Работен однос, права на бремени жени

Дискусија во 'На работното место' започната од Snow-Queen, 26 септември 2012.

  1. Iva225

    Iva225 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Работам во фабрика затоа сакав да прашам дали законски морам да кажам по некој одреден период бидејќи видов дека во некои држави мораш да кажеш по 15та недела, а се вработив во фирмата пред 2 месеци.
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    Подобро не се кажувај, рано ти е.
     
    На Iva225 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    942
    Пол:
    Женски
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Имам договор на определено време, ми истекува точно 2 месеци пред терминот за породување. Многу е веројатно дека нема да ми продолжат... дали има начин да го задржам тоа работно место ? По разговор со адвокат рече дека доколку не ми продолжат можам да го тужам за дискриминација поради бременост, го читав и законот, но тешко се докажува таа дискриминација, а и не сакам да дојде работата до судови.
     
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.264
    Допаѓања:
    50.860
    Пол:
    Женски
    А зошто мислиш дека нема да ти продолжат?
    Ти кажаа ли?
    Јас цела бременост бев на определено па не ме напуштија иако целата бременост бев на боледување не одев на работа.
     
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Немам кажано на никого се уште. Ми се случи со првата бременост. Рекоа нема да ме одјават, ама после ме одјавија, ковид криза почна баш пред да се породам.. и со тоа се извади тогашниот работодавец. Сега е малку друга ситуација, не сакам да оставам детали.
     
  7. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    3.967
    Пол:
    Женски
    Трудниците не се никако заштитени, затоа фирмите склучуваат договор на определено. Нели ти се гледа бременоста, или носи пошироки маици да не се гледа па нека ти го продолжат договорот прво, па кажи.
     
    На arrow и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Не гледам причина зошто не би ти го продолжиле договорот, освен ако се ептен нелуѓе. Ти одиш на породилно на сметка на фондот, не на сметка на фирмата. Фирмата може да си вработи човек да биде твоја замена додека си на породилно отсуство, поголем ризик хипотетички би бил дали ќе сакаат да те вратат на работа после завршување на породилното, ама и тоа не знам зошто би било проблем ако си ги завршуваш обврските. Не разбирам зошто не поразговараш со одговорни од фирмата пред да се консултираш со адвокат. Не претпоставувај, отворено разговарај и ќе знаеш на што си.
     
  9. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    11.897
    Сите знаеме по некој ваков слуај, се надевам дека нема да дојде до ова кај тебе.
    НО зошто?! Стварно не разбирам, што ќе му смени на газдата да ти го продолжи договорот, може и на 2-3 месеци, барем да си влезеш во породилното, па после ако сака нека си бара друг вработен.
    Поголем ризик е дали после породилно ќе те чека работното место.
    Ова ми личи како да го прават од чиста злоба, за да не земеш породилно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Рано е за да се види. Термин ми е ноември, а договорот до септември ...
    Има многу можни сценарија, како што кажав, не сакам да кажам каде работам и кои се деталите. Но многу е голема веројатноста да останам без работа. А тоа не сакам да се случи. Породилно ќе земам, ќе имам над 6 месеци непрекинат стаж, ама борбата е да останам на тоа работно место.
    Ќе земам породилно, но нема да ми се продолжи договорот за да не ми бараат замена, туку директно друг ќе примат на мое место, а после породилно ќе сум невработена..
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Извини можеби нешто погрешно разбрав. Ако имаш договор на определено време кој истекува два месеци пред терминот за породување, како мисли адвокатот да тужи за дискриминација кога договорот ќе биде завршен поради проток на време? Ти си знаеш како и дали ќе фрлаш пари на адвокат, но тука дискриминација баш ме интересира како ќе докаже. Борбата е да се најдеш начин како со фирмата да се договориш и да се разберете. И да се тужите и да добиеш, иако навистина не гледам како би добила на суд, после уште потешко ќе биде да се вратиш во колектив со кој си се тужела, не знам колку е сето тоа паметно и дали вреди толку пари и стрес.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.958
    Ако си во образование, моја познаничка тргна на работа 2 нед по пораѓај за да задржи работа. Тоа е жалната вистина...
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    И да имаш 6 месеца стаж, ако не си пријавена на денот на пораѓајот не ти следува породилно. Ако ти завршува договорот во септември, не можеш тогаш да отвориш породилно додека сеуште си пријавена дека е прерано, а ако те одјават и после 2 месеца се породиш нема породилно. И 1 ден пред тоа да те одјават не ти следува. Значи треба да те остават на работа додека не се породиш (или барем до 28 дена пред термин за да можеш да отвориш породилно), а за враќање на работа после породилното е друга проблематика. Ако си на определено, немаш никаква гаранција. На нивна добра волја си ако сакаат пак да ти понудат работа.
     
    На tina2018 и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    11.897
    Дали може да отвори некое болување или да отиде на патолошка (ако може да се договори со доктор) пред да и заврши договорот? Додека е на боледување неможе да добие отказ нели?
    И после од боледување директно да ја отвори породилно?
     
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    Да. Ако знае дека нема да и продолжат договор, тоа е единствениот начин да земе породилно. Или сама да си се пријави некаде додека не се породи.
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Не добива отказ, договорот ѝ завршува поради истек на време, две сосема различни работи се. Отказ ќе беше ако имаше важечки договор на определено/неопределено време.
     
  17. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Не сум во образование, но слично функционира, државна институција е.
     
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Па затоа и се нервирам. Не се искрени и адвокатите, гледаат само да си најдат работа демек охрабруваат дека може да се тужи, као оптимистично се, ама не верувам многу..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    3.967
    Пол:
    Женски
    Зашто би те избркале од државно. Само да одиш на патолошка.
     
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Пак да си кажам јас, не гледам како е проблематично продолжување на договорот со оглед на тоа што фирмата/институцијата ништо не губи. Дискриминација по проток на време не го гледам како остварливо. Трето решение не знам дали има, патолошка, боледувања, јас со такви сериозни работи не би си играла, ама ти ќе си решиш. На крају краева, работа е, не е крај на светот, ќе најдеш друга.