Здраво. Бремена сум 7 недела и им однесов потврда на работа во човечки ресурси дека сум бремена и нели сум ослободена од работа поради Ковид. Договорот ми е на 3 месеци и нареден месец на 7ми ми истекува. Дали можат да не ми го продолжат договорот или мораат да ми го продолжат? Ако може некој да ме информира кои ми се правата и како можам да се заштитам од непродолжување на договорот за работа?
За жал работодавачите немаат обврска да го продолжат договорот на определено. Законот ги заштитува мајките со договор на неопределено, или доколку отказот е врачен во времетраење на договорот, но не и оние мајки со договор на определено.
Луѓе, има ли некој закон каде што тридница несмее да стои долго време на нозе, пример во маркети,молови и фабрика ако негрешам сегде се стои?
Не не можеш. И плус незаконски е да работиш друго ако си на породолно. Со тоа докажуваш дека си работоспособен и нема причина да седиш дома и да земаш 70% плата а да не работиш.
Zdravo sakam da prasam na 4 saati ako ve prijavi da rabotite kolku plata od prilika ke se zima dali minimalecot ili ke se namali platata
Ако се прекине трудничко треба да земате цела плата плус 50% од фонд. Јас го прекинувам и се враќам на работа
Off so lesno a kazi mi Ti baraa nesto vo fond da odnese za da reguliraat 50% porodilno..i na rabota potvrda taka
Бев, треба барање да си пополниш за да ти дадат 50% од плата, да однесеш изјава дека сакаш да прекинеш и потврда од работа дека се враќаш.
Здраво на сите. Не знам дали ова прашање е адекватно за во оваа тема, ако не е ги молам модераторите да го преместат. Во моментот сум на тазе трудничко боледување, за некој месец треба да се вратам на старото работно место. На трудничко заминав во лоши услови поради проблеми со работодавецот во текот на целата бременост за жал, и не планирам да се вратам на старото работно место штом ми заврши боледувањето за неколку месеци. Прашањето ми е, дали доколку најдам ново работно место (карикирам месецов) можам да се префрлам на друго место, и друга фирма да ме пријави како вработена, со тоа што веднаш штом заврши трудничкото да почнам на новото место, да не се враќам воопшто? Дали можам да дадам отказ дур сум на трудничко боледување со пријава со нова фирма? Секако новата фирма би немала давачки за мене, трудничкото боледување ми го плаќа фондот. Ве молам доколку некој има познавање да ми одговори.