Здраво. Еве и јас со мојот проблем. Работам во една фирма веќе речиси пола година, но првите три месеци бев со договор на дело. Во меѓувреме останав бремена и откако им ја соопштив вестта почнаа маките. Постојано ми наоѓа замерки, ме тера да кревам потешко, дури и некои работи кои никогаш ги немавме како дневни обврски, ми ги наметнува како да сум виновна. Често се остануваше и прекувремено, но немав проблем со тоа. Откако ме пријавија,веќе еден месец, потпишав договор на определено време од три месеци .но не ми дадоа примерок од договорот зашто тогаш не беше потпишан од директорот, а откако го побарав не ми дадоа ниту копија. Во рана бременост сум и уште сум поинтензивно по лекари, тестови, мачно ми е, па плус и ова сега. Значи накратко, проблемот е што не знам кои казни ми се наведени во договорот ако го раскинам пред време. Според вас, што е најдобро во оваа ситуација. Да останам нс кратко боледување па да чекам да заврши договорот? Може нешто да ми направат ако самата не си дадам отказ, со оглед на тоа што сум бремена?
Сакаат да си одиш сама, да не сносат последици за отказот. Оти ако тие те отпуштат, а не ти е истечен договорот, може да ги тужиш и сигурно ќе добиеш. А вака, прават се, за сама да си заминеш. Дали ти ќе сносиш некакви последици ако дадеш отказ не знам, тоа зависи што пишува во договорот.
Најверојатно. Инаку немам примерок од договорот, а кога го читав не ми остана ова во сеќавање. Патем, уште на интервју ми напоменаа дека сакаат машко, но немало пријавено па морало да одберат женско како и да е, фала на консултација
Ако си бремена не е дозволено да остануваш прекувремено освен со твоја потврда со потпис дека ти своеволно остануваш... можеш да ги пријавиш ако негде водите информација однсоно се чекирате или слично
Здраво, ми треба совет од правно лице или некој што се нашол во слична ситуација. На породилно сум и ми најавија дека фирмата во која работам ќе се затвара. Имам договор на неопределено и дали ќе ме исплаќаат од социјално или ќе ми го прекинат боледувањето? Фала многу!
Ако се одработени 152 часа прекувремено, во меѓувреме се носи потврда од лекар за бременост (и нели веќе не се работи прекувремено по закон), дали следува 13 плата за оваа година?
ако имаш одработено 152 часа прекувремено ти следува 13 плата, но под услов истите да бидат евидентирани
Здраво,ме интересира некој да имал искуство со две работни места на двете сум пријавена по 4 часа,значи имам вкупно 40 часа неделно.Е сега ме интересира дали трудничкото во просек ке ми се рачуна ?дали од фирмата само во која што сум подолго или? како го пресметуваат тоа?
да јасно тоа,но ме интересираше дали од двете места ке ми се рачуна паричниот надомест или некој просек ке се рачуна?
Од двете места, го рачуна збирот од 40 часа. Ако си на породилно отсуство ќе земаш 100 % плата односно Фзо ќе ти исплаќа цела плата исто како да работиш 40 часа без разлика што си на две места по 20 часа. Ако си на трудничко боледување ќе земаш 80% од 40 - те часа. Боледување ти е 70-80% од нето плата која ја земаш а породилно ти е 100%, нема просеци туку %
Zdravo..sakav da ve prasam dali za da se zema porodilno mora da se raboti prethodno 6 meseci kaj eden ist rabotodavac? Prasuvam zasto sum vrabotena kaj drug rabotodavac i nemam prekin vo staz,no nema da imam 6 meseci do porodilnoto na novava rabota...
негде сум читала дека бремени не треба да работат во смени ама не можам да најдам каде. За прекувремена и работа ноќе знам, ама за сменското не сум сигурна
Ima li nekoja majka koja koristela 3 meseci neplateno porodilno otsustvo? Potreben mi e pisaniot tekst, izvestuvanjeto koe ste go dostavile do rabotodavecot za koristenje na ovie 3 meseci.
Здраво мајки, јас правам 6 месеци за еден месец и се мислам да не кажувам до тогаш ништо од кога ќе направам 6 месеци ќе им кажам дека сум бремена.Мие страв да не случајно ме избркаат ради бременоста докторот ми вели дека ми следи платено отсуство зошто работата мие со луѓе во затворен простор и со ноќни смени.Ме интересира дсли може да си продолжам да си работам нормално до 9ти месец покрај тоа што е времево со корона? дали нормално си работите и вие? ме интересира некој да ми објасни.Ви благодарам