Дечки, да не знае некој што е проблемот со нарачките ? Вчера пуштив нарачка и се уште не ми е фактурирана... Да не има некој застој пак?
Да има проблем на глобално ниво, но пуштајте ги слободно нарачкате примени се и ќе бидат фактурирани штом ќе се реши проблемот се надеваме ќе биде се во ред до утре
Проблемов со авон се уште трае и тел не им се достапни. До утре ќе се реши проблемов или кат уште 6 дена е продолжен?
Уште ли е минимална порачка за попуст 15% - 1000ден или пак е 1600? Моментално прашувам знам дека еден месец дтсса известување дека е 1000?
Да проблемот се уште трае затоа и кампањата е продолжена до 24ти јуни. Мислам дека може да им пишете на официјалната страна на фб Avon Macedonia. Доколку има некоја новост во наредните денови ќе пишам тука за да знаете,ако имате други прашања пишете ми ако можам да ви помогнам.
Да минималната порачка се уште е 1000 денари на тоа има 15% попуст плус подарок за плаќање при достава.
@najjacha @diamonds.in.the.sky До дома се плаќа 99 ден . Доколку имате две нарачки во иста кампања , втората е со бесплатна достава до дома. До пункт самите да ја подигнете е 19 ден.
Како нови членови ? Да ... Сите сл. кампањи првата е 99 ден а секоја втора во иста кампања е бесплатна.
Во Авон работам 8 години и сум координатор. Правам по 7 нарачки по кампања па прв пат се среќавам за ова дека првата нарачка во кампањата е бесплатна. Баш напротив првата ја плаќав 65 ден ( пред еден месец додека беа мерките поради ковид-19) а сега 99 ден . И секоја втора, трета и така натака ми е бесплатно доставена до дома. Едит. Еве слика за појасно.
И јас го работам истото што и ти плус заменик на зонален менаџер. Зборувам за прва нарачка на новоназначен претставник или клиент. Мислам дека тука не се разбравме.
Добро,како можи Авон да не може да се плаќа преку тутунска банка? Кое електронско банкарство го сонувате? Како се изнервирав!!! Не можам да одам до Комерцијална немам во близина и не смеам да станам од кревет, немам кој да пратам. Дали можи преку друга банка да уплатам, физички? Колку провизија земаат? Овде блиску е Еуростандард.
Може да се плаќа од секоја банка со електронско банкарство има многу што плаќаат така, да не е проблемот нешто во тутунска. Инаку Еуростандард провизијата можда ќе е 30 40 денари не знам точно по моја претпоставка е ова.