Тоа само да седеш дома и со авон да се бавеш значи управо си нема шанси , јас сум преставник месечно правам 4000 5000 највеке толкав ми е круго на луѓе за жал не прават порачка повеке од 300 400 денара финанскиски не се толку моќни. Сум задоволна од попусто ми останува ако имам пример 800 попуст 500 ми останат. Поклоните ми се свиѓаат . Незнам мене ми се исплака имам си и подароци дома се иам при рака а не да одам по цигански продавници да купувам неквалитетни шминки, пример пудро и маскара земеш ги за 100 денара поклон а вака не плеснес 600 денара и повеке за тоа да одеш и да си купеш. Иначе авоно повеке го гледам како занимација некако и дружба.
Извини ама пудра од авон ја споредуваш со пудра од 600ден на пример на макс фактор? Во случајов циганска е пудрата од авон, не споредувај пудра што некогаш е намалена и 230ден, цена на чинење и е 30ден бидејќи другите се ќар за тебе за менаџерот, координаторот и покривање на разни трошоци и профит на фирмата
Сигурна ли си дека е циганска пудрата од авон е 500 600 денара ако си подобро упатена не гледај пудра колор тренд или бб тие се по 200 денара. Поарно од авон отколку фејк шминки од дуќанчињата лицето лом да ми стане и очите
Ако гледаш така цена наспроти квалитет, тогаш стварно треба да ти се "лом" очите. Не е се фејк по дуќанчиња.
Сигурна сум дека оѕдра на макас фактор од 600ден од дм е далекууу по добра од на авон луксот која има набилдана цена од 800ден па потоа демек попуст за 400-500-600ден.
Јас стварно не можам да те разберам, погоре членката спомна за пудра од Макс Фактор и направи споредба со пудра од авон небитно која. И беше во право, може да ти направам споредба со оригинална пудра од Мек со пудра на авон и пак нема да држи вода муабетот. Друга работа ми беше да ти кажам дека не е се фејк ко што мислиш, не оспорувам дека нема кајли фејк ама тоа сум сретнала само во Шатци, во одредени познати дрогерии не сум сретнала фејк козметика. И сум користела фејк сенки па уште гледам и здрава права сум.
Здраво,сакам да ве прашам како оди работата со авон,некој да ми објасни некои работи:доколку сум претставник на авон како можам и каде да кажам какви порачки сум собрала,каде стигнуваат,за колку време се плаќаат што како,се тоа?Се што е битно за еден претставник на авон би сакала да знам бидејки сум заинтересирана. Исто така,да се надополнам колку најмногу порачки може да се прават и колку се добива плата?
Вака, околу регистрирањето имате можност да се регистрирате со или без лична карта, со тоа што главна разлика е - во опцијата без лична карта немате можност за плаќање на фактура, туку само на рака при подигнување на пакетот. При регистрирањето добивате ваш координатор кој е понатаму задолжен да ве обучи околу порачките и ќе ви стои на располагање за прашања и нејаснотии. Моментално поради ситуацијава, за нови членови првата порачка е со бесплатна достава до дома, инаку е 99, а 19 ден за подигнување од пункт. Попуст се добива зависно од висината на порачката и повторно сега поради ситуацијава е смалено да почнува од 1000 ден, инаку е од 1600. Може да се пуштат колку порачки сакате и кој износ сакате, не значи дека мора над 1000 да направите порачка, само нема да имате попуст. За новите членови има и програма со подароци - доколку остварите одредена сума, добивате производи по симболична цена. Мислам дека грубо опфатив тоа што е битно, ако некој е заинтересиран за поопширно инфо или да ми се приклучи во групата нека ми пише во дм Уште ова, плата од Авон не се добива. Доколку си претставник имаш заработка само од процентот на попуст што го имаш од порачките. А доколку менаџираш своја група имаш чисти пари на сметка-провизија, зависно од продажбата на твојата група.
Ние го викаме попуст не плата тоа зависи колку порачки сме собрале, и зависи на какви производи накито и парфемите ти носат повеке проценти.
Koga veke sporeduvate. Max Factor kaj nas i Max Faktor vo stranstvo e nebo i zemja..Avon si e avon..Ako ti se dopagja kupi ako ne ne..Jas sum zacleneta, ne rabotam aktivno. Od dekorativata ne sum zadovolna. Ne se trajni, nemaat dobar pigment senkite.. ne mi se dopagjaat. Karminite da ne pocnuvam. Koga gi probav Color pop i Revolution kako drug store brendovi i Wet 'n wild osobeno bronzeri i hajlajteri. Da ne zboruvam za poskapi brendovi. Ama eve i ovie koi se da recam za siroki narodni masi se 10 nivoa nad Avon vo kvalitet. Naracuvam od stranstvo generalno od Mk ne kupuvam sminki..
Здраво. Работев со Авон во средно и од пред 2-3 години се немам најавено. Сега ми текна нешто да се вклучам но не си го знам корисничкиот број, пасвордот го имам на мејл од последен пат кога сум го ресетирала. Е сега, кога пробувам да се вклучам нема опција „го заборавив корисничкиот број“, како за пасворд, па дали имате некој совет како би можела да се вклучам?
Доколку си менаџер твоите претставници треба да пуштаат порачка минимум 500 денари преку интерактивна брошура, но не сите туку процент од тимот во зависност која позиција си.
Доколку во К07 си потврден менаџер,можеш да учествуваш во програмата,треба 40% од тжсоставот на групата во К07 ,да пратат нарачка преку интерактивната брошура за да си ги добиеш ти овие награди
Па како што кажав, зависно од висината на порачката добиваш попуст и на пример продадеш парфем што во брошура е 700 денари, со попустот ти стига дека треба го платиш 550. На клиентот му го наплаќаш по сумата од брошура и остатокот ти останува за тебе.