1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа според факултетот

Дискусија во 'Барање работа' започната од tropical, 6 јули 2014.

  1. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Здраво феминки.
    Темава ја отворив бидејќи сакам да споделите мислења за тоа колку може да се најде работа во Македонија според факултетот кој го имате завршено. Со кој факултет мислите дека е полесно да се најде работа, иако не треба да се пренебрегне фактот дека секој си оди по сопствената среќа, а уште поголема би била кога се има пријател, врски или партиски книшки. Колку мислите дека е просперитетно да се заврши факултет за да потоа знаењата и искуствата се искористат на соодветно место, а не во некој кафич или како чистачка. Дали ќе бидете добро квалификувани и колку бенефиции би имале кога би завршиле факултет, а и постипломски и докторски студии во денешно време? Дали воопшто вреди со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме?
     
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Истово ми се врти и мене во глава долго време. Ете имам капацитет и брзо учам ама искрено сум мрза за учење, попрво би ринтала, таква сум барем сега додека сум млада. Не сум по учењето и сеуште не сум запишана, но општеството ни го налага тоа со фактот колку се ценат оние со и без факултет. Точно дека за жал има многу млади луѓе со дури и постдипломски завршено и седат без работа или со несоодветна работа како што е работа во кафуле, бутик и многу други работни места за кои не се бара факултетско образование.

    Јас сум токму од тие што размислуваат како што си напишала ти во постов, но колку повеќе размислувам сфаќам дека доколку имаш можност убаво е да се оди на факултет, бидејќи ако ништо друго имаш диплома со која самата се цениш повеќе и со која еден ден можеш да напредуваш дури и да не најдеш веднаш работа според струка, знаеш дека имаш шанси и надеж за во иднина да добиеш прилика за поубаво работно место. А без факултетот ќе си стоиш во место, ете тоа е разликата. :)

    Јас имав голема желба да поработам некое време во странство и да соберам некоја паричка и плус сметам дека е убаво искуство, ама сеуште не ми се пружила вистинска прилика за тоа, а дечко ми има тука сигурна работа која не е разумно да ја остави за нешто несигурно, така да одлучив најверојатно да одам на факултет, ако до уписите нешто не го промени моето мислење или нешто излезе. :) Повторувам, доколку можеш да си дозволиш, т.е. доколку твоите можат да си го дозволат тоа, ништо не губиш со одење на факултет, само се надополнуваш самата како личност и и самата повеќе ќе се цениш со таа диплома во раце. Ќе знаеш дека заслужено имаш поголеми очекувања и и покрај фактот што на многу млади луѓе сеуште не им направила услуга дипломата, никогаш не можеш да знаеш. :)

    П.С. Најперспективни се технолошките факултети, или да речам занаетчиските. Исто така, со Медицински факултет мислам дека се наоѓа вработување бидејќи имаш опција и државно и приватно, исто така и Економски, но секако тие ти се потешки, треба навистина учење и труд. :) Јас лесните факултети не ги сметам за некоја гаранција во животот, со оглед на тоа што ретко кој од младиве денес останува без факултет, сите одат на полесните како Бизнис логистика или пак Мир, безбедност и одбрана и кога ќе видиш сите одат колку да имаат диплома, тоа и така нема конкретна работа за овие струки уште пак за толку млади луѓе, бидејќи поретки се оние кои се одлучуваат за потешките факултети. Со Мир, безбедност и одбрана едино во Министерство ако влезеш со врски, инаку слободно можеш да си ја урамиш на ѕид дипломата. :tmi:

    Навистина човек да не знае кој пат да го одбере. Доколку не те влече нешто конкретно е тешка и судбоносна одлука за еден млад и неодлучен човек.

    Edit: Ако треба да бирам единствено нешто што ме влече барем малце е туризмот. Така да јас би упишала некоја струка што има врска со туризмот, дали на УГД или ПМФ ќе видам, но барем потоа знам дека ќе најдам работа, има туристички агенции еден куп.
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Тука лежи зајакот и проблемот со хиперпродукција на "образовани кадри" .

    Порано се знаело тие што им се учело и имале навистина желба за одредена струка учеле. На тие што не им се учело , си работеле и не трошеле време и пари за џабе за да после седат дома со комплексот наречен "дипломa".

    Никој ништо не ви налага луѓе , а вие изберете дали треба да ја следите масата која седи дома невработена или ќе си го терате животот согласно вашите желби и можности.

    ПС. Доктор или технолог не се станува оти ти е сигурно вработувањето ( а не е ) туку оти имаш талент и желба да вложиш труд а не само да запишеш колку да имаш факултет.
    Ако ја погледнете и анализата на пазарот на труд на работодавачите им се потребни најмногу вработени со средно стручно образование кои имаат и практична поткованост. Оти па и требаат и медицински сестри , заварувачи , информатичари за техничка подршка (со средно образование ) , угостители итн...
     
    На Marinka99, Mishela и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што напиша, но мајка ми на пример цел живот дежура и гледајќи и други примери имам сфатено колку е тешко, поготово за женско, така да батали ти практична поткованост, јас како женско не можам да бидам електричар, водоинсталатер и слично, треба да се потковам само во кујна, со работа на шанк и такви работи. Барем мене не ми паѓа друга работа на памет за женско за која е поважна праксата. Инаку за секоја работа е важна праксата па дури и да имаш факултет, убаво не учеше една професорка. Ако сакаш да бидеш менаџер на хотел, почни од најниската функција и пробај ги сите. Ниеден менаџер нема да ти е рамен после.

    И порано не било исто, средното не било задолжително, сега факултетот е како средно. А тие што не им се учи и завршуваат факултет, за некое чудо голем дел од нив добиваат добри работни места, ама има и тоа зошто и затоа, така функционираме овде. А за Технолошките и Медицинските се согласувам, никаде не спомнав дека не треба талент, затоа и за нив највеќе фалат работни стручни кадри. Макар што со Медицински ако беа сите со талент, немаше ни да имаме вакви доктори какви што имаме во здравството.

    И за болдираното, реално ретки се тие кои се навистина по учењето, секој сака да си обезбеди иднина со дипломата, колку и да е тоа жалосно повеќето гледаат да завршат, а не што повеќе да се надоградат. Но без разлика на целта, важно е што направиле нешто за себе и не значи дека ќе успеат помалку од тие што биле со сите десетки и желба за учење, ама апсолутно не значи дури има и сосема спротивни случаи.
     
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    ^Овој тренд сите на факултет за неколку години ќе пукне како балон , кога ќе се соочиме со реалноста ... Па младите ќе се опаметат и попаметно ќе се насочуваат.
    Само што успат се сјебаа неколку генерации ...

    А сега за сега ,за секретарка ќе бараат BCC. :D

    И да не ме разберете погрешно дека сум против младите да учат . Туку сум против младите да се форсираат на факултет кој ќе го поминат со препишување и без никаков интерес за струката , туку само да земат диплома која реално нема да им послужи.
    Еден млад човек може и прво да работи па ако види дека се пронаоѓа во некоја област и да се дообразува ..Ама да повторам навистина да има интерес за тоа што го учи.
     
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Е дај боже да пукне, и мене ме нервира да бидам искрена. Како што кажав сфаќам дека секој сака да направи нешто плус за себе, но што им фалело порано? Ништо. Копираат западњачки работи само за тоа што им чини, немаaт пари во Македонија а на секој паркинг има повеќе џипови паркирано отколку Корси. Барем да си ценет работник како во странство, не ми ни треба дипломата.
     
  7. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    работа според струката ептен тешка работа, освен ако немаш вујче владика, за жал, а и како што веќе рековте секој завршува факултет, друга работа што ме нервира премногу, одам пред некој ден во агенцијата за вработување, и има што да видам, цела купа стари луѓе, за кои после ми рекоа дека не сакаат да одат во пензија добар дел од нив... и каде да работат младите според струка? јас на пример не се ни надевав дека ќе се вработам според струката, па ете си работам во маркет, затоа што ми требаат пари и не ми се пружи можност како некои да си ја чекам среќата, па да си седам дома... ете тоа е нашата чудесна земја Македонија, младите немаат работа, тие со факултет работат по маркети, бутици, калфи, затоа што старите си седат на столчињата, итн итн...
     
    На Spidy и Lovely93 им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Не е дека нешто особено сакаат да идат на работа оседени и да се мкнат по автобуси по жештини и снегови туку пензијата е помала од платата, денес се е скапо, колку и да сакаш штеди и внимавај на секој денар тешко се сврзува крај со крај и тие дополнителни 2,3 илјади им се и тоа како потребни. Судејќи според колегите на мајка ми, веднаш се пензионираат оние чии деца се вработени и чиј сопруг/сопруга имаат добра плата/ пензија, остатите остануваат да ги доработат тие две години. И не е проблемот што тие луѓе ќе останат уште некое време на некоја позиција, туку тоа што на нивно место ќе дојде или партиско војниче или вникот на директорот или некој/а која дала мито за да се вработи таму!
     
  9. Sara.Be

    Sara.Be Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Имав професорка која во средно стручно училиште, смер очна оптика ми предаваше по практична настава. Претходно имала завршено италијански јазик на Филолошки факултет „Блаже Конески“, а вонредно зема испити на Штипскиов универзитет Гоце Делчев, насока оптометрија.
    Сакам да кажам дека со јазик не можела да се снајде добро, а сепак занает си е занает; повеќе се цени и повеќе се бара.
    п.с. што мислите, колкави се шансите да се најде работа како професор по македонски јазик или како лектор?
     
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Брат ми е професор по географија, има и постдипломски. Можам искрено да ти кажам дека тој не најде работа додека не се зачлени во партија и убаво го растрчкаа. Сеуште нема полн фонд на часови. Беше студент со сите десетки и е одговорен и начитан, сите професори на ПМФ (каде што заврши) го обожаваат и го почитуваат. Но ете, работи за смешна плата за неговиот труд и вредност, на негови 30 години. Колкави се шансите? Со ова мислам дека ти кажав се, сеедно е дали се работи за географија или за македонски јазик. :D Ќе те ашкаат негде како непријавен или како замена или вака како со брат ми ќе биде. На тој труд и образование да не можеш сам себе да се издржуваш а камо ли семејство. За колку работи го малтретира директорката, за семинари, проектни задачи, работи што не се негова должност. И нема полн фонд на часови, бидејќи колешката негова е постара. Секако дека на местото на професорката што отишла во пензија ќе дојде внука ѝ или пак внук/син на пријател на директорот. Или ќе им трчкаш партиски. Ах, моја чудесна Македонијо! :rock:

    Да не заборавам, брат ми во петокот поднесе документи за бугарски пасош. Да, академски граѓанин ќе бега од нашава држава! Браво, напредуваме одлично. Да бега некој без факултет да не ти е криво, ама кога тој после толку учење и пари неповратени реши да бега од државава, јасно е се како ден.
     
    На fifi16 му/ѝ се допаѓа ова.