Za 7 fokus li zborujes ? a kakov podarok e toj sto kazuvavte i tebee ti stigna nesto izvestuvanje dalii penata ke ti stigne ili ?
@Winter Lady Исто со нутра ефектс беше поврзано, добив меил за анкета и таа анкета носи до 3000 денари вреден авон сет производи. Секоја кампања има фокус, ќе ти стигне во к6 а и го имаш во пдф верзија на сајтот на Авон. @delevingne не не ми стигнало ништо, ниту на сајтот не можам да најдам
Прашање до координаториве присутни на темата. И јас сум координатор, ама мојата координаторка не ја познавам а ми треба инфо. Личната порачка требаше да биде над 3500, а группната над 20 000? Нешто мислам менуваа, а на сајтот неможам да најдам податок.
@Eli23 Групната за фастер бонус? За личната да, 3500, а групните за бонусите ти се менуваат зависно нивоата, потенцирај што поточно ќе ти објаснам. Инаку, ако е за првиот бонус, 23,000 треба да ти е групната од 5 активни односно 6 броејќи те тебе. И тоа што не ја познаваш, нека не те кочи, имаш нејзин тел.број? Слободно контактирај ја, обврска и е да те информира за се што те интересира.
Не за фастер бонусот, веќе има скоро година како сум координатор. Туку секој месец нели има услов да имаш активни 5+1 т.е. јас и вкупна порачка на групата над одредена сума за да не паднеш фактички како координатор. Имам јас 9 зачленети, ама последниве кампањи на 2 пати ми се случи да ми бидат активни само 4 и изгубив добра провизија тие кампањи. Сега гледам по извештајот дека имам групна порачка 21000 отприлика. Дали за бруто групната нарачка има некоја долна граница секоја кампања за да не губам провизија?
@Eli23 Таа мислам дека е долната, 6 активни со се тебе и 23.000 бруто продажба, одамна не сум "прочепкала" по тие работи, дека имам повеќе активни и координатори под мене, па не ми дошло до тоа, ај препрашај си за сигурно, јави се во центарот за корисници на Авон или кај координаторот твој, да не изгубиш пари за смешна разлика во суми.
Колку време си координатор? Која зона? Јас до сега бев 2ра зона. Ама знаеш, многу тешко ми е да најдам претставници што ќе ми работат од проспектинг. Фактички мене сите претставници ми се од лични контакти. Никако да си го проширам кругот. Совет некој да ми дадеш бидејќи си поискусна ?
Девојки да ве прашам нешто. Дали производите кои се на нето понудата влегуваат во порачките? Знам дека немам попуст на тие производи но прашањето ми е пример вака. Имам за новиот каталог 1300 денари собрано порачки само од каталогот, а за мене сакам од нето понудата едно спрејче да порачам и крема за пети кои заедно чинат околу 210 денари. Дали заедно со тие два производа од нето понудата ќе имам 1500 денари и нема да платам казна од 120 денари? Или мора строго од каталогот да бидат производите?
Nee vleguvaat kako mozee da vleguvaat be eli .. ne vleguvaat nelii si procitala dosega deka netoo ponudite se podole od drugite prozivodi kogaa ti stiga listot za uplata
На cirezd да и платите за информацииве Не влегуваат, нето флаерот не влегува ниту во попусти ниту во групна сума. 5000 денари од нето флаерот да имаш и 150 денари од каталогот, они тие 150 ти ги сметаат, јасна сум со компарацијава така? @eloves