Дали може некој да ми каже дали можам да нарачам за друго лице (клиент, кој се додава на првата страна на странава за нарачка) и цела порачка за тој клиент да биде (за мене ништо)? И ако може дали знаете колку пари тој клиент би платил за достава (сума за производите + ?=за достава). Ви благодарам
Да може, но порачката треба да над 1000 денари и не му се пресметува него попст туку си плаќа по редовна каталошка цена и кај тебе на сајтот ќе биде внесена таа сума што тој ја платил, па така ти во твојата порачка ке имаш помаку за плаќање попустот на тие производи. Доставата до негова адреса е 119 денари мислам. За да пуштиш вака порачка се внесува шифра и кога ја преакаш во привремена адреса. Ако има нешто нејасно пишувај ќе ти објаснам. Поздрав.
Здраво дали може да ми помогне да платам електронски преку НЛБ, не можам да се снајдам, а банкиве се фул..?
Оди на тие опциите,лево ,горе како три цртки има,после бираш налог ПП30 , ти излегува да внесеш трансакциска,напиши ја таа на авон,па сума,па во цел на дознака претставнички број/број на фактура,и кај датата кје напишеш дата утрешна
Здраво , сакам да ве прашам кога ќе ја направите порачката од авон дали после тоа можам повторно да видам што сум порачала или не? И ако има таква опција каде можам да ја најдам?
За вакви работи треба таа што ве зачленала да ви каже,ова се основни работи,не е целта само назначувај претставници и остави ги неинформирани за вакви есенцијални нешта, одете во Следење на нарачка и ќе ви излезе нарачката,лево на сините бројки ви е нарачката,а десно на сините бројки кога ќе стегнете ќе ви излезе вашата факура
Здраво сакам да се зачленам во авон па ме интересира дали ако во еден месец немам заработка е некаков проблем или се продолжува?
Ако има некоја од Авон менаџерите, сакам да прашам зошто повеќе не даваат мотивирачки подароци како порано на претставниците кои секој месец им прават нарачки и промет или претставниците веќе не им се битни, гледам сега повеќе се посветени на инфлуенсерките да им праќаат бесплатни подароци. Жално.
Еве јас ќе ти одговорам. Сега ги има кварталните подароци, со собирање нарачки во 3 или 4 кампањи, добивате подарок за тоа ниво кое сте го фатиле. Сега ги имате подароците за плаќање при достава, не знам колку ја користиш опцијата Cash on delivery, на секоја направена порачка од 1500 денари и платена при достава добиваш подарок, ако сакаш ти пушти и 10 нарачки во една кампања од по 1500 денари и плати ги при достава, 10 пати ќе го добиеш подарокот. Сега ги имате неделните понуди и online понудите кои ги има само на сајтот. Оваа кампања во неделна понуда за прва недела Destilery беа пуштени за 399 денари, порачај ги така продади ги по реална цена има добра заработка. Доколку имаш други прашања слободно пиши ми ќе ти објаснам се
Знам дека имаат подароци, ама тие се тешко достижни, а опцијата да платиш при достава реално секој нема кеш пари да плати толку, за еден подарок лак за нокти и моливче за уста, повеќе од 6 год сигурно сум претставник на Авон, и имаа прекрасни мотивирачки подароци, ташни, паричници, сетови парфеми, накит, значи преубави да ти е мерак да правиш нарачка, но последнава година ептен ништо една маскара подарок немаат дадено, стварно е мизерно, додека на инфуленсерките праќаат по цели пакети подароци. Достава си плаќаме, каталози, мостри до се си плаќаме еден подарок салам немаат дадено.
И ти си до некаде во право и те сваќам, јас работам во зонална канцеларија на Авон и не си првата која се побунила за ова и на многу состаноци до сега е кажано и искрено се надевам дека ќе има ефект од тоа што се кажува насекое. За инфлуенсерите нема за што да се буниме, затоа што Авон на таков начин си прави реклама и тоа го оправдувам. Еве ветувам дека твојот став ќе го проследам на некој состанок и ќе те известам за тоа каков одговор сум добила. Ако можам некако да ти помогнам во иднина слободно пиши ми
Мило ми е доколку биде пренесено, се надевам дека нешто ќе биде превземено од нивна страна за во понатамошните кампањи, бидејќи лично мене а и на многу други претставници ни делува демотивирачки.
И јас имам исто мислење,наградите се или недостижни или некоја ситница ,лак за нокти... Така да кажете дека на форумов до сега две жалби има,а за инфлуенсерките немам коментар...случајно дане сте купиле нешто откако некоја го изрекламирала?сите знаеме дека тоа е платена реклама и не е баш многу вистинита рецензијата која ја даваат истите,не секоја инфлуенсерка е компетентна да даде мислење за козметика,магнолија кажува реални работи за козметика,но некоја си што слика голотии не верувам дека ќе даде мотивација на некој да купи определен производ
Еве ветувам дека ќе биде пренесено во прва прилика, и ќе ви пренесам каков одговор сум добила. Се надевам дека со промената на месечните кампањи ќе се промени и тоа.
Здраво Авон преставнички, Сакам да нарачам неколку производи од моменталниот каталог, ве молам некој кој е локациски во некој од Карпошите во Скопје да ми пише порака да се договориме. По можност да можам да ја платам набавната цена на производите дека малце сум кратка периодов Благодарам однапред!