Здраво девојки, дали постои можност секој да си купува онлајн од сајтот што му треба или мора да бидеш зачленет? Ако постои таква можност, ве молам информација колку се плаќа за достава до дома.
Здраво, да ве прашам околу заостанатиот долг кој ми го пишува... Имам се платено а тоа уште ми стои.. Може ли некој да ми објасни?
Мислам дека на фактурите имаше и телефонски број или има на нивниот сајт формулар https://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/contact_us_main.page или пак најлесно контактирај го координаторот твој па тој нека среди
Здраво, сакам да се зачленам во Авон. На кој линк ќе треба да се зачленам? На авон веб страната видов повеќе и не ми е јасно на кој треба...? Значи не сакам да сум дел од тимови ниту некој да ме зачлени, туку некој да ми пушти линк на кој што ќе треба да се зачленам. Дали ќе треба секој месец да правам нарачки и како ќе знам дека ми е прифатено зачленувањето?
Мораш да си во некој тим и ако сама се зачлениш преку страната они автоматски те доделуваат кај некој. Затоа подобро најди некој координатор и зачлени се преку него, барем се што ќе ти треба помош ќе ти помага. Не мора секој месец нарачки.
https://telcor.ro/avon/myplan/maced...s.com.mk&utm_medium=carousel&utm_campaign=drr Дали е овој линкот за зачленување?
Како да се зачленам во Авон? И дали може само за свои нарачки месечно по 1000-2000ден да го користам профилот? Нејќам на други да продавам..
Прашај некој што е зачленет да те зачлени преку него, така и ќе ти помогне на почеток за било што. Можеш да правиш нарачки без разлика на сумата.
Можеш само за тебе да си нарачуваш,и ќе си имаш и попуст на нарачката,ако сакаш пишинми порака да ти објаснам
Вчера пратив на тоа онлајн што им е податоци за да станам претставник, пишуваше дека ќе ме контактираат, но ништо еве, не се јавија денес. Се јавуваат воопшто на ова или да барам преку некој да ме зачлени?
Треба да ти се јави претставникот на тимот кај што си. Ти ли си одбра тим или автоматски одеше, не се сеќавам?
https://telcor.ro/avon/myplan/maced...ics.com.mk&utm_medium=button&utm_campaign=drr Ова го пополнив, тоа ли е точното?
Затоа што мора некој менаџер да ве стави под него,има и друг начин за вака онлајн да си се регистрирате,но ќе мора повторно да внесете број и емаил на менаџер