1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работен однос, права на бремени жени

Дискусија во 'На работното место' започната од Snow-Queen, 26 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Додека сум на породилно, дали имам право да барам нова работа за нов работен однос.
    И доколку бидам примена дали би ми продолжило породилното до девет месеци или ке морам да стартувам на работа?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Имаш право да бараш нова работа НО, кој ќе те прими ако знае дека си бремена и дека за брзо време ќе користиш породилно отсуство. Породилното ти следува по Закон 9 месеци (без разлика дали од еден работодавач одиш кај друг тоа си продолжува) единствено можеш сама да го прекинеш порано од 9 мес. Ако го прекинуваш порано за да тргнеш на работа ти следува плата од работодавец + паричен надоместок од социјално.
     
    На Delfina15 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^прашувам во случај кога ќе сум породена.
    Зошто за работните места за кои аплицирав интервјуто ќе се одржи кога ќе сум на трудничко-веќе породена.
    Тоа ми е маката незнам како одди во тој случај.
    А ако тргнам на работа, од социјалното што земам?
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Сноу, убаво ти кажа погоре, кој рабододавател би сакал да те чека додека ти заврши породилното?

    Мое мислење е да си го искористиш породилното боледување, гледај си го бебенцето, а веќе на крајот започни да бараш работа, може тогаш ќе ти излези нешто и поубаво.

    Една другарка вака бараше како тебе и ја притегнаа да почни на работа, па бебето со 1 месец го остави дома со свекрвата. А, не е дека немаа пари. Несфатливо ми е да оставиш толку мало бебе дома. Незаменливи се тие месеци кои ти ќе ги поминеш со него.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Незнам кој работодавец би се сложил да те прими на раб. откако ќе ти заврши породилното?!?! Можеби ќе се сложи некој, незнам, ама не верувам. Како и да е, и да одиш на интервју ќе мораш да кажеш дека си на породилно кое ќе ти трае до....Ако тргнеш на раб. и го прекинеш породилното ти следува 50% надоместок од социјално (нели под услов да имаш мин. 6 мес непрекинат стаж)
     
  6. daniace

    daniace Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Jas sum bremena i vrabotena vo Sitkarski 02 dooel,prvite 4meseci bev na rabota bez nikakvi problemi,no podocna mi se pojavija problemi so asmata i dobiv krvarenje od koe bev prinudena da sedam na boleduvanje.Vo firmata bev vravotena na neopredeleno vreme i koga otidov da i go odnesam boleduvanjeto od lekarska komisija,nadleznite vo firmata mi rekoa deka na niv i treba rabotnik i da go prekinam boleduvanjeto i da trgnam na rabota,no jas bidejki ne mozev da trgnam na rabota tie bez da me izvestat me odjavile vo centarot za vrabotuvanje.Vo zakonot za rabotni odnosi pisuva deka rabotodavacot ne smee da go prekine dogovorot za vrabotuvanje za vreme na bremenost,raganje i roditelstvo.Ve molam kazete mi dali ova vazi za site dogovori koi se skluceni ili samo za dogovorite na neopredeleno vreme bidejki vo zakonot nikade ne pisuva za kakov vid na dogovori sluzi zastitata na bremena zena.Vo mojot slucaj dogovorot e na opredeleno vreme i dodeka sum seuste na boleduvanje mi go prekinuvat na 03.01.2014 zaklucno so 31.12.2013.Trudovata inspekcija vo Sveti Nikole mi veli deka rabotodavecot ima pravo da mi go otkaze dogovorot zatoa sto e na opredeleno vreme,boleduvanjeto mi e zapocnato uste pred da mi istece dogovorot.Ve molam kazete mi koj e vo pravo .Odnapred vi blagodaram
     
  7. daniace

    daniace Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
     
  8. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Мамички како ми сте јас сум добро по малку нервозно како што ми се ближи терминот за трудничко,се повеќе местенки ми прават на работа шефиците за да се нервирам и да се скарам изгледа сакаат за да си одам,не сфаќам зошто,овие нерви ми ги прават кога фондот го покрива трудничкото сакав да ве прашам да не знае некој како сме заштитени ние трудниците? и кои се нашите права да си бидам спремна на се,незнаете колку ми е тешко нервозно ќе си пукнам 3 години во оваа фирма работам,за на крај да ме третираат вака како идиот ама морам да ќутам и да истрпам ради трудничкото инаку ќе им го покажев патот и ради бебушко...... само во оваа наша држава можат да се изживуваат со трудници никаде на друго место... ве поздравувам сите и којзнае нешто нека кажува секоја информација ми значи
     
    На Staredad му/ѝ се допаѓа ова.
  9. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    http://www.pravdiko.mk/koi-se-vashite-p ... bremenost/
    Повели, мислам дека ќе ти биде од корист
     
  10. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787
    Труднички муабети

    Ако си на договор на определено можат слободно да те избркаат како што ми направија и мене во 5ти месец и јас бев 2.5 години во таа фирма, а ако си на неопределено тогаш не се плаши ништо не ти можат и да те избркаат можеш да ги тужиш и да добиеш
     
    На Staredad му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kacunka86

    Kacunka86 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai: дали може некој да ми помогне.. Само што дознав дека сум бремена после недела-две имав компликации и матичната ми даде боледување од 15 дена,после тоа уште 30 дена од комисија,иии газдата на работа сега ми прави проблем,сака да ме извади од работа... Бев на разговор и ми рече штом ми заврши боледуванјето ке ме одјави..Сега што да правам како да правам за да не го изгубам породилното.. Дали има некој што бил во слична ситуација,или знае што да правам ? Каде да се обратам,ми рекоа да го тужам ама јас мислев некако на друг начин дали може?
     
  12. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Мила, јас колку што знам вашата фирма и веро се во тесна трка по број на трудници :) и имаат големо искуство. Искрено не ми се верува дека не го знаат законот и дека ке си дозволат таква зафрканција освен ако не си на договор на определено, затоа што на неопределено не ти можат ништо, барем за време на породилното, а после дали ке те вратат на работа никој неможе да ти гарантира. Мое мислење е дека сепак треба да седнеш и отворено да поразговараш со тие што се на повисока функција од шефчињата, ако ништо друго барем психички да се смириш и да не го вознемируваш фудбалерот :)
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Прво, основно и ЕДИНСТВЕНО - Бремена жена никој не смее да отпушти! Новиот закон не дозволува дури ни бремените кои се на договор, не на неопределено, да не им се продолжува договорот за вработување. Имај го ова на ум цело време, и ич да не бериш гајле.
    Мој совет ти е: Бидејќи газдава јак се заканува со одјавување на бремена жена, да го оставиш да го направи тоа (пази! БЕЗ твоја согласност, никако спогодба потпишување, тој нека ти даде отказ и одјави) и да го тужиш за сите пари. Нема судија што нема да пресуди во твоја корист, зошто тоа ќе е невиден преседан!

    Мајки, жени, девојки.....за вакви и слични работи се консултираат адвокати ВЕДНАШ! Тоа им е работа, тоа го знаат, за тоа пари земаат, ама верувајте дека вреди секој денар за секој издржан совет, зошто може да ве спасат од многу маки и нервози.
    Ова што ти го кажав погоре за твојот случај, ќе ти го каже и било кој адвокат. Многу е важно пред да донесете некаква одлука, пред да се согласите на нешто или ДА ПОТПИШЕТЕ БИЛО КАКОВ ДОКУМЕНТ, да се консултирате со стручно лице - само тогаш ќе сте сигурни дека сте го направиле правиот чекор. Нека не ве плашат муабетите и заканите на јаките газди и шефови, никој не смее да гибне бремена жена!

    Ако треба уште нешто - тука сум. Не сум правник, ама поминав многу последниве 2.5 години....
     
    На JuLleE, okcenzi, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Kacunka86

    Kacunka86 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Фала многу Моира,ке видам што ке правам ама не сакам да останам ем без работа ем безтрудничко...А и не е за простување тоа што ми го направи газдава..
     
  15. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    Срамота, брука, македонче се напраил `газ(да)` на гранапче и сеа не ебава жива сила...Има да остава мајки со бебиња на улица пошо е газда, македонче голем јебен фактор. Брука... На човек му доаѓа да поврати. А власт фура фамилија со три деци и јаче, делат пара за моронски песни. Кој им дал држава бре...
     
    На MarchelineAmaru и okcenzi им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ние ги гласаме тоа е тоа
    Затоа кога идат избори мена што да им одиме на митинзи, туку јасно и гласно ( без разлика која партија) да се викне дека трудниците се дискриминирани, ако не, нема гласање па нека се брцнат во шупак. Ама да е само тоа, него кај се градинкиве?
     
  17. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Сте слушнале за некоја комисија за дискриминација? СЕ вртеа реклами по ТВ. Побарајте на гугл, може и они можат да помогнат во вакви ситуации
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Информирајте си се навреме, сега бремените жени се позаштитени од било кога.

    Законот за работните односи предвидува посебна заштита на бремените жени, доилки, мајки и родители. Паралелно со тоа, кандидатките за вработување и работничките уживаат посебни права токму поради нивната состојба и својство како бремени жени, мајки и родители. Наспроти нивните права, законодавецот предвидел обврски за работодавецот кон оваа група на работнички при објавувањето на слободни работни места, засновањето и реализирањето на работниот однос.
    Бремена жена и мајка - кандидатка за вработување
    Работодавачот смее да бара од кандидатката за вработување, која е бремена жена или мајка да приложи само докази со кои се потврдува дека таа ги исполнува бараните услови за вршењето на работа на соодветното работно мести. При склучување на договорот за вработување, работодавачот нема право да бара од кандидатката за вработување податоци за семејниот, брачниот статус и планирање на семејството. Исто така, без разлика на видот на работното место за кој се заснова работниот однос, работодавачот не смее да побара од кандидатката да достави докази и исправи коишто не се во непосредна врска со работниот однос, како на пример тест за бременост или потврда за таков тест.

    При склучувањето на договорот за вработување, работодавачот е должен да им укаже на бремените жени и мајки за природата на работата, видот на задачи што ќе ги извршуваат и средината во која ќе се обавува работата. Бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат мораат да бидат информирани од работодавачот за опасностите кои произлегуваат од онаа работа која носи значителен ризик по здравјето на мајката и детето, а таквите ризици се предвидени согласно прописите од областа на безбедност и здравје при работа.

    Обезбедување на безбедни услови за работа
    Законот за работните односи и Законот за безбедност и здравје при работа се основните закони со кои се утврдуваат обврските на работодавачот во однос на обезбедувањето на безбедни услови за работа за бремените жени, за работничка која неодамна родила или дои, но и за идните бремени работнички. Обезбедувањето на безбедни услови за работа од работодавците е дел од посебната заштита која ја уживаат работниците поради бременост и родителство.

    За време на бременост и уште една година по породувањето, работничката не смее да врши работи, ако тие со зголемена опасност влијаат на нејзиното здравје или здравјето на детето. Овие работи, ги пропишува Министерот за труд и социјална политика, во согласност со Министерот за здравство.

    Така, предвид „Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат“ бремени работнички не смеат да бидат изложени на штетни фактори/агенси, и тоа на: хипербарична атмосфера (комори под притисок и подводно нуркање), токсоплазма, рубеола вирус (освен доколку е докажано дека бремените работнички се заштитени на соодветен начин преку комплетна имунизација), олово и соединенија на олово, доколку тие можат да бидат апсорбирани во човечкиот организам и хемиски супстанци обележени со фразите на ризик R61 (заради тоа што можат да предизвикуваат оштетување на неродените деца) и R63 (постои можен ризик за оштетување на неродените деца).

    Согласно истиот Правилник работничките што дојат не смеат да бидат изложени на олово и соединенија на олово, доколку тие можат да бидат апсорбирани во човечкиот организам и на хемиски супстанци облежени со фразaта на ризик R64 (кои можат да предизвикаат оштетување на доенчињата).

    Исто така забрането е бремени работнички и работнички што дојат да извршуваат подземни рударски работи, да работат ноќе или прекувремено.

    По добивање на известување дека некоја работничка е бремена, во текот на различните фази на бременоста, работодавачот е во обврска да воведе повеќекратно оценување на ризиците кои можат да влијаат на бремената жена, нејзиното неродено или новородено дете. Дополнително оценување на ризикот се применува и при промена на условите за работа, опремата или машините.

    Доколку при проценката на ризик се утврди дека постои ризик за здравјето и безбедноста на бремените работнички работодавачот не смее да дозволи овие работнички да бидат изложени на долунаведените фактори/агенси:

    1. Физички штетни фактори
    - Нагли движења и неповолна положба на телото при работа
    - Патување и изложеност на општи вибрации со ниски фреквенции
    - Вибрации кои се пренесуваат директно на абдоменот
    - Бучава
    - Неповолни микроклиматски услови – високи и ниски температури
    - Јонизирачко зрачење
    - Нејонизирачко зрачење со можни ефекти врз плодот

    2. Биолошки агенси класифицирани во категориите 2, 3 и 4 од Директивата 90/679/EEЗ, доколку е познато дека таквите агенси или терапевтските мерки кои се применуваат во случај на заболувања предизвикани со тие агенси, го загрозуваат здравјето на бремената жена и на плодот и тоа:
    а) Вируси, вклучувајќи херпес вируси: цитомегаловирус, херпес симплекс и варичела зостер вирус; Б-19 паравирус; вирус на рубеола ХИВ-1 и ХИВ-2 вирус; вирус на вакцинија и на големи сипаници и др.
    б) Бактерии, како Treponema pallidum; Mycobacterium tuberculosis; Salmonella typhi; Plasmodium spp. и др.

    3. Хемиски агенси
    - Хемиските супстанци означени со фразите на ризик: R40 (ограничени податоци за канцерогени ефекти), R45 (може да предизвикаат канцер), R46 (може да предизвикаат наследни генетски оштетувања), R47 (може да предизвикаат вродени аномалии), R48 (може да предизвикаат оштетување на здравјето при продолжена експозиција), R49 (може да предизвикаат канцер при инхалација)
    - Полициклични ароматични јагленоводороди присутни во јагленовите саѓи, катранот, смолата
    - Жива и соединенија на жива
    - Јаглероден моноксид и др.

    4. Процеси на производство
    - Производство на аурамин
    - Изложеност на прашина, пареи и аеросоли кои се создаваат при печење и електро-рафинирање на бакарно-никелни соединенија
    - Силнокиселински процеси при производството на изопропил алкохол

    Бремените работнички, исто така не смеат да работат под услови на силен стрес и психички напор што може да биде штетно за плодот, тешка физичка работа и ракување со товар потежок од 5 кг.

    Ако се откријат опасности од ризикот, врз основа на стручна процена на соодветниот лекар за здравствената состојба и во зависност од природата, интензитетот и времетраењето на ризикот, работодавачот треба да воведе мерки за подобрување на здравјето и безбедноста при работа на бремената работничка, работничка која неодамна родила или дои. Работодавачот исто така е во обврска да превземе мерки за отстранување или намалување на опасноста на ризикот од неповратни ефекти, предизвикување рак, наследни генетски оштетувања, предизвикување штети на нероденото дете и на исхраната на детето.
    Забрана на вршење работа подолго од полното работно време
    Согласно важечките норми полно работно време изнесува 40 часа неделно и, по правило, работната недела трае 5 работни дена. Сепак, со закон, односно со колективен договор може да се одреди дека полно работно време трае помалку од 40 часа, при што работникот треба да работи најмалку 36 часа неделно.
    За работодавачите кои сакаат за испуштат или дискриминираат бремена жена, или не ја вработуваат поради нејзината бременост следуваат казни.
     
    На Cka и V1oletFemme им се допаѓа ова.
  19. V1oletFemme

    V1oletFemme Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Е вака, ќе го ископирам истиот пост од друга тема , после видов дека си има и за ова тема.
    Што би направиле ако работите во приватна канцеларија од 40 квадрати, без вентилација,а околу вас четворица пушачи со вкупно 12 испушени кутии за тие 8 часа работно време.Ако спомнеш дека е нездржливо за дишење прво и основно, магла е цело време внатре, го креваат носот и викаат ако ти одговара седи ако не барај си друга работа, ја не планирам да прекинам со пушење.
    А јас планирам бременост и како ќе седам у пушница. Не се лоши луѓе ок си е платата на време ама чадот не се трпи...И што ако ги пријавам кога имаат врски и нема да ги казни никој !
    Позз до сите членови нова сум :)
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ќе им кажиш дека многу ти смета и ако се точни во главата нека излегуваат надвор да пушат. Ако имате газда кој што не е со вас во канцеларија спомни му дека ем ти е лошо ем може да ви дојде инспекција ( демек се грижиш оти може да ве казнат). И на крај на краиштата ако не се разбираат пријави ги па нека ги фатат со цигарата во уста на работно место. Од кога ќе ги казнат и нив поединечно и работодавецот башка е тогаш ќе ги видиме дали ќе пушат пак.
    Некултура толку па.