Нема да ме избркаат, ќе ми најдат замена додека ме нема, и после веројатно нема да можам да се вратам бидејќи се уште сум на определено, немам решение добиено за неопределено. Се уште се пријавувам на огласи. А сеа ради локалните избори во цела држава ќе нема огласи, ќе не примаат на итно и неодложно тие што немаме решенија на неопределено.
Да ама многу жртвував за ова работно место, години труд за да ги исполнам потребните услови, додека работам сега исто многу нешта морав да полагам, и сеа се да изгубам... за вакво работно место војни се водат, знам барем 3 особи кои на секој оглас ми конкурираат и кога ќе слушнат за ситуацијата веднаш ќе почнат да калкулираат и врски да фаќаат..
Тоа е ризикот на државна работа, како се влегува така и се изглегува. Ти како ќе решиш така ќе правиш секако.
Па искрено тешко влегов... како ништо ќе летам од таму... Се мислев да не зимам породилно, да стегнам заби и да одам...
45 дена е задолжително отсуство, мораш да го земеш после пораѓај. После тоа може да се вратиш на работа, па маж ти да земе уште 7ипол месеца породилно.
Законот е минимум 6 месеци. Нека пише и друг ама мислам дека треба баш полни 6 месеци да е. Со 5,5 месеци, не би следувало породилно.
Нема да добиеш. И ден да ти фали од 6мес, нема да имаш породилно. Поточно имаш право на породилно отсуство и да те чека работата после 9 месеца, ама немаш право на исплата од фондот.
Ако имаш прекин во стажот само последните ќе се сметаат. Ако ти е без прекин преминот од една во друга фирма тогаш и претходните години се сметаат.
Здраво , има некои најави дека фирмата ќе се затвора, и ќе се отвара нова од истите сопственици,а вработените нема да се превземат туку ќе се примаат по пат на оглас. До сега сум немала прекин на стаж и здравствено повеќе од 8 години, но дали доколку се префрлам во новата фирма и во неа немам повеќе од 6 месеци ,ќе ме следува породилно од фондот или небитно во која фирма битно да имаш 6 месеци? И дополнително што ако фирмата се затвори додека веќе сум на породилно отсуство, дали фондот ќе ми плаќа ?
За да ти следува породилно треба да имаш 6 месеци непрекинат стаж, небитно дали во една или повеќе фирми. Значи не смее 1 ден разлика да има. Ако се затвори фирмата додека си на породилно ќе си земаш породилно 9 месеци и после ќе се водиш невработена.