Работа со помлад или повозрасен кадар

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 2 октомври 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Кога би можеле да избирате би сакале вашите колеги да се од помладата бранша или да се повозрасен кадар?
    И зошто тоа е вашиот избор?
    Какво е вашето досегашно работно искуство, доколку го имате секако во однос на ова прашање.
    Дали подобро сте се снаоѓале во средина каде работите со помлади или со повозрасни?
    Кој има поголемо знаење?
    Кој повеќе ви помогнал?
    Која работна атмосфера е подобра?
    Позитивности и негативности на младиот и на повозрасниот кадар?

    Темава е инспирација од Лилит, која во СДК го кажа своето позитивно мислење од повозрасниот кадар. :)
    Пред моето вработување јас мислев баш дека ќе научам од повозрасните, но досегашното работно искуство го докажа сосема спротивното. Во иднина можеби повторно ќе го сменам мислењето, којзнае.
    Повелете со ваши искуства, која работна средина е подобра :)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.638
    Допаѓања:
    100.599
    Јас горе-доле си го кажав своето.
    Од искуство тврдам дека со постари подобро се работи од МНОГУ причини. Е сега, условите се такви какви што се,карактерите се различни, па според тоа треба да изнајдеш начин како да го извлечеш најдоброто од ситуацијата.

    Работењето со повозрасни го сакам ради следново. Прво, не може да ти се погодат сите прекрасни и добри и секогаш насмеани и волни да ти покажат, треба да се научиш самиот да си го бараш своето, да подпрашуваш. Постариве има и живчани има и стрпливи, но у секој случај, повеќе ќе сакаат да ти покажат за да ти дадат поише работа,а тие малце да си ескивираат,што во прво време и не е така лошо за да се уходаш. Второ, увек гледаат мајчински на тебе, добро не увек,ама најчесто. Лесно ги импресионираш, те споредуваат со нивните деца, па и да згрешиш,а кој работи и греши, ќе ти прогледаат низ прсти или едноставно трпеливо уште еднаш ќе ти покажат. Трето увек даваат предност да напредуваат помладите, освен ако не се работи за некоја фрустрирана стара шефица која се издерава и е недое*бана од маж и кој веќе е неспособен,а не може да си фати и шваљер,ама тоа друга приказна. На овие постари луѓе,ништо не треба да им врзуваш у крпче, нема да се појави антагонизам, може да ти се испонашаат ради загорен ручек,но никогаш лично, се што треба е да си фин,културен, позитивен,насмеан и воспитан.

    А додека работењето со помлади ми е...одвратно искуство. Прво, сите се напувани, само што излезени од факултет. Второ, тие самите не знаат, не па тебе нешто да те научат, а ако те научат по автоматизам те гледаат како конкуренција, па малце и со дупки ќе знаеш. Трето, дружбата ја сматраат на ниво на факултет или средно,па лесно може да се јави антагонизам и необјаснива мржња од типот незрелост пошто некоја е боље и одма се увлекува на шефот или види ја како изгледа провокативно, а врска нема и такви еден куп глупости. Четврто, лош менаџмент прават...значи, УЖАСЕН, не можам да ви објаснам и пак тука имаат врска интраперсоналните и лични односи,а не професионалност. Од издеравање пред сите (во прв момент не знаев шо му е на типот, зошто и се дере на женскава, мислам понижувачки е шеф да ти се дере пред сите у канцеларија). Петто, како ќе си го тргнат така, нема принципиелност ни за време за доаѓање,ни за време за одење дома,па онда губиш квалитетно време у неефективност само зошто шефот касни и сите по него и онда тој може нејќе ради жена му да си оди дома,па седи до 6-7,и овие немаат шо да праат,ама од страв си седат дур он не си отиде. Значи тоа се навики кои се учат од постари, сега, веќе го немаме тој систем на работење како што можеме да го научиме од постарите,пред се принципиелност. Не дека немало исклучоци,ама пак тоа се некои корпоративни вредности кои денес едноставно ги нема. Шестто, па дружбата ко што кажав... не ми значи... ми значи работата, кариерата, задоволството од неа и генерално парите, се друго само може да ме дистрактира...ужасно да ме дистрактира...ме заморува, а башка докажано е дека кад-тад ќе ти се удри од глава,пошто кога се работи за напредување,не ги бираат средствата.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    56.098
    Јас и немам баш шаренолико искуство, зошто до сега сум работела главно со колеги кои се неколку години постари од мене.

    Според моето искуство, важно е колку човекот се чувствува способен, и има самодоверба. Ако има самодоверба, тогаш немаш гајле. Човек со самодоверба не се плаши дека ќе му го лапнеш работното место, или не крие информации, затоа што свесен е за своите квалитети, тоа не се крие. Главно тоа се луѓе кои или студирале или работеле во странство.

    Од друга страна, чувај ме боже од неспособни, особено претпоставени, кои под некои за нив среќни околности дошле до некаква позиција, па сега не бираат начини да ја задржат. Не носат одлуки, а ако ти донесеш одлука која после некое време ќе се покаже како несоодветна, ќе те испердашат ко никој. Тоа страшно исцрпува, башка и знае да влијае на самодовербата. Секој состанок се чувствувам како да сум на испрашување во судница, и кога и да треба да донесам одлука, макар и наједноставна, се преиспитувам дали треба прво да прашам. Само премногу го сакам другиот дел од работата, за да си одам.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    5.123
    Сум работела со млади луѓе плус , минус по некоја година постари или помали. Имаше една “црна овца“ со 32 год, мајка на две деца и толку неспособна,љубомореше на помлади. Сега работам со жена која има 44 год, ама има младовачки дух. Добра е. Важно е колку се колегите способни. Ако се осеќаат загрозени од вас, ќе ви ставаат сопки, нема врска години. АКо е некој професионалец, ако има 50 год, јас нема да му ја земам работата сигурно, и не треба да се плаши.
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Моето работно искуство не е преголемо, само две фирми, но двете дијаметрално спротивни.
    Посебно спротивни во однос на кадарот, па затоа кога ја прочитав Лилит се потсетив на деновите кога работев со постар кадар и сега кога работам со помлад.
    Којзнае може ако отидам во друга фирма сосема друг коментар тука ќе оставам во иднина и ќе кажам дека постар кадар и те како ми помогнал, но засега неможам тоа да го речам.
    Најпрво би рекла дека е до луѓето и потоа до поставувањето на фирмата, затоа и имаме различни мислења за нашата работна околина.

    Значи да почнам со постариот кадар. Речиси 80% од фирмата беа постари, ќе речам над 35-40 години во поголемиот дел, со тоа што огромен процент беа над 50-55, пред пензија. Единствено имаше во секторот кај што работев една помлада девојка, некоја година постара од мене и да не беше таа јас ќе бев првата што ќе умрев од досада на работа. Единствено таа девојка ми помогна, таа ме подучи на неколку работи. Знаење од постар човек добив како се прави ајвар |( Значи прво постоеше огромна незаинтересираност да му се помогне на помлад човек кој дошол на пракса, а притоа таа пракса не е една недела па да дреме и вари кафе, таа пракса имаше неколкумесечен договор. И фино лепо се затекнав во друштво на искомплексирани теткици, кои само си гледаа да го сработат своето и веќе на 5 минути до завршување на работното време имаше редица за се куцнат на системот и да го напуштат работното место. Тотална незаинтересираност за работа. Работата нив им носи пари за прехранување и крај. Ни да помогнат за фирмата, ни да помогнат на некој, ништо, индивидуи самостојни. Значи мене не ми се веруваше дека може колеги во иста канцеларија да се замолуваат за помош, со зборовите ,,те молам може да ми помогнеш извини што те вознемирувам", а притоа да добиваат одговор ,,неможам сега да ти помогнам". :!: Притоа интересно што им кажуваат внеси тужби во компјутер, скенирај ги, направете си фајлови, а тие запнале хартија си е хартија, батали компјутер. А притоа станува збор за фирма која има странски капитал и е огромна фирма која врти пари на велико и има работници што хејтаат компјутери |( Потоа да не зборам каков им беше односот со корисниците, ми се гадеше. Затоа и нема просперитет од таквите фирми во Македонија, класично одење маткање од едно во друго место, а можат да ти помогнат, ама ги мрзи бре! Нив ги мрзи што живеат а не па мене да ми помогнат да научам нешто. Читај тужби ти дете. Јас 8 часа на ден, неколку месеци тужби ќе читам. Да ви кажам бев среќна што не ми го продoлжија договорот, ќе пукнев во таа средина со постар кадар којшто не сака да работи, не сака!

    И второто искуство, за среќа далеку подобро од првото, кадар под 40 години е 98%. Дури многу голем процент и под 30 години.
    Сеедно што е помлад значи имаат огромно разбирање, кадарот е биран многу внимателно, сеедно што е млад, дел се со странски дипломи, дел се со големо искуство во домашни и странски фирми и јас не сум слушнала да има караница, да има недоразбирање, да нема пружање помош. Но веројатно е пред се до поставеноста на фирмата, до нивниот близок контакт со вработените, до сите оние дружби за да има добра средина и работни односи, до нивното учење на младите на секаков можен начин. Затоа иако е фирмата со толку млад кадар е фирма со огромен развој, ама ја бива, сеедно што е кадарот млад. Е се десило да се појават млади госпоѓици кои сакаат да се фрцкаат и дојдени од факултет за да пијат кафиња и дремат на фб, истите за некое време се пратени дома. Не дека нема некој кадар којшто е навистина млад и неискусен, но се дава огромна шанса да го научи тоа, само треба да сакаш да учиш.

    Затоа понекогаш џабе ако работиш со човек со 50 годишно искуство ако не сака да ти пренесе ништо. Точно е дека понекогаш треба ти сам да се трудиш да го извлечеш најдоброто од луѓето, ама има луѓе кои одвај за себе работат, а камо ли да пренесат знаење на други.
    А има луѓе со 2-3 години искуство, од кои може да добиеш животни лекции.
    НО кажувам освен луѓето и до самата поставеност на фирмата е.
    Значи мене да ми се случи во сегашнава фирма да ми рече некој нема да ти помогнам јас веднаш како голема издаица ќе го кажам на надреден. Бидејки не смее да не ти каже. Затоа фирмата си сноси последици онаму каде помладиот кадар не е обучуван од постариот.
    Се е едно кругче, а секој со своја среќа и искуство во животот.
    Секое работно место и секоја работна средина е различна и е добра за поука, некогаш ќе учиш од помлад кадар, некогаш од постар, некогаш ќе гледаш искомплексирани теткици во менопауза, некогаш несозреани адолесценти кои ги мрзи да работат.
    Ама и до себе е, ако си дојден да научиш ќе се потрудиш да научиш, дали како се прави ајвар, :lol: дали како да добиеш голем предмет во судница :)
     
    На danichap и kravce им се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.755
    Се зависи до човекот и до неговиот карактер.

    Од постарите колеги, навистина има многу на кои им е мака да објаснуваат, немаме заеднички теми за разговор, се чувствува дистанца поради годините, гледаат на тебе како незрело дете, ама па има и возрасни од кои сум добила навистина многу вредни совети поради искуството.

    Со помладите повеќе ни `одел` муабетот, и полесно, поинтересно ни минувало работното време, ама и повеќе сме забушавале. Ама и повеќе се јавувала љубомора.

    Сега во фирмата во која работам сме мешани, немаме некој заеднички јазик, ама ете, така е засега.
     
  7. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.973
    Сега не работам нигде,но на претходните мои работни места и на двете беше млад кадар.
    Искуството со нив не ми е лошо,секогаш спремни да ми помогнат,без ниту еден преречен збор.
    Се наоѓаше по некоја што се правеше дека се знае,а знаењето не сака да го сподели со никој друг,но со другите имав добро разбирање и никогаш не сме дошле до некој конфликт,секогаш сме наоѓале заеднички јазик и сме соработувале добро,па на крајот и имало супер резултати во работата.
    За спротивно од нив имаше една постара колешка која што не сакаше воопшто да каже ништо,секоја грешка ја кажуваше на претпоставените,демек таа се знае,а ние помладите не знаеме ништо.На момент пред претпоставените се правеше дека е спремна да ни помогне,но кога ќе заминеа тие се вртеше листот и веднаш како ние не знаеме да работиме,само таа знаела |( Во секој случај по некео време разбра дека таа може повеќе од нас да научи одколку ние од неа.
    Како што кажа и Росоњерка погоре ,секаде има некои кои што ќе ви одговараат за да работите заедно и супер ќе соработувате,некои што глумат лудило,а некаде пак се прават дека знаат се.Наше е само да примаме и учиме од секој човек по нешто,што треба и што не треба да правиме на работното место.
     
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.484
    Дефинитивно сум за помлад кадар.Не се сложувам со тоа дека постарите имаат толеранција и разбирање за евентуални грешки.Секогаш поред постар кадар ке бидеш потрчко кој што учи од нив.Не значи искуството со годините стаж дека ги прави попаметни во работата .Технологијата е отидена толку напред што половина од ајде ке кажам администацијата наша ги има прегазено времето .Повеќе од дигитрон не им треба во животот :D .Им се восхитувам на постарата генетација што се надоградува во својата професија континуирано,секоја работа си бара да се видат новитетите од време на време .Младите колку и да се исфрустрирани ,нетолерантни и слично полесно се стапува во комуникација професионална .А и зарем нели е подобро кога ке те поправат каде грешиш и искорегираат отколку да ти ги решава некој проблемите да ти плеска по нос и да те смеата за дете (потрчко ) .
     
  9. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    422
    Пол:
    Женски
    работа со помлад или повозрасен кадар , хм
    одговорто на ова прашање по се изгледа се менува како што стануваме повозрасни ;)
    неколку примери /
    1. јас , мое искуство работа во мешана средина по пол и возраст и мој впечаток , постојат луѓе и нелуѓе , колегијалност и неколегијалност , почит и љубомора . Многу позадоволна сум од повозрасните колеги кои беа на ниво , доста поучни работи и знаења ми пренесоа и прифаќаа новитети кои јас им ги пренесував , изгледа имав среќа !
    Со моите врсници па и помлади од мене не баш позитивно искуство , постоеше сташна љубомора која се одразуваше на работната атмосфера . Многу тешко прифаќаа критика позитивна и најдобронамерна и во моето искуство повеке живчани и нервозни со 2или 3 години стаж отколку останатите со 15 или 20 години , навистина жално !
    2. мојата сестра , работи во фирма каде се сите на возраст од 22/30 години и презадоволна , идеални колеги , тимска работа и одлична работна атмосфера . Е како резултат на ова фирмата е доста успешна и сите имаат бенефит од тоа .
    3. мој дра најдраг пријател / на возраст од 45 години , после толку дооолга работа со те едни исти луге со кои што заедно остареле на раб место , беше пресрекен кога во неговата канцеларија дојде бран свежина од малади 29 годишни девојки :D , мотивација на ниво , продуктивноста порасна , цела фирма осети голем подем 8)

    Мислам дека и ние кога ке преминеме во повозрасен кадар тешко ке ни паѓа некој млад и неискусен да ни кажува како да работиме :lol: кој знае до тогаш какви новитети ке има за кои тогаш нас нема да ни фаќа главата :)
    Закучок , бидете позитивни и колегијални на работното место , почитувајте ги постарите и пренесете го вашето искуство на помладите , искрено и несебични !
     
  10. shtiklala

    shtiklala Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Моето искуство покажува дека сум била повеќе прифатена од повозразните. Нема љубомора, нема конкуренција, имале повеќе желба да ми објаснат, да ми помогнат... а со тие што имаат деца колку мене супер си поминувам. За разлика од нив, кога сум работела со помлади имало повеќе љубомора, задкулисни игри, никој несака ништо да ти каже, секој си чува за себе, се пази да не му го земеш знаењето, многу ривалитет...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.309
    Допаѓања:
    18.044
    Пол:
    Женски
    Јас сум искрено многу позадоволна од работа со повозрасни. Го нема тој притисок, најчесто не си закана затоа што во голем број случаи нивното место си е зацементирано, како што одат годините сакаат да си бидат на сигурно, изморени се од градење кариера, ако се`уште ја градат, сигурно некој млад како мене не може да им застане на патот поради тоа што го поминале, башка нивните години и искуство може многу да бидат од помош за некои прашања. Па само колку значајно се чувствуваат кога ќе ги прашаш за мислење.

    Сум работела со повозрасни и милина ми било. Може не можеш шо се вика со нив во диско да одиш, но јас и онака никогаш не сум го мешала работното место со приватни дружења така што во ваква ситуација имам соработка која најмногу ми одговара.
     
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    5.217
    Апсолутно со МЛАДИ. Дури и не мора да се способни, само да се желни за работа и амбициозни.

    Младите се далеку полиберални и флексибилни од возрасните, најголем дел од младите можат да почитуваат авторитети, сакаат да напредуваат и сè уште не виделе какво гнасно место е светот на работните обврски и задолженија кај нас, па мислат дека кариера се гради како во филмовите, што дава можност да бидат подготвени на речиси сè, не сфаќајќи дека во нашето општество најпаметно е да кажеш „не знам“, „не можам“, „немам време“, нешто кое возрасните го усовршиле.

    Возрасните од друга страна се намќори, мислат дека знаат сè, мислат дека се најпаметни, секогаш имаат приговор на некоја одлука и мислат дека можат да ја смислат подобро, не сакаат да работат и ја користат секоја шанса да се потсетат како било во СФРЈ.

    Нормално, карактерите на луѓето не разликуваат години, па секогаш мора да има барем еден исклучок во групата, но од моето искуство како раководно лице, многу полесно ми било да искомуницирам со младите работници, отколку со возрасните. И да, на крајот работата пак нема да биде завршена како што сум сакал и барал, ама барем на младите ќе им одбиеш на младост, а на старите треба да им одбиеш на плата. :fubar:
     
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.415
    ..и млади и постари кадри.Така се надополнуват едни со други.Од моето досегашно искуство, мислам дека така е најдобро.Старите имаат искуство, а младите повеќе елан, желба...и кога ќе се собере сето се добива една пријатна работна атмосфера , со одлични работни резлутати.
     
    На Elena69221 и Daydream им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.112
    Допаѓања:
    23.537
    Пол:
    Женски
    Повеќето мои колешки се повозрасни. Со нив подобро ми оди комуникацијата, отколку со помладите.
     
  15. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    6.892
    Моето искуство во однос на ова прашање е дека , подобро е да работиш со ПОМЛАД кадар...енергија , дружење, елан , волја за работа се само едни од позитивностите за работа со помлад кадар...Незнам дали ја имав таа среќа да работам со многу позитивни млади луѓе на голем проект ама моето искуство со нив е прекрасно...едвај чекав да одам на работа, работната атмосфера беше на завидно ниво...се надополнувавме , си помагавме сите меѓусебе...имаше многу смеа забава и дружење и надвор од работата...секое потсетување на тоа време ме обливаат многу убави спомени :) ....aх времиња сакам да се вратите пак! :inlove:

    моментално работам со постар кадар |( ..кај мене во фирма 90% се мажи...со нив немам никаков проблем се разбирам 100% ...луѓе мои имам само една жена колешка пред пензија - разбирачка никаква!таа мисли дека е најпаметна дека сите треба нејзе се да и кажуваат, оговарачка невидена , но јас многу многу не и обрнувам внимание :) постариот кадар не е спремен на новости во работењето(тоа што го знаат го знаат и за жива глава не го менуваат), не се флексибилни како младите, дружба нема (а и неможе да има)...

    ова размислување од моето досегашно искуство,сепак животот е пред нас, можеби некои работи ќе се сменат ;) :)
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    45.581
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно со помлад,бидејќи ке си имаш свои теми и муабети,зезање..а што со повозрасен треба некои домаќински работи :lol: сум работела и со постар кадар и цел ден исто па исто,зошто правиш вака ,што правиш по дома е зошто ова зошто она,без врска некои бош муабети
     
  17. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    15.475
    Од моето лично искуство на сегашното работно место, можам да кажам дека е подобро да се работи со млад кадар.
    Јас доаѓам во непосреден контакт со голем дел од вработените, и повозрасните (ај да не ги наречам постари, но во повозрасни ги вбројувам 50+) се претешки за комуникација. Едноставно, тие имаат еден принцип на работа и слепо се држат до тоа, тешко прифаќаат промени, а уште помалку нечие мислење или предлог од помлад колега.
    За разлика од нив, помладите се далеку пофлексибилни, комуникативни и амбициозни, некако преку смеење и шеги, полесно ја завршуваме работата. Освен тоа, меѓусебно си помагаме, а за конкуренција барем досега не сум забележала, колегите на приближно моја возраст се од различни сектори и никој никому не му е конкуренција за работното место.
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    29.296
    Пол:
    Женски
    Кога би имала можност би избрала повозрасен кадар, баш ради искуството и знаењето кое можеш да го стекнеш на работното место, за дружба си имам пријатели.
    Иначе работам со моја другарка која ми е генерација, одлично си функционираме, иако таа е одамна во фирмата, се што имам прашања и што не ми е јасно се обраќам кај газдарицата, ретко доаѓа, но некако поубаво ми објаснува и повеќе ја разбирам.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.970
    Пол:
    Женски
    Во однос на љубомората, јас па баш од повозрасни колеги ја имам почувствувано, во смисла: Можеше моето дете да биде на твое место, ама не, ти се вработи тука.

    Работам претежно со млади, во супер работна атмосфера и стварно не можам да се пожалам за било што. Како последна дојдена во „друштвото”, одлично ме прифатија од старт и во ниту еден момент не почувствував љубомора или завист. Баш напротив. За младите колеги можам да кажам дека се поенергични и многу пофлексибилни, па полесно ми е со такви луѓе да работам. Подобро се разбираме и некако поубаво го поднесуваме притисокот во работата, полесно ни е да се организираме кога нè притискаат рокови. Постарите колеги обично секогаш мислат дека сè знаат, а некогаш стварно не се во право :) Потешко прифаќаат промени, некако си се држат до свои рутини и не се баш тимски играчи. Барем оние со кои јас работам. Повеќе учам од нив, ама па и потешка комуникација имам со нив. Затоа пре би избрала млади.
     
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    22.917
    Пол:
    Женски
    Според мене најдобро е кога кадарот е мешан, односно има и помлади и постари колеги. Постарите колеги се секогаш тука да ти помогнат како поискусни а и не гледаат на тебе толку како некоја опасна конкуренција. Некако се породителски настроени и даваат добронамерни совети. Но добро е да имаш и помлади колеги со кои ако успееш да развиш добар колегијален однос може да ти биде многу поинтересно затоа што ќе си најдете заеднички теми, ќе можете да си одите по паузи и побрзо да ви минува работниот ден. На крајот на краиштата, возраста на колегите и не е толку битна колку што е битно да се погодат, да бидат фер, да не се занимаваат со местенки и рекла-казала и на почетокот да помагаат на новиот додека да влезе во шема. Во спротивно ако не се погодат колегите, работното место е пекол.
     
    Последна измена: 28 февруари 2017
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.