Работење во државна администрација

Discussion in 'На работното место' started by Trendafilka, Feb 13, 2010.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    1,818
    Likes Received:
    1,692
    Иако не ми е предизвик да дремам во канцеларија и да седам на скајп и фејсбук до 4х,сепак некогаш навистина посакувам да работам во државна администрација :worried: приватно ко приватно,газдите лечат фрустрации на тебе,работиш и тоа што не треба,мора секогаш да му се лижиш -буквално речено бидејќи ако нешто не си му по ќеф-ќе те измава :worried: а уште полошо ако е газдарица. :rofl: ..вака во државно ќе си земеш решение и свршена работа..се разбира додека не дојде нова власт :lol: имам две другарки што работат во министерства-и по цел ден се онлајн на скајп и фб,дури не се ни трудат бар офлајн да се стават...кога ќе се уклучам одма ми пишуваат за да им помине времето...кога ќе ги прашам како е на работа-секогаш одговорот им е ист-паааа ,денес малку слабо работа :lol: не денес,секој ден уствари ;) е сега,секоја чест на исклучоците,но ретко кој знае да те цени во работата и да напредуваш така...страшно време :|
     
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2010
    Messages:
    2,087
    Likes Received:
    1,649
    Исто и јас работам во државна администрација-во Општината на нашиот град.Точното работно место нема да го наведам заради анонимноста. Значи не знам зошто сите така си ја замислуваат државната работа-седење во канцеларија, пиење кафе, седење на фб, седење на скајп не велам дека има исклучоци но тие се многу ретки барем кај нас. Јас многу ретко можам да си дозволам да се уклучам на фб или на фемина-но тоа е веќе кога сум ја завршила целата моја обврска што ми е зададена за тој ден.Убавината за државната администрација е тоа што празник ти е празник, викенд ти е викенд, плата си е плата-е заради ова ја ценам најмногу. Овој месец чекам да ми дадат и решение-се надевам ќе биди, нормално не сум на партиска база примена и не сакам да ја одам во некоја приватна фирма.
     
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Joined:
    Dec 14, 2010
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    560
    искрено ти посакувам да си добиеш решение :*
    само некако не мие јасно како си вработена во ЈА а не си на партиска осново таму???? :?: :?: :^)
    јас толку пати се имам обидено да најдам работа,што тоа мие и по струка, и нема шанси мора да си партиски определена :devil: кажи во која општина си ако е таму така па да идам и јас :lol: :D
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,428
    Likes Received:
    17,801
    Gender:
    Female
    И јас работам во јавна администрација на еден вид без врска договор 2 години чекам одобрување за вработување никако да дочекам, влегов преку роднина на некој начин партиски иако не сум партиски член и мислам дека секој ден се нервирам што немам нормална работа, да работам и да уживам, повеќето се пред пензија или некои што мислат дека се одомиле во институцијата, мислат дека е нивна и дека ти немаш право да им приговараш особено зашто не си вработен и ќе ги слушаш. Тоа со кафињата е точно, пола од денот им поминува во пиење кафе паузи за цигари сите си ги одбегнуваат обврските, секој ја префрла вината на другиот и само гледа да шетка некаде. Секој секого оговара зад грб, си наштетуваат меѓу себе, никаква тимска работа. Највеќе иритира тоа што во огласите кои ги пуштаат бараат да знаеш англиски компјутери дрн дрн а да ги видиш 3/4 од вработените врска немаат ниту од работа со компјутери ниту јазик, дури не се ни доволно стручни. А невработениот го третираат како роб, сите со повисоки функции му се прават шефови. И да сакаш да работиш и да бидеш свој, да напредуваш во таква средина тешко ќе успееш. Да бев вработена барем ќе имав право на одмор, вака оставен си на милост и немилост на претпоставените. На почетокот кога влегов мислев мед и млеко тече, дека ќе ми го ценат трудот и образованието, но не е така, секој гледа да те искористи. Точно е и тоа дека се вработуваат партиски, но највеќе диктира врвот, обичен партиски член не може да влезе во државна служба. Ваква работа може да те направи само алчен и безмилосен кон другите, или на оние кои не можат да станат такви (како мене) само ќе му ги уништи нервите. Страшно, не е само во нашата земја така, така е секаде на балканов мислам. Точно е тоа дека државната работа е најдобра и јас така мислам,и покрај неподносливата работна атмосфера, кога би имала решение ќе имам и сигурна плата, сигурен одмор, празник (таквата сигурност ја посакува секој) но за да влезеш во државна администрација ти требаат дебели најчесто партиски врски, кој ќе каже поинаку, лаже :devil: . 8)
    Некој претходно спомена односно се потсмеваше што едвај чекаат да земат решение па да забременат, па тоа е сосема нормално, бидејќи ако забремениш а си на договор, веднаш ќе ти најдат замена и амин враќање. Со решение ќе може да си отидеш на боледување, породилно, да си земеш одмор.
    Тоа е реалноста за жал.
     
    lady2013 and MSkorpionka like this.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,616
    ^ Точно така, сосем точно си опишала од збор до збор.
    Значи, јас го имав истиот таков таканаречен авторски договор, еден месец ќе се смилостат и ќе пуштат 15 000 ден, наредните три месеци = нула, па после некој месец 12 500, ама значи буквално суми вадени од ракав.
    Ти може тој месец кога си земала некоја паричка си се убила од лежење, а другите додека не си земала - си се убила од работа, ма апсолутно никого не го занимаше тоа.
    Поделени на табори, исто како во Парламент, владеачка страна и опозиција, шпиончиња, подлизурковци, по цел ден само да се трачари и да се ровари низ ходници и канцеларии.
    Сум била сведок на кодошење, безмисло озборување, паузи од времетраење по неколку часа, никаква евиденција, ништо сработено на време, ништо сработено - НИКОГАШ, тотален хаос и неорганизација, сведок на пробување сукњи, чорапи, чевли и марами по канцеларии на највисоката управа, сведок на неписмени, на вработени со решение со основно образование, никаков стимул, мотивација, за ништо.

    Јас искрено сакам да ми посочите каде, во кое министерство и управа има еден млад, амбициозен , мотивиран тим каде што се работи квалитетно, а не се мисли на гага, на лапачки, на вишоци и дневници, патувања и гзолижење на шефот.

    Да, има и некоја багра, помала од петтинка која си работи, онака баш од петни жили, некои сум видела како си носат и работа дома, остануваат и прекувремено, а нивниот труд е попуст, залуден и буквално безмилосно експлоатиран за истита плата.
    Никаква награда за трудот, таквите сите ги гледаат наопаку и попреку, као демек - ама што се мачиш и се обидуваш да постигнеш нешто визионерски? Крени нозе и раце у вис и чекај да дојде 16.30 да се откуцаме.
    Па си рекле - што се правам јас будала и се'знајко тука, кога другите не пипкаат ништо потешко од пенкало... И кренале раце, нормално.

    And then becаme... HAVOC.
    :|

    И залудни се сите разубедувања на темава, со мои очи сум го гледала ова 15 месеци и доволно ми беше за цел живот.
    Кактуси.
    Државата ќе ни погние од такви, испопикани во секој механизам на држ. администрација, додека млади, интелигентни, способни и мотивирани луѓе скапуваат по дома, само затоа што не сакаат да трчкараат во име на Фирерот и да лепат плакати.
    Епа не сакаме, јбг.
    Ние завршивме факултет.

    Нека ни е наздравје.
    :@
     
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Joined:
    Sep 1, 2010
    Messages:
    953
    Likes Received:
    7,286
    Gender:
    Female
    Со моите 19 години сум немала искуство со државната администрација ама имам желба од ко ќе завршам факултет да имам шанса да работам во државен сектор, зошто е то така, епа то е така оти мајка ми со завршен економски факултет пред 25 години нема 1 скапам ден рабоно искуство од струката нејзина, сите знајме оти е тоа така, тоа е така оти како шо треба сега да си партиски војник и тогаш требаше да имаш врски за да си се вработиш на убо место кај шо ќе си работиш по струката, а не мајками со диплома да оди онде секој ден да рмба и над гла некој скапан грк да му се дери, ќе речи некој оти оди , епа оди оти дома има два студенти. Така да поарно би работела во државна администрација ама барем знам дека работам нешто за шо сум учела, од колку да работам кај некој приватник кој ќе ми се дери цел ден.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,616
    Их, а во државна администрација па сите што се по една струка вработени, леле мајко.
    пример бр. 1. Историја со архивистика - вработен во сметководство, т.е. сектор финансии.
    Милион правници, професори по географија, историја, физичко - во мин. за внатрешни.
    И во секое е така - луѓе кои немаат абер со тоа, се пикнале и си работат.
    И мал милион со средно образование.
    И по неколку со основно.

    Да, држи вода тоа дека тие со решение им тече редовен стаж, имаат право на одмор, на боледување, на породилно.
    Никој не го оспорува тоа.
    Дај Боже во секој сектор да е така.

    Но, мене ме боли тоа што ова се злоупотребува.
    Не си болен - ама оп - земала боледување.
    Причина - па ја мрзи драги луѓе да работи.

    Одвај чекаат да се пикнат и - готово - тука не одговарам пред никого, па јас имам решение - не знаевте, ајде нозе во вис, кафето, цигарчето и уживај, државно е бате.
    Епа не е.
    Работи си квалитетно, заработи си ја платата.
    Направи нешто со себе кога веќе ги имаш тие привилегии, не туку злоупотребувај уште толку.

    И сите по секоја цена сакаат да се пикнат таму - не за да работат, туку - за да одморат.
    Да се легачат.
    А да им тече стаж и сите бенефиции и на секој 5ти плата.
    Па кој не го сака тоа?
    Само дај не лажете дека не е тоа причината...

    Работа по струка, дај ве молам не трескајте глупости.
    Убаво си кажа(колку што разбрав од овој полу-писмен пост над мојов, затоа што граматички и лексички ме ужаснува) - некој грк и се дере на твојата мајка.
    Со сето должно почитување, женичката не ја познавам, можеби е одличен работник, ама тоа е вистината - работодавецот треба да е строг и треба да се следат правила.
    Местото за грешки е минимално.
    Некои се крвопии и фрустрирани луѓе, не викам не, ама има шефови кои се принципиелни и си бараат одлични квалитети кај вработениот. За трудот - ќе бидеш награден.
    А нам тоа не ни одговара. Ние недај боже да закасниме 15 минутки на работа, никој не гледа на тоа како злостор.
    Де бе, 15 минути, па кај гори?
    Епа гори, со такви навики, нема успех и нема држава.

    Нам не ни одговараат правила и работна навика.
    Ние сакаме да си легачиме, ни одговара ХАОС и башибузок.
    Затоа и СИТЕ сакаат да се пикнаат во држ. администрација.
     
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Joined:
    Aug 12, 2010
    Messages:
    1,272
    Likes Received:
    652
    Gender:
    Female
    Сакам само кратко да се надоврзам на она со породилното боледување. Золва ми е во државна администрација, се вработи партиски и две години чекаше за решение. Во меѓувреме остана трудна и работеше буквало до последен ден пред пораѓај и фала богу свекрвата со 300 врски успеа да и го земе решението за да може да користи боледување.
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,292
    Likes Received:
    57,256
    Gender:
    Female
    Леле луѓе кога бев на пракса во Општина, ме шуткаа неколку дена: дојди утре, утрето пак дојди утре... Раководителот ми рече дојди на крајот само ќе ти удрам печат и готово, не мора да доаѓаш.
    Јас му реков не, тоа ќе ми биде идна професија и сакам да доаѓам на пракса ]:)
    Виде не виде, ме пикна во една канцеларија, и типката не ми рече ни добар ден. Цел ден си гледаше Идивиди, цееел работен ден на интернет, а јас молчев ко ретардирана на тоа столчето.
    На крај се сожали еден човек и зеде ме прошета по секторите. :|
    Бев, видов, замразив. Не фала. Не си ја продавам душата за партиска книшка и гниење во мувлосани канцеларии. Не ми треба таа сигурност, а од друга страна неисполнетост со себеси. Би се мразела на такво работно место. Не знам дали спомнав погоре во темата, но еден семестар бев на пракса во друга институција во Скопје, и одлично функционираше тимот. Млади луѓе вработени по струка, веднаш се гледаше разлика. Ама таквите институции се ретки, веројатно оваа беше единствена (нова беше, само 20тина вработени, па се’ уште имаше ентузијазам). Сега не знам како е и таму.
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2010
    Messages:
    2,087
    Likes Received:
    1,649
    Со врски, но не партиска основа, нормално без врски нема никакви шанси да влезеш. Но, кога можев си ги искористив врските зошто па да не :?:
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Joined:
    Nov 6, 2010
    Messages:
    703
    Likes Received:
    716
    Насловот на оваа тема веднаш ме потсетува на следново:
    - партиски војници и лижење на партиски газови
    - клатење врата и земање плата
    - шпионирање и местенки
    - фиктивни фактури
    - наместени тендери
    - непрофесионалност до максимум
    - интелигенција испод просечно ниво
    - трошење на пари од буџетот за приватни и лични интереси
    - ем шуто ем боде, т.е. ем шуто ем се курчи
    - непотизам
    - корупција
    - вработување по рамковен договор неписмени албански т.н кадри :!: , кои мавтаат во раце некоја т.н. диплома за завршено високо образование од некој квази факултет во Тетово и околината
    - арома терапија по тоалетите и ходниците

    итн.... Има уште многу, ама ова е доволно, нели? :)
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Joined:
    Dec 14, 2010
    Messages:
    1,540
    Likes Received:
    560
    е да заборавив дека постои и таква опција ;) :*
     
  13. abeajde

    abeajde Нов член

    Joined:
    Jan 21, 2011
    Messages:
    53
    Likes Received:
    16
    Ме интересира дали платата е единствената сатисфакција да се работи во таков затворен систем? Еве работите таму, дали не осеќате дека тоа е само деградирачка околина со временска рамка ( доколку се смени власта или врската ), ништо не ствараш, само седиш, некои и по нешто подработуваат.... Сеуште млади без желба за стварање на нешто свое....АХ..Тоа е најрелевантен податок зашто Македонија ќе си тапка во место, кога младината што би требало да ја носи државата во позитивна насока, да креира работни места, да биде креативна, да биде активна... ради овие партииве се задоволуваат со само едно местенце на школско столче во некоја си институција...Јазк за стратегијата на сите задњиве 20 год.
     
    Trendafilka likes this.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,937
    Likes Received:
    143,125
    Ич не е така. АМа ич.Работиш како луд. Може порано да седеле така, ама сега остануваш на работа до 8 навечер оти има многу.
    А ако сакаш да ствараш и да бидеш нешто, имаш редовно обуки за се што се работи за твојата струка. АДС организираат за сите обуки. АКо сака некој да научи има можност. Најдоброто од се е што редовна ти е платата, и можеш да се запишеш на дополнителни студии, а законот ти дава да одиш да полагаш испити ако се во работно време. Значи ако се сака, секаде се успева. Жално е што претходните генерации оставиле впечаток дека не се работи, оти и не работеле, ама сега сите тие неработници се на боледување, а младите работат како луди.
     
    OzzyAngel and al-vik like this.
  15. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    119
    Likes Received:
    32
    А мислиш во приватни фирми нема лижење на газови,само што тука се лижат на газди и шефови
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,465
    Likes Received:
    144,010
    Ми требаше службено една информација од едно министерство, многу ми беше важна. Не нешто што е државна тајна, најобична информација за една процедура. Културно се јавив, се претставив, а таа од таму ќе ме убиеше што и се јавувам неа, она друго работела, не била за тоа. Јас не можам да помислам така да се испонашам на работа, ќе летам пред да затворам слушалка, а фала богу имам и домашно воспитание.

    Последниов период доста соработувам со државна администрација, и преку глава ми е од индиферентниот однос кон се освен софри. Секоја чест на исклучоците, кои среќа колку-толку ги има.
    Да се немало никаква одговорност за ништо. И после ова не чинело, она не чинело. Е да!
     
    sonce777, Jewel, rossonerka and 3 others like this.
  17. Alondra

    Alondra Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    1,087
    Likes Received:
    2,358
    Јас работам во државна администарција и можам слободно да кажам дека не е како порано. Имаме еден куп работа и често остануваме и после работно време. Има и исклучочи, но има и такви кој седат дома и примаат плата.
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,339
    Likes Received:
    28,182
    :devil: Чекаш, чекаш, чекаш 1 саат да завршат со сите *неопходни муабет и кафиња*, ќе влезеш во канцаларија и од сите 5 вработени ниту еден не те регистрира и не се ни труди да подигне глава да види дали дошла странка а не па да те услужи...и после работеле. Да бе, работат, како не.
     
  19. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2010
    Messages:
    195
    Likes Received:
    24
    Зависи од тоа каде работиш, јас работам во Државна админ. ама глава не можам да кренам и саботи и недели одиме на работа така да зависи каде како.... и мислам дека е се построго така да нема уште многу да трае лежачката работа
     
  20. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Joined:
    Sep 1, 2010
    Messages:
    661
    Likes Received:
    160
    Секогаш постојат исклучоци, не може од неколку примери да донесеш заклучок. И јас сум во државна и да и тука има вработени кои не го знаат ни описот на работното место, а има онакви кои мора да седат да си доработат , па после дома. Кај мен лично или има премногу работа и секогаш им треба за вчера да биде готово, или цели 8 саати да седам без работа. Ама па затоа јас си чепкам низ документи и интернет за да бидам во тек - таква ми е професијата, никогаш доста знаење.