметено што ти наплаќаат.
    И 15ден е кај нас во стопанска ако платиш, што е од кај мене плус 20мин пешачење, ама ако не ти одговара таму да платиш ако ти е далеку, а можеш само во пошта?
    За 20.00%ден провизија ќе ми земе 500ден. Во други банки ќе биде помалку ама пак 40-50ден не се за подценување.
    И знам со еден каталог не се собираат многу порачки ама 50да си ги платам од џеб, а не е сигурно дека ќе ги извадиш мало морген.

    Уште нешто ако можеш да ми објасниш.
    Ако пушташ нарачка од 20.000ден, а имаш 30%заработка од оваа сума(бидејќи тоа е максимум) . А и сама кажуваш дека даваш попуст кој не ти менува и пак имаш заработка, еве даваш попуст 10%.
    Што значи ти имаш заработка 20%.
    Во овие 20% имаш и трошоци за каталози, провизии, испорака...
    20%од 20.000ден е 4000ден.
    4000ден, заработка месечно, доколку сите ти платат на време и од ова треба да си покриеш и трошоци што горе ги наведов.

    Ај научи не како да ни биде главна професија авон со 3000-4000ден месечен приход.
    Да не заборавам дека од оваа заработка ти плус си ги откупуваш подароците по некоја симболична цена, не се бесплатни сите. Плаќаш прозвод кој може во моментов не ти треба. И ќе чекаш повод да го дадеш на некој или некој да ти го порача па да го продадеш така. Загуба од време, а со тоа и пари и вака можеш страшно да заглавиш.

    Пуфки можеш на некој друг да продаваш што не се разбира мене не ;)
     
    Последна измена од модератор: 4 јуни 2019
    На firequeenn, SummerGirl, teressa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. macence123***

    macence123*** Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се објаснувам со некој кој е расположен за кавга,јас кажав дека давам попуст од прилика 100 ден вк во кампања,не работам со питачи,20000 минимална нарачка лично моја,провизија од членови кои се исто способни како мене,награди куп ,од кои скоро сите се бесплатни или најмногу 99 ден. и 90% продадени (сума сумарум од подароците 4000 ден во кампања земам),провизијата е 15 ден., си ги подигнувам пакетите од делко,не живеам во некоја селандра како вас па да плаќам дополнително за тоа и пак ќе нагласам,доколку сте вие неспособна ,не мора да значи дека и другите се,соочете се со тоа еднаш и престанете да ме тагнувате на коментари каде се повеќе го покажувате вашиот неуспех

    Работам со нормални луѓе кои знаат дека тоа што го нарачале треба да го платат исто како во продавница,т.е. кога ќе си го подигнат во вторник,клиентите ми се колеги и пријатели а не ојле дојле или како и да ги нарекуваш,јас ќе ти сликам фактура и ќе си видиш самата во четврток дека не се наплаќа за обработка на фактура,и комерцијална ми е на 2 чекори и си плаќам 15 ден провизија,каталозите ги плаќам по симболична и смешна цена,која за вас неспособните не е достапна,а за да се оспособите треба перфекна комуникација со менаџерот,присуство на обуки и конференции,широк круг на пријатели и клиенти, кои фала богу ги имам,благодарение на мојот нормален однос со нив,вие на форум вака со непизнати се однесувате,а камо ли со познаници...неќам ни да помислам на тој однос хаха
     
    Последна измена од модератор: 4 јуни 2019
  5. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Малку ги измешавте работите :)
    Како прво, секоја зона си има различен редовен ден за порачка. Кај некоја тоа е понеделник, па според тоа, ако пушта нарачка во четврток ќе и се наплати 30 денари.
    Како второ, Комерцијална банка зима фиксно 15 денари провизија за плаќање на сметка, независно од сумата, бидејќи авон има склучено договор со неа.
    Каталозите се наплаќаат но секогаш можеш да побараш каталог плус од менаџерот и ќе ти даде.
    И најбитното, менаџер и претставник не е исто. Претставникот заработува од порачките и подароците а менаџерот од продажбата на претставникот :)
    Како некој кој долго време го работел ова можам да кажам дека многу зависи кај кој менаџер ќе си и колку ќе ти обрне внимание. Кога работев како менаџер навистина многу се трудев за претставниците и сите имаа добри заработки и беа задоволни.
    Тука неможам а да не ја пофалам и мојата менаџерка која ме обучуваше. Толку внимание и посветеност имаше од нејзина страна што на крај ми беше криво дека престанав да работам, но морав заради преселба.
    Околу заработките на менаџерите не би да зборувам, но сепак слободно можам да кажам дека и те како добро се заработува и се вадат добри пари.
     
    На macence123*** и Animali им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Со вакво размислување и вреѓање дека ти живееш блиску до кагото и банката (читај во центар града), а ние сме сељандури кои треба да дадат 100ден за такси во правец, и вреѓање на представници и менаџери дека се неспособни, вреѓање дека луѓе кои не плаќаат веднаш кога ќе го земат производот се питачи.
    По ова се горе наведено ти немаш ни м од меаџер.
    Џабе кога живееш во центар на град, со понашањево можеш на селаните да им носиш вода и ако ти е ваков карактерот кога тогаш ќе си го помажеш вистинското лице пред луѓето и тој твој успех нема долго да ти трае.
    Поздрав ;)
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macence123***

    macence123*** Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Трае веќе 5 години ;)
     
  8. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.134
    Пол:
    Женски
    Работев доста време во Авон како претставник, а потоа и зачленив под мене други личности ама тоа не траеше долго затоа што треба доста време да обрнеш на нив ако сакаш да си успешен и другите задоволни. На почеток бев многу амбициозна, но се откажав за кратко време. За заработка имаш, ама според мене треба да си многу успешен менаџер(како мојата што беше и живееше само од авон) за да не бараш и друга работа. Сега како што е секој втор претставник на авон или сличните компании, тешко е да го постигнеш тоа ниво.
    Мене како девојче ми се исплаќаше затоа што целата заработка ја трошев на шминки и парфеми и никогаш немав побарано од дома пари за нив. Подоцна можам да се пофалам дека и шампони, гелови за туширање, пасти за заби, ташни порачував само од авон за кои не плаќав ништо благодарејќи на заработката.
    Од таа страна сум задоволна.
     
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Поздрав :rofl:
    И за кој рече дека питачи или така нешто 8):o

    Членките од форумот ли ти се пријатели и колеги? Е стварно имаш голем круг алал да ти е ти завидувам :D
     
    На buba4e89, firequeenn, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. macence123***

    macence123*** Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Гледам до толку се опседна со мене хахахахахахах фан ми стана дури,и да,од форумов стекнав пријателки со кои и ден денес одам на кафе,без разлика дали ќе нарачаат нешто :hai: а ти вака ако се опседнуваш со непознати луѓе од форум не ти бега психијатар и терапија,а не е лошо и малку да почнеш со време да ја земаш истата,дури не е касно :rofl: а питачи ги нареков тие што бараат 20 ден попуст на артиклот што го сакаат,гледам и слабо сфаќаш...не е лошо да поработиш на себе си малце,па можда и ќе успееш во нешто...еден ден (fingers)
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Цуценце ела да те гушнам :hug:
    Тоа ли е коментарот и оправдувањево на питачењево твое по форуми што продаваш производи дека сум опседната со тебе :rofl:
    Аха да, сум. Идол си ми.
    Кога ќе пораснам сакам манаѓер да будем на авон и да фаќам и јас 4000 заработка 8)
     
    На Macedonian girl и teressa им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Тие што сакаат вака да заработат да знаете или ке ви тргне или ке сте во загуба и ке плакате порачки на оние што се откажале од производот или не ви го платиле. Треба да сте со лојални луѓе а не накој најдете да продавате само за да имате порачки. Јас работам веке 2 години и некако како хоби ми стана неможам да се откажам, ако ми треба маскара наместо да давам 400 500 ден за маскара земам бесплатно и вака имам од попустот пари. Интересно е ама запомните или ек ви тргне или не и ке бидете во загуба.
     
    На macence123***, ocicka2014 и sunshine2015 им се допаѓа ова.
  13. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Здр имам 16 години, и би сакала да си заработувам пари на интернет. Би сакала преку Авон, дали може некој да ми објасни подетално, оти слушам само подароци давале, а мене не ми е баш до подароци... Фала однапред:)
     
  14. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам како оди плаќањето дали може преку пошта да се уплатат парите или не а и друго да ми објаснете како оди порачувањето се околу авон, однаперд ви благодарам
     
  15. macence123***

    macence123*** Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Во пошта може,но поголема провизија ќе имате,во комерцијална банка ви е 15 ден. провизијата,прво треба да се зачлените преку некој менаџер,можете и преку мене,па си собирате нарачка и ја праќате преку интернет страницата во понеделник или четврток и ви стигнува во петок или втоник,имате заработка+подароци секоја кампања,за се подетално што ве интересира пишете ми порака
     
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ај некој претставник или некој што знае и може да ми помогне.

    Отворив на веб страната, гледам има опција купи онлајн, си викам супер сакав еден кармин, да не барам луѓе и слично.
    Арно ама, при логирањето не беше наведено дека всушност ти стануваш претставник.

    Ми излезе таб за да 'потпишам' договор, и ја сфатив финтата, не кликнав на 'прифати', со што системот сам ме одлогира.

    Прашање, бидејќи не стиснав потврдно за договорот, немам обврски?
    И дали, доколку сакам да станам, меѓутоа исклучиво онлајн и за мене, кои ми се обврски?
    Дали имам минимум нарачка, казна итн итн?

    Зошто не сакам да работам со тоа, сакам да нарачувам НЕКОГАШ и само за мене.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.134
    Пол:
    Женски
    Штом не си потврдила нема да имаш никакви обврски. Ако сакаш да станеш претставник само за тебе можеш, ама мислам дека на нарачките под 1500денари се плаќа достава ако сега не е нешто сменето. Други обврски немаш, ама самата ќе се мотивираш да правиш нарачки бидејќи ќе те привлекуваат подароците.
    Ако не планираш да правиш поголеми нарачки мислам дека не ти се исплаќа членството.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    не е веќе миминалната 1500 туку 1600
     
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.119
    Допаѓања:
    14.348
    Пол:
    Женски
    Женски, ако може некој да објасни како оди тоа со онлајн брошурата?
    На моите купувачи им давам линк со мојата брошура персонализирана и што?
    Сестра ми пробала да ми нарача ама не успеала.
     
  20. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Најдобро јави се кај твојот лидер и нека ти објасни, тоа им е работа.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.